Ознака: струшките

Струшките кајакари ќе веслаат за поддршка на лицата со ретки болести

Post Views: 0 Струшките кајакари, ентузијасти и поддржувачи на лицата со ретки болести, под мотото „Весламе за ретките“ во сабота на 4-ти септември по втор пат ќе ги разбрануваат водите на реката Црн Дрим и Глобочичкото езеро. Настанот е во организација и партнерство со струшкиот хотел „Боград“ и Спортскиот клуб „Соларис“, а на него се очекува да земат учество 30-тина кајакари меѓу кои и лица со ретки болести. Стартот е на плажата кај селото Враништа во 09:00 часот, а со овој несекојдневен настан се дава поддршка на наголемата заедница во светот, претставувана од 300 милиони пациенти...

Continue reading

ЛИДИЈА ДИМКОВСКА Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Post Views: 1 Познатата македонска поетеса Лидија Димковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Димковска е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Гранична состојба“ во издание на ИЛИ- ИЛИ. Жири комисијата, од пет поетски збирки во потесен круг ја одбра најдобрата која е носител на овогодинешната награда „Браќа Миладиновци. Наспроти нималку лесната задача од пристигнатите книги да се одберат пет што ќе влезат во потесен избор и за кои одлучуваа...

Continue reading

Струшките плажи во ек на сезоната само со неколку спасители

Post Views: 10 На струшкото крајбрежје, во ек на летната сезона ангажирани се само неколку спасители. Иако има концесионери, кои имаат склучено договори со општината, мал е интересот за ангажирање на спасител на плажа. Капалиштата не се ни обележани и нема поставени табли на кои согласно правилникот треба да стои дека плажата е небезбедена. Спасителите се клучни за безбедноста на капачите, но и законска обврска за концесионерите.   –Секој од нас и кога би бил некаде на одмор, но и кога би бил граѓанин на нашиот град сака да се чувствува безбедно на плажа, без разлика во кој...

Continue reading

Ана Бландиана е четвртата жена лауретат на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 3 Поетесата Ана Бландиана е четврта жена добитник на највисокото поетско признание на Струшките вечери на поезијата. Бландиана пред 15 години беше учесник на поетската манифестација со нејзината поезија, а овој пат заслужено и едногласно го доби признанието да биде годинешен лауреат, кажа Елизабета Шелева претседател на УО на Струшките вечери на поезијата. Во богатата животна биографија на Бландиана таа била симбол и икона на бунтот, отпорот, непокорот против тоталитарниот режим во некогашна Романија. Бунтовниот и критички дух кој не замолчува пред неправдата таа го задржува...

Continue reading

Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици и крајбржјето

Post Views: 5 Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици, крајбржјето, плажите и хотелските комплекси, информира Иван Клечкароски, директор на ЈП Комунално Струга. Екипите на претпријатието беа ангажирани во три смени, се работеше не само преку ден, туку и во ноќните часови. Навечер подигавме смет онаму каде што тоа не беше изводливо преку ден заради зголемената фрекфенција на сообраќај и пешаци, вели Клечкароски. Додава дека во овие денови, за разлика од зимските месеци подигаат три пати повеќе смет. Првиот човек на Комуналното ги отфрла обвинувањата дека...

Continue reading

Струшките советници од Вмро и Алијансата бараат оставка од Мерко или одговорно вршење на функцијата

Post Views: 3 Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник, бега од одговорност и од проблемите кои сам ги создаде , вели Имет Имери советник од Алијансата за Албанците после писмото со кое Мерко се обрати до Владата.Ова доаѓа по информацијата дека струшкиот градоначалник се пожалил до владата дека бил мета на закани и притисоци па се саморазвласти од надлежностите во делот на урбанизмот. Односно, ги враќа ингеренциите од општината на централната власт. За ваквата постапка советникот Имери со порака до Мерко да си замине од функцијата или машки да ги реши проблемите до крај. „ Мислам дека...

Continue reading

Нема повеќе педалинки по струшките плажи

Post Views: 0 Педалинките во Струга заминуваат во историјата. Струшките советници на последната седница едногласно ја изгласаа одлуката за забрана за издавање на педалинки долж крајбрежјето во Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, вели години наназад најголем број на давеници биле млади кои животот го загубиле користејќи педалинка и смета дека тоа мора да запре, и затоа оваа одлука ја прифатил и подржал со раширени раце. „Заради профит на неколку граѓани кои можеби и немаат и фирми за педалинки и досега немале никаква одговорност да и понатака работат со педалинки еве советот тоа право...

Continue reading

Почнаа Струшките вечери на поезијата

Post Views: 3 Денес во Струга со садење дрво и поетско читање на „Тга за југ “во чест на добитникот на „Златниот венец“, Чарлс Симиќ, почна фестивалот Струшки вечери на поезијата. На годинешново 56 то фестивалско издание ќе биде презентирано творештвото на Симиќ кој важи за еден од најзначајните современи американски и светски поети и есеисти истакна директорот на СВП Мите Стефоски. „Се работи за една исклучителна творечка појава која не само во и американската туку и во светската поезија од поодамна е познат и на нашиите простори и многу преведуван. Тој потекнува од Србија и неговата...

Continue reading

stolici kej

Струшките угостители, немаат платено надоместок

Post Views: 7 Угостителите кои летово го користеја кејот на реката Црн Дрим, немаат платен надоместок за тоа. Ова се однесува на само еден дел од сопствениците, велат комуналните инспектори. Маси и столчиња имаше речиси по целиот кеј на дримот, истите беа поставени легално,  со зелено светло од советниците, но и на таков начин требаа угостителите да си ја подмират својата обврска, истакна  инспекторт Агни Даути.  Во одлуката се предвидува на долните кејови да се плаќа надоместок од 500 денари по метар квадратен додека на горните, 360 денари. Овие средства ќе бидеме приморани насилно...

Continue reading

Струшките средношколци иако не организирано, сепак ја бојкотираа наставата

Post Views: 2 Дел се појавија, а дел не седнаа во училишните клупи. Додека родителите настојуваат да се реши проблемот, директорите на двете училишта смируваат. Се бара  решение прифатливо за сите. Средношколците од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ не попуштаат. Во прва смена, дел од учениците беа на настава додека останатите си заминаа, во знак на протест. И покрај најавите за генерален протест, сепак не се организира. Поголем дел од средношколците од втора и четврта година кои беа попладневна смена, воопшто не се појавија во училишните клупи. Цврсто стојат на ставот, додека не се...

Continue reading

Струшките борци го одбележаа 9-ти мај

Post Views: 0 На денешен ден 9-ти мај пред 72 години падна најголемото зло што се надвисна над целиот човечки род и се закануваше со неговото уништување. ПАДНА ФАШИЗМОТ КАКО СИЛА,КАКО ИДЕОЛОГИЈА.СЕ НАВРШИЈА 72 ГОДИНИ ОД ПОТПИШУВАЊЕ НА Актот за безусловна капитулација на Фашистичка Германија и завршувањето на војните операции на сојузничките сили. По силата на настаните и револуционерните движења за сопствена слобода на европскиот Континент и Македонија се најде во виорот на светската војна и тоа на страната на Анти-Хитлеровската коалиција,односно на страната на сојузничките сили. Со...

Continue reading

Во охридско-струшките стручни школи тече практичната настава по протоколи

Post Views: 3 Во охридското средно угоститеско- туристичко училиште Ванчо Питошески нормално тече он лине и практичната настава во кабинетите. 180 средношколци од ова школо следат он лине настава од 1 до 4 година во повеќе стручни занимања. Од нив 70 ученици имаат практична настава во кабинетите, информира Марјан Радески, директор на ОУТУ Ванчо Питошески. Струките келнер и готвач имаат практична настава во 1,2 и 3 година, а струките угостителски техничари во 3 и 4 година. „Бидејќи сме стручно училиште наставата ќе се следи во кабинетите со почитување на протоколите и запазување на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top