Ознака: струшките

Каде е моралот?

Post Views: 10 Партиската книшка на ДПМНЕ е сила, таа е моќ. Вака струшките социјал демократи ја преименуваа рекламата на Груевски „Знаењето е сила-знаењето е моќ. Претседателот на ОО на СДСМ-Струга, Александар Попоски, упати сериозни обвинувања кон владеачката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, и јавно презентира конкретни примери. Според него, „ДПМНЕ спроведува свои партиски  принципи и политики. исто така ги потврди нашите укажувања дека во Р. Македонија ексклузивно право на народните пари имаат само партиските војници на ДПМНЕ, функционерите и членовите на нивните фамилии. Во...

Continue reading

sonk

Струшките наставници во штрајк

Post Views: 1   1500 членови на Синдикатот за образование, наука, и култура од Струга, Вевчани, Дебар и Жупа се во штрајк. Во штрајк се наставниците од 4 средни училишта,  18  општински училишта, и вработените во една градинка,  и двата музеи  од Струга и Дебар, информира Демирчани Реџепи, претседателот на РО на СОНК Струга. Наставнците штрајкуваат на своите работни места, а децата се во училишните клупи. „Нема притисок нити од градоначалникот нити директорите немам таква информација  и досега не сме имале и штрајк се се одвива нормално, без проблеми“, кажува Реџепи.   Наставнците...

Continue reading

hotel ambasador

Неколку семејства од струшките села ја искористиле понудата на х.Амбасадор за привремен спас од немањето струја

Post Views: 2 Неколку семејства од струшката околина кои разбрале за великодушната понуда на луѓето од хотел Амбасадор, ја искористиле можноста дел од своите тековни работи, од одржување хигиена, затоплување, па и престој во хотелот додека трае ситуацијата со немање струја и вода поради проблемите со снегот. Стефан Николоски од х.Амбасадор вели дека идејата да им помогнат на сите засегнати семејства дошла спонтано откако две семејства уште во првите денови од снежното невреме дошле во хотелот да се загреат, по што Николоски им дал налог на вработените оваа услуга да ја нудат на сите...

Continue reading

josip broz tito

Струшките училишта од денес со редовна настава

Post Views: 8 Уште во текот на вчерашниот ден, струшките основни училишта добија струја. Моментално, состојбата со прекинот со снабдувањето со електричната енергија во ОУ “Јосип Броз Тито” и “Браќа Миладиновци” во Струга како и подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда е решена. Инаку причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е акумулираниот долг на струшките основни училишта кој изнесува 5 милиони денари. Општина Струга презеде обврска да го исплати и веќе се договори со ЕВН за плаќање на рати. {loadposition content9}

Continue reading

Miodrag Pavlovic

Поетски сеќавања на Миодраг Павловиќ

Post Views: 10 НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид, во понеделник (17-ти ноември) ќе организира  сеќавање во чест на Миодраг Павловиќ, добитник на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата во 1970 година. Mиодраг Павловиќ е роден во Нови Сад. И покрај тоа што завршил медицински факултет во Белград, најголем дел од својот работен век поминал во културата. Бил директор на белградското Народно позориште и уредник во издавачката куќа „Просвета”. Член е на Српската Академија на Науки и Уметности. Творечкото дело на Павловиќ е богато и разновидно:...

Continue reading

poetska nok

Поезијата е важна за малите земји

Post Views: 1 Поетите Патрик Котер и Тања Бакиќ се дел од  учесниците на овогодинешната Поетска ноќ во Велестово.  Покрај нив, на интернационалната вечер ќе се чита поезија и од словенечката поетеса  Барбара Погачник. Тие се дел од интернационалната вечер на манифестацијата воведена пред 6 години, а која  привлекува силно внимание кај странските поети. Ирскиот поет Патрик Потер е втор пат на оваа манифестација, а за Македонија дознал повеќе од Струшките вечери на поезијата. Тоа е доказ колку поезијата може да биде силно маркетиншко оружје за да се знае повеќе за една земја. Ирска...

Continue reading

Започнуваат „Струшките вечери на поезијата“

Post Views: 8 Со традиционално читање на песната Т`га за југ, со концерт на маестро Симон Трпчевски и со меѓународното поетско читање на „Поетски мередијани“, вечерва свечено се отвораат 48те Струшки вечери на поезијата. „Изразувам јавна благодарност до поетот Томаж Шаламун, кој ја прими овогодинешната награда на СВП“, рече поеот Славе Ѓорго Димовски.„ Ова е најважната награда за мене“, изјави Шаламун.„ Стружани секогаш знаеле да направат правилна селекција на вистински поети со висок потенцијал, кои ќе се претстават на оваа престижна манифестација и кои ќе ја заслужат наградата „Златен...

Continue reading

сороптимист

Едно малку поинакво одбележување на „8-ми март“

Post Views: 9 Меѓународниот празник на жената 8-ми март, Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат на  малку поинаков начин – интелектуален. Наместо да прославуваат по ресторани, тие ќе дебатираат. Темата со која Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат интернационалниот празник 8-ми март е „Жената, книжевник“. На дебатата учество ќе земат Еди Ќела, асистент на Европски колеџ, Никола Кукунеш професор во колеџот Јахја Кемал и Мерсиха Исмајлоска, асистент на Универзитетот Св.апостол...

Continue reading

Архивата на Струшките вечери на поезијата во депото на Охридскиот архив

Post Views: 0 Архивата на една од најголемите светски манифестации на поезијата „Струшки вечери на поезијата“ ќе го краси депото на Охридскиот архив со нивни документи од 1963 – 1990 година. Како што информира директорот на охридскиот Архив, Никола Митровиќ, во нивните депоа, веќе се наоѓа и архивата на „Струшките вечери на поезијата“ за периодот од 1963- 1990 година.

Continue reading

Струшките пензионери бараат дом за стари лица

Post Views: 2 Струшките пензионери бараат достоинствен Дом за стари лица. Имаат право на користење врз  два објекти,  кои  пред две децении биле  Пензионерски  домови, за денес   да немаат ниеден. Луѓето во третото доба во регионот  се оставени сами на себе. Голем дел од нив немаат кој да ги згрижи, да им зготви, да им пазари, па и да ги подружи.    „Да обезбедиме за овој дел од популацијата мислам на пензионерите да можат остатокот од животот да го дожиевеат  на еден пристоен начин. Во тие одмаралишта присутни беа пензионери од цела Македонија , вели  Милорад Трпоски претседател...

Continue reading

Струшките пазарни инспектори направиле над илјада контроли на угостителски локали во месец февруари

Post Views: 2 Струшките инспекори од ДПИ се секојдневно на терен во две смени, а работаат и за време на викендите, информира Шпендим Иљази раководител на ПЕ. Во месец февруари, инспекторите имале полни раце работа и направиле околу 1500 контроли на угостителски објекти. При инспекцискиот надзор на струшките локали со записник се направени 145 контроли, а 1300 се визуелни контроли. Инспекторите изрекле 8 прекршочни мерки од Законот за забрана на пушење и 3 мерки за непочитување на законот за заштита на населението од заразни болести, а затекнале еден нерегистриран објект кој обавувал...

Continue reading

Struski Veceri na poezijata

Вечерва започнуваат Струшки вечери на поезијата

Post Views: 0 По 51 пат вечерва во Струга почнува реномираната светски позната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. На пресс конференцијата организирана во чест на добитникот на  златниот венец на Монгани Вали – Сероте, лауреатот, но и организаторот на оваа манифетсацијата открија детали за поезијата на годинешниот добитник на златниот венец. Сероте не го криеше задоволството што токму тој е добитник на ова високо свтски признание.  Пред да проговори за неговите дела, проговори за периодот на расна дискриминација во неговата Јужна Африка, притоа потенцирајќи дека оваа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top