Ознака: струшки

села

Можностсо грант неколку струшки села да изградат водовдна и фекална канализација

Post Views: 5 Можност со грант неколку струшки села да изградат  водовдна и фекална канализација Зелено светло дадоа струшките советници за аплицирање до  грант во висина од околу 500 илјади евра за изградба на водоводна и фекална канализација во неколку села. Корошишта, Ливада, Ложани и останатите села од регионот конечно добиваат можност да го решат горливиот проблем со вода за пиење и со одведување на отпадните води. Околу 15000 жителите со овој грант ќе имаат голема комунална продобивка, напоменува претседателот на струшкиот совет Абдула Ќазимоски. „Сигруно ќе биде подобро .Ќе...

Continue reading

Прилепчанка измамила струшки хотел и 52 туристи

Post Views: 0 Прилепчанка со измама резервирала престој за 52 лица во струшкиот хотел „Бисер“. При потпишувањето на договорот, пријавената М.В. лажно претставувајќи се дека е претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија, на менаџерот на хотелот му приложила исправа со невистинита содржина односно тековна состојба на Конфедерацијата од фебруари оваа година. „Со цел да прибави против-правна имотна корист, пријавената, на осми јули оваа година, во хотелот „Бисер“-Струга, на одговорниот менаџер му се претставила како претседател на Конфедерацијата...

Continue reading

bd

Заврши 54-та поетска манифестација Струшки вечери на поезијатаЗаврши 54 поетска манифестација Струшки вечери на поезијата

Post Views: 3 Со доделување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“  заврши  54. издание на Струшките вечери на поезијата. Наградите беа врачени на поетската интернационална средба „Мостови“. Струга во изминативе деновиве беше престолнина на поезијата.  Признанието „Златен венец“,филигрански изработен ловоров венец,  доби кинескиот поет Беи Дао, кој е 50-ти јубилеен добитник на ова високо поетско признание. Наградата  му ја додели претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски. Наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска книга на млад...

Continue reading

Нормализиран животот во неколку струшки села по синоќешното невреме

Post Views: 7 Жителите од неколку струшки села останаа без струја и вода за пиење откако громови  удриле на неколку трафостаници. Во  мрак и без водосбабдување останаа  жителите на селата  Шум, Горна Белица, Вишни. До денес  напладне,  состојбата беше нормалзирана со напојување на електрична струја и вода за пиење, соопштува Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН. Ковачески посочува дека невремето траело до раните утрински часови,а на струшкото  небо имало големо електрично прзнење кое  предизвикало проблеми со снабдувањето на електрична енергија , проблеми во трафостаниците,  скинати...

Continue reading

лого

Премиера на документарецот посветен на Хосе Емилио Пачеко

Post Views: 2   НУМ „Струшки вечери на поезијата” – Струга и Македонската телевизија имаат особена чест и задоволство да Ве поканат на премиерата на документарниот филм посветен на мексиканскиот поет Хосе ЕмилиоПачеко, добитник на наградата „Златен венец“ во 2013 година. Филмот е работен по сценариото на Диме Ратајкоски, а е во продукција на Македонската телевизија. {loadposition content9}

Continue reading

struski sovetnici

Верификувани мандатите на новите советници во Струга

Post Views: 2 27 советници денес ги добија сертификатите за нивниот мандат во струшкиот совет. На кратката средба која се одржа денес во салата за седници, уверенијата на идните советници им ги врачи претседателот на Општинската изборба комисија Џенгис Хани.  „Со сите наши напори, ќе настојуваме предизборните ветувања  да ги реализираме во дела“, рече д-р Мустафа Забзун, советникот на ДПА, во новиот струшки Совет. „Драго ми е што сум член на Советот на општина Струга, затоа што Струга е еден од најубавите градови во Македонија. Ние ќе вложиме дополнителни напори ова реноме што го...

Continue reading

Вечерва започнува 60-то издание на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“

Post Views: 0 60-то издание на „Струшки вечери на поезијата“  ќе започне со изложбата 60 години „Струшки вечери на поезијата“ која ќе биде претставена на летната сцена при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“  во 18:00 часот вечерва. Официјалното отворање ќе биде на летната тераса при хотел „Дрим“ со почеток во 20:30 минути, каде и всушност истата вечер ќе се одржи меѓународното поетско читање. Во петок на 27.08.2021 програмата ќе започне во 10:00ч со презентација на портретот на Ива Дамјановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2020 година. Потоа во текот на денот...

Continue reading

Jubilej Strushki veceri na poezijata

Јубилеј за паметење

Post Views: 1 Струга, еден од највоспеаните градови во светската литература во Македонија, е прагот низ кој поминале илјадници поети, кои на илјадници јазици ги испеале своите поеми. Со музичката изведба на антологиската поема Т’га за југ, од страна на тенорот Благој Нацески и палењето на фестивалскиот оган, синоќа беше означен почетокот на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. На свеченото отворање на манифестацијата кои се случи на Мостот на поезијата,  беа прочитани и стихови од досегашни добитници на Златниот венец на поезијата како и од годинешниот...

Continue reading

SVP

Јубилејното издание на СВП ќе се одбележи со бројни содржини

Post Views: 1 Подготовките за јубилејното изданиe на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата се во завршна фаза, информира претседателот на Управниот одбор на поетската манифестација, Славе Ѓорго Димоски. Најголемата и најважната поетска манифестација во земјава во последните години добива  нова концепција, а таков  е случајот и со овогодишното издание. Се очекува да биде промовирана поштенска јубилејна марка, издавање на луксузна Монографија на македонски и англиски  јазик, документарен филм посветен на 5-те  децении од  Струшки вечери на поезијата , како и одбележување...

Continue reading

свр

Албански граѓанин крадел покуќнина и возила по струшки села

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои 4 „тешка кражба“ и 5 „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд-Република Албанија. Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули,октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица,Велешта, Радолишта и Заграчани. А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел 2 плазма  телевизори а со кршење на стакло од излог, од продавница...

Continue reading

prvo bebe

Прво па машко

Post Views: 5 Првото бебенце кое се роди утрово сеуште нема име, се надеваме дека неговото братче и сестриче сериозно размислуваат на ова прашање. Инаку годинава мајката и бебето не ги посети ни еден од двајцата градоначалници. Градоначалникот Александар Петрески вели дека без оглед на фактот што првото бебенце е од Охрид, сепак не е во ред тој да ги посети на Струшки терен. Вели дека се што го следува ова бебенце од локланата самоуправа нахнадно ќе му биде врачено во неговиот дом. Најави дека  тој лично ќе ги посети најверојатно за големиот христијански празник Божиќ.Што се однесува...

Continue reading

dom za stari parcela

Струшки АД „Илинден“ ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица

Post Views: 24 Градежната компанија АД „Илинден“ од Струга ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица. Оваа струшка компанија беше единствен понудувач на денешната електронска аукција на која се продаде градежната парцела за изградата на домот за стари лица. Почетната цена на парцелата изнесуваше 1393 денари за метар квадратен, а последната достигната цена изнесуваше 1532 денари за метар квадратен. АД „Илинден“ за оттуѓување на градежната парцела во вкупна површина од 8425 метри квадратни ќе плати вкупно 12 милиони 907 илјади и 100 денари.   Домот за стари лица кој ќе биде изграден...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top