Ознака: струшки

ikona

Не запираат кражбите по струшките цркви

Post Views: 1 Овој пат провалена црквата Св. Никола во Вевчани. Украдени се вредни предмети од верскиот објект. Уште една провалена црква во струшко. Иако неодамна се одржа состанок во кој беа вклучени сите инволвирани страни, за да се зголеми безбедноста на верските објекти, сепак очигледно ниту тоа не помогна да се заштити црквата „Св.Никола“ во Вевчани. Викендов засега непознати сторители извршиле кривично дело „Тешка кражба“ во тој  верскиот објект кој се наоѓа речиси во центарот на Вевчани. Според информациите на СВР Охрид, тоа било направено со тврд предмет,  со насилно отварање...

Continue reading

kvantashki pazar

Струшкиот „Кванташки пазар“ повторно депонија

Post Views: 4 Продавачите, отпадоци и овошје фрлаат на секаде. „Кога немаме контејнер друг избор не ни преостанува, додаваат тие. Не го чистевме пазарот бидејќи не беше во наша сопственост“, објаснува директорот на Комуналното претпријатие. Продавачите велат, ние не сме виновни, нема каде да го излагаме сметот затоа приморани сме отпадоците да ги оставаме на кванташкиот пазар. Секоја година, се случува истата состојба и повторно  надлежните не мрдаат со прст, велат продавачите. Од Јавното претпријатие „Комунално“објаснуваат дека имаат издржана причина поради која „Кванташки“  пазар...

Continue reading

Реакција на струшкиот огранок на ДПА

Post Views: 1 По повод неодамнешната изјава на заменик министерот за образование Линдита Ќазими дека во Струга има доволен простор за сите ученици, членството на оваа партија упати низа обвинување кон министерството за образование и комплетно до актуелната влада. Албанските ученици не се примитивци. Апсурд е во 21 век, во една паралелка да учат 40 ученици. Ова се дел од обвинувањата на ДПА од Струга по повод неодамнешната изјава на заменик министерот за образование Линдита Ќазими дадена за весникот „Коха“. На денешниот прес во целост беше цитирана изјавата на Ќазими во која стои:...

Continue reading

apteka

Контрола на охридските и струшките аптеки

Post Views: 0 Аптеките во охридско-струшкот регион повторно под засилена контрола од страна на инспекторите од Бирото за лекови и одделението за инспекциски надзор. Под лупа  дали се почитува Законот за лекови. Директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев е задоволен од работата на охридските аптеки.  Охрид има добро организирана фармацевтска служба и е добро снабден со медикаменти, а не се откриени сомнителни лекови вели Захариев. Сето тоа гарантира добро здравје на Охриѓани додава првиот човек на Бирото за лекови.  Охрид како туристочки центар  нема аптеки кои работат 24 часа,...

Continue reading

kajakar

Струшкиот кајакарски клуб „Црн Дрим“ згаснува

Post Views: 39 Напорни тренинзи, а ниту едно првенство. Неколкуте кајакари бараат џентламенско заминување од актуелното раководство. Струшкиот кајакарски клуб пред колапс. Освен натписот „Црн Дрим“, од кајакарскиот клуб денес  ништо не може да се види. Просторијата каде се чуваат кајаците, е целосно руинирана. Вратите на клубот, затворени. Клубот кој некогаш броеше повеќе од 60 членови, сега остана со само 10-тина. 16-годишниот Дарко Дурацоски поранешен државен првак на Македонија во кадетска конкуренција, денес може да се радува само на медалот и минатите успеси. Вели целиот негов...

Continue reading

logo

Претседателот на струшкиот огранок на СДСМ миленик на Црвенковски

Post Views: 14 Високи партиски извори информираат оти тој бил  фаворит и на Бранко Црвенкоски, кој предложил да нема друг кандидат освен него, дознава ТВМ. Александар Попоски, актуелниот претседател на општинската организација на СДСМ, најверојатно ќе добие уште еден мандат како челник на огранокот. ТВМ неофицијално дознава дека неговата позиција е загарантирана,  бидејќи зад кандидатура застанал ни повеќе ни  помалку туку самиот  Бранко Црвенкоски, првиот човек на СДСМ. Високи партиски извори не информираа дека Црвенкоски во петокот го посетил штабот на струшката организација. Еден...

Continue reading

Slave Gorgo Diomovski

Симон Трпчески ќе ги отвори Струшките вечери на поезијата

Post Views: 16 Светски афирмираниот, македонски пијанист Симон Трпчески ќе ги отвори  Струшките вечери на поезијата. Со композицијата „На Струга дуќан да имам “,светски афирмираниот , македонски пијанист Симон Трпчески ќе го   отвори 48-то  годишното издание на поетската манифестација, Струшки вечери на поезијата. Подготовките околу Манифестацијата се  при крај и досега своето учество го потврдиле 75 поети од сите континенти вели Претседателот  на Управниот одбор, Славе Ѓорго Димоски. Управниот одбор и дирекцијата на манифестацијата на две години до  јубилејот 50 години од почетоците...

Continue reading

Dzevair Bekiri

Петседател на советот на општина Струга е Џеваир Беќири

Post Views: 1  Со ваков став настапија струшките социјал демократи на денешната седница, на која се избираше претседател на совет. Илија Мацески од СДСМ пред своите колеги го предложи Момчило Аврамоски, носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Како што ТВМ веќе информираше, ВМРО ДПМНЕ деновиве интензивно преговараше со ДУИ, за да го подржат нивниот кандидат, Џеваир Беќири. Токму поради добрите согласувања Мацески е убеден дека советничката група на ДУИ не би имала против неговиот преглог, Аврамоски да биде претседател на совет. По овој предлог, Вмровците шокирани. Побараа пауза...

Continue reading

logo

Само 1 кандидат за претседател на струшкиот совет

Post Views: 0 Претседател на струшкиот совет ќе се избира во понеделник. За тогаш е закажана седницата на која меѓу другото  се очекува да се изврши и избор на првиот човек на советот. ТВМ дознава дека засега единствен кандидат за оваа функција нуди ДУИ. Нивни предлог е магистер Џеваир Беќири, универзитетски професор по математика и долгогодишен активист на ДУИ. „Прва точка на Дневен ред е избор на претседател на Совет, сигурно ќе биде кандидатот на ДУИ. Тој е наш предлог и за тоа ќе одлучат советниците“-вели Рамиз Мерко, претседател на ОО на  ДУИ. Зад кандидатот на ДУИ највероватно...

Continue reading

sank

Струшките плажи под закуп на 5 години

Post Views: 4 Се дефинираат последните подготовки до официјалното објавување на тендерот за издавање под концесија на истите. Привршуваат преговорите за издавање на струшките плажите под концесија. Градоначалникот Рамиз Мерко, со утрешната средба со министерот за екологија, ќе ги дефинира последните подготовки за објавување на долго очекуваниот тендер за издавање под закуп на струшкото крајбрежје. И по многуте препукувања годиниве  наназад, ресорните министерства и Локалната самоуправа најдоа приближни ставови околу критериумите кои треба да ги содржи тендерот. Градоначалникот информира...

Continue reading

SVP

Струшки вечери на поезијата годинава со нов лик

Post Views: 9 Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ и годинава ќе се организира на високо ниво, најавуваат од Управниот Одбор. Општина Струга ќе продолжи  и понатаму да биде дел од организацијата, велат од таму. Управниот одбор веќе има концепт како ќе се одвива целата манифестација. Славе Ѓорго Димоски, претседател на управниот одбор на СВП,  информира дека на годинешното издание на фестивалот се предвидува да учествуваат 70-тина странски поети и 50 од Македонија. Од писателите низ целиот свет поканата за  учество на реномираниот фестивал, досега ја прифатиле 50 учесници,...

Continue reading

sank

Нередие на струшките плажи

Post Views: 31 Во последниов период интензивно, нелегално се  уредува крајбрежјето. Педалинки има на секој чекор, времени објекти поставува кој што ќе стигне. Деновиве шанк се поставува на самото пристаниште, на машка плажа, реагираат од Хотел Дрим. Од таму велат, доколку дојдат гости кои сакаат Струга да ја посетат со брод нема каде да слезат, пристаништето е узурпирано. Бидејќи сега плажите се во споственост на Р. Македонија, како може државава да го дозволи ова? се прашуваат од Хотел Дрим. Бараат од Mинистерството за транспорт и врски што поскоро да објави конкурс за издавање на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top