Ознака: субвенции

pceli

Ќе се регулира поставувањето на пчелни сандаци во шумите

Post Views: 2 Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски, при неодамнешната посета на Охрид зборуваше за поддршката на Владата што им ја пружа на македонските пчелари. Воедно тој најави дека следуваат измени на законот за шуми, поточно овозможување да се поставуваат пчелни семејства во шумските подрачја, што досега не беше случај. „Мислам имаше еден донерегулиран простор каде што на шумските подрачја не можеше да се постават пчелни семејства. Сега со измена на законот за шуми и тоа ќе го воспоставиме, да ставиме ред точно кој се процедурите и на...

Continue reading

sednica sovet

Субвенционирани комунални давачки за ранливите категории?

Post Views: 15 Дали општината ќе ги субвенционира комуналните давачки за ранливите категории? Ова прашање уште на минатата седница на Советот на општина Охрид беше покренато како иницијатива од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а веќе утре може да биде и конкретно реализирана. Општината оваа предлог одлука ја стави на дневниот ред на утрешната седница, а доколку е комплетна, од советничката група на ДПМНЕ велат дека ќе ја подржат. „Поведени бевме од таа иницијатива пред се како одговор на одлуките на мнозинството на Советот и на Управните одбори на јавните претпријатија...

Continue reading

biljana socijalno

Ќе има, субвенции за струја

Post Views: 9 Субвенциите за струја доцнат и нередовно се исплатуваат. Оваа забелешка ни ја посочија дел од охридските социјалци. Тие прашуваат каде заглавила владината помош од 600 денари за покривање на трошоците за струја која на нив им следува и дали има селективен однос од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, кога се работи за исплата на истите. Оваа субвенција кај некои од корисниците доцнела повеќе месеци, па оттука расте и нивниот револт. Билјана Наумоска од Центарот за социјални работи Охрид, тврди дека редовно секој месец се врши исплата на субвенцијата...

Continue reading

pcelari

Зголемени субвенции за одгледувачите на пчели

Post Views: 10 Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед. „Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени...

Continue reading

Ohrid

Субвенциите за in coming туризмот привлечни за странските агенции

Post Views: 0 Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле  од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од...

Continue reading

subvencii

Охридските субјекти незаинтресирани за субвенции на туризмот

Post Views: 2 Само две апликации од Охрид стасале на адреса на Министерството за економија на повикот за субвенионирање на бизнис форуми и манифестации од областа на туризмот. Со 1.000.000 денари ресорното министерство ќе ги поддржува манифестациите кои се значајни за потикнување и развој на туризмот. Право на поднесување на предлози и програми за активностите и бизнис план  за субвенционирање имаа правните лица, владините и невладините организции од областа на туристичкото стопанство објаснуваат од ресорното министерство.   Од друга страна двете апликации покажуваат дека интересот...

Continue reading

Donco Taneski

24 мил. денари за субвенционирање на туризмот

Post Views: 5 Владата на Р. Македонија за прв пат годинава ќе ги субвенцинира туроператорите кои носат странски туристи, истакна министерот за економија Фатмир Бесими. Хотелиерите бараат од министерот да бидат вклучени во изготвувањето на елаборат за признавање на туризмот како извозна гранка. Хотелската асоцијација на Македонија бара од Министерството за економија заеднички да изготват Елаборат за признавање на туризмот за извозна гранка. На оваа тема разговараа претставници на хотелиерите и министерот за економија, Фатмир Бесими. Доколку се изготви таков елаборат тоа  ќе значи огромно...

Continue reading

turisti

Ќе стартува долго најавуваната субвенција на авио превозот

Post Views: 1 Повеќе странски гости на охридската ривиера во престојната туристичка сезона е заложбата на локалната самоуправа. Градоначалникот Александар Петрески во таа насока, деновиве, оствари средба со преставници од Хрватската „Croacija air lines“ за воспоставување директна авио линија на релација Охрид-Загреб, два пати во неделата. Локалната самоуправа би го субвенцинирала овој авио лет појаснува Петрески. Градоначалникот очекува кон нивната иницијатива за повеќе госѕи и заживување на охридскиот аеродром да се приклучат општина Струга и државата. Стрезоски, исто така  информира...

Continue reading

лого

Охридските земјоделци заинтересирани за субвенции

Post Views: 1 Над 1000 охридски земјоделци покажале интерес за одгледување на растителни култури, живина и добиток кој  финасиски ги  подржува  државата. Бројот на заинтерсираните земјоделци постојано се зголемува вели раководителот на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството, Билјана Ѓорческа.Засега, охридските земјоделци се најзаинтерсирани за  одгледување на грозје за кое добиваат по 2,5 денари за секој  предаден килограм  во охридската винарија. Интерес има кај сточарите  за одгледување телиња по вештачки пат, а и за продадено кравјо млеко во млекара.  Од годинава...

Continue reading

tabla

Субвенции и за малите и големите земјоделци

Post Views: 9 Христафил Блажески од село Ливоишта е земјоделец, кој на сопствените обработливи  површини одгледува  пченица, рж, јачмен и пченка. Овој земјоделец по втор пат се пријавува во агенцијата за подршка на земјоделството за добивање неповратни, државни пари  за неговото земјоделско производство. Во агенцијата за подршка на земјоделството  за само 7 дена, од кога почна да тече доставување на документи за субвенционирање на есенските посеви, околу 100-тина земјоделци имаат доставено пријави. Лани неповратни средства од државата искористиле 900 земјоделци, а годинава се очекува...

Continue reading

fidanka

Земјоделците ги добија годинешните субвенции

Post Views: 1 Земјоделците  годинава  задоволно ги тријат рацете, државата не ги заборави. Тие ги добија парите предвидени од  Програмата за финансиска подршка. Средствата се исплатени  во неколку  фази за пооделни ставки. Од подрачната единица на ресорното министерство велат дека исплатата течела според планот. Единствен проблем со кој се соочувале земјоделците бил технички. Станува збор за неактивирани транскациони сметкис. Околу 800  земјоделци кои поденеле во подрачното министерство барање за субвенционирање на производството добиле парична подршка. 25 одгледувачи на добиток...

Continue reading

Субвенции за зголемување на бројот на гости-предлог на туристичките работници

Post Views: 4 Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава. Доколку предлогот се усвои од страна на владата, тоа ќе значи дека финансиски би се помагале субјектите кои ќе ги донесат странските гости. Се надеваат дека субвенционирањето на туризмот ќе профункционира на почетокот од идната година. Со воведување на механизми за субвенционирање на туризмот во голема мера ќе се придонесе за зголемување на бројот на странски гости во земјава- е заклучокот од вчера одржаната трибина од страна на ДОМ. На неа учествуваа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top