Ознака: сцената

театар

Сцената на охридскиот театар ќе засветли со новата опрема

Post Views: 6 Сцената на охридскиот театар ќе засветли со современата опрема како што се  разни видови рефлектори, ламби, пултови, филтри и соодветни кабли за напојување, звучници, засилувачи на звук, аудио-миксери, микрофони, реквизити. Покрај ова ќе има и современа сценска, светлосна и тонска опрема. Дел од опремата е веќе пристигната, информира директорот на театарот Горан Стојаноски.„ Еден дел од опремата е стигната, дигитална миксета со 2 димери и 5 зум профили рефлектори. Очекуваме уште 30 тина парчиња до крај на годинатат и дел од следната година. Со тоа би биле комплетни ...

Continue reading

Trpceski

Немој да ти заѕвони мобилен додека маестро Трпчески свири

Post Views: 2 Вчера во Кортона, Италија беше спуштена завесата на годинашното издание на фестивалот „Тосканско сонце“ што се одржа под мотото „Уметноста на живеењето“. Огромно внимание предизвика премиерата на проектот „Заведување, чад и музика: љубовната приказна на Шопен и Жорж Санд“ од Џејмс Мело, во режија на Доналд Т. Сендерс, а во чија изведба ликот на музичарот Шопен зад пијаното го интерпретираше нашиот прославен пијанист Симон Трпчески, додека човекот и љубовникот Шопен на сцената го донесе легендарниот британски актер, оскаровецот Џереми Ајронс. Интересен момент се случи...

Continue reading

kaneo fest 2014

13ти Канео фест

Post Views: 1 13ти Канео фест. Овој познат охридски фестивал на новокомпонирани македонски песни ќе се случува две вечери и тоа фолк и поп вечер, на кои, ќе настапуваат познати имиња од македонската музичка сцена. Освен натпреварувачкиот дел, на фестивалот ќе има и бројни ревијални настапи. Посетителите ќе можат да ги слушнат Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Денис Мурат, Боби Мојсоски, Климент Стојаноски, Јордан Митев, Благица Павловска, Спасен Силјановски и многу други изведувачи. „Стручното жири ќе го сочинуваат исклучиво професори по музика кои што ќе ги оценуваат...

Continue reading

рибарче

Одекнаа звуците од детскиот фестивал „Распеано Рибарче“

Post Views: 8 Се одржува 17 -тото издание на детскиот фестивал Распеано рибарче. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ е раздвижено и распеано. Децата од основните и приградските училишта уживаат во тактот на веселите детски песнички на најразлични теми. Коле Петкуќески директор на најстариот, градски детски фестивал вели дека ова е празник за децата на кој ќе се изведат 19 песни.   „Фестивалот започна од 1998 година и е 17 години најквалитетен,  детски музички производ во Охрид и пошироко. На сцената како интерпретатори, балетски групи и хор има околу 100-тина  деца...

Continue reading

Carl Cox

Carl Cox во Охрид

Post Views: 11 Број 1 диџејот, по сите критериуми за популарност, ќе настапи на Green Beach Festival во Охрид на 29-ти јули. Вечниот фаворит за светски најдобар диџеј според фановите и музичките медиуми, децениски е дел од денс сцената, од диско деновите до современите глобални клабинг движења. Долгогодишното опстојување на сцената има видливо влијаније во неговите микс вештини и во неговиот музички избор преку битбрејк, хаус, и  денс мејнстрим за време на неговите хард техно сетови. Green Beach Festival, во организација на Octopussy Entertainment и Password Production, после минатогодишното...

Continue reading

По 22 години проговори за култната сцена

Post Views: 7 Американската актерка, Шерон Стоун, прв пат по 22 години проговори за култната сцена од филмот “Ниски страсти” кој од неа направи планетарна ѕвезда. “Бев обична американска актерка кога стигнав на Канскиот фестивал, а од Кан заминав како светска ѕвезда”, признава денес холивудската убавица. Во интервјуто кое оваа недела го дала за францускиот неделник “Tele Cable Sat”, педесетгодишната актерка тврди дека за време на снимањето не знаела дека сцената на испрашување во полициската станица ќе стане толку еротска. “Пол Верховен (режисерот) ме прејде”, рекла Шерон. “Тој бараше...

Continue reading

антички

Античкиот театар и сцената кај Долни Сарај ќе бидат покриени со монтажен кров

Post Views: 32 Античкиот театар и сцената кај Долни Сарај ќе добијат монтажен кров. Овие две отворени сцени кои се многу значајни за два реномирани фестивали, а тоа се Охридско лето и Балкански фестивал на ваков начин ќе станат многу пофункционални, вели Елизабета Јанкуловска, директорката на Националната установа, Фестивалот Охридско лето. Таа објаснува дека монтажниот кров е многу практичен од повеќе аспекти. Пред се тој може да се поставува и вади кога е потребно, не го нарушува видикот и автентичноста на просторот. Оваа идеа тлее од поодамна но по се изгледа ова лето ќе се реализира,...

Continue reading

anticki

Ќе добие ли „Oхридско лето“ затворена сцена?

Post Views: 9 Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, проговори и за намерите на Министерството, во врска решавањето на најголемиот проблем со кој се среќава „Охридско лето“, односно немањето на затворена сцена достојна на реномето на фестивалот. „Разговаравме за два проекти, се надевам дека институцијата има конкурирано и изработено. Тоа се работеше за „Долни Сарај“ и за Антички театар, за покривање само на оној дел, монтажен на сцената. Не да се покрие целиот, тоа е значајно културно наследство, туку како секаде во светот што има, само за сцената, тој дел е...

Continue reading

gerdan

Конечно, отворена музичка сцена

Post Views: 1 Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот...

Continue reading

Ohridsko leto

Со „Трилогија Романа“ ќе биде отворено 51 издание на Охридско лето

Post Views: 2 Со мултимедијалниот спектакл  „Трилогија Романа“ од Оторино Респиги, најавуван како вистински спектакл без ниту еден актер на сцена, со невидени светлечки ефекти и сценографија пропратени со музиката која ќе ја изведува оркестарот на Македонската филхармонија утревечер ќе се отвори  51 издание на фестивалот „Охридско лето“. „Ако за некоја институција може да се каже дека е прозорец на сцетот и прозорец кон светот тогаш тоа е фестивалот Охридско лето. Годинава за фестивалот подготвивме нови програмски изненадувања достојни за реномето на охридско лето. Концепот на годинешниов...

Continue reading

Balkanski festival

Со „Тешкото“ ќе започне јубилејното издание на Балканскиот фестивал

Post Views: 24 Со звуците на зурлата и тапанот и играта на  популарното  македонско  оро „Тешкото“ од  професионалниот ансамбл „Танец“, на сцената на Долни Сарај ќе отпочне јубилејното издание на Балканскиот фестивал за народни песни и игри. Годинава се одбележуваат 5 децении  постоење на летно, фолклорно пулсирање на градот, со ансамбли од светот. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата содржина на годинешниот фолклорен  фестивал. На  фетсивалот ќе учествуваат четири професионални ансамбли од соседството, Коло од Србија, Филип Кутев од Бугарија, Шота од Косово...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top