Ознака: струшките

Почна рушењето на објектите на струшките плажи

Post Views: 0 Почна рушењето на времените угостителски објекти на струшката ревиера. Вчера па и денес на една од плажите издадени под концесија на влезот во градот по стариот патен правец Струга – Охрид, почна демонтирање на објектите. Концесионерот Агим Алиу револтиран е на струшкиот градоначалник Зијадин Села, дека тоа се прави во екот на туристичката сезона, кога на плажата врие од посетители. „Иако ние имаме уверение за користење односно за вршење угостителски услуги кои не се почитувани од страна на актуелниот градоначалник и неговите инспекциски служби, не би сакал ова да се...

Continue reading

Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија

Post Views: 0 Хотели, приватни станоиздавачи од мал обем од Охрид и од Струга ги отворија своите капацитети за настраданите од соседна Албанија. Во разорниот земјотрес многу од жителите останаа без покрив над глава, бидејќи нивните домови беа срушени. Семејства од Драч и околината уште утрото по стравотниот земјотрес од 6,4 степени се упатиле кон Македонија и побарале засолниште сместувајќи се во хотели во Охрид и Струга. Хотелиерите велат дека постојано пристигнуваат резервации од Албанија, од Драч и Тирана каде тлото не мирува.За да им излезат во пресрет на жителите од соседството...

Continue reading

Лоша состојба на струшките пешачки патеки

Post Views: 4   Двете пешачки патеки во Струга горлив проблем за стружани. Едната се протега од Евро хотелот до одморалиштето на Црвениот Крст, Солферино, а другата пак од хангарите на струшкиот веслачки клуб до туристичката населба Калишта. Стружани сметаат дека локалната власт не води доволно грижа за одржување на истите. Тие посебно реагираа за онаа што води до Калишта, посочувајќи дека истата е обрасната со трева, со што, во овој период на зголемена појава на змии, претставува потенцијална опасност за рекреативците. Од Локалнхата самоуправа со оптимистички најави. И од таму се...

Continue reading

eko pateka

Нарушена границата меѓу езерото и тлото во Струга

Post Views: 1   Нарушена границата помеѓу езерото и тлото. Урбанизацијата на езерскиот брег од струшката страна на Охридското Езеро ништо не е подобра од онаа на охридскиот појас тврдат струшките екологисти. Берат Села претседателот на ЕД „Натура кажува дека поради се позачестената изградба на градежни објекти во крајбрежниот појас, на потегот од Женска плажа до Калишта, направиле траса која претставува гранична линија помеѓу езерото и тлото и според нивните укажувања истата не треба да се поминува. „Ние имавме едно такво лошо искуство ние бевме и против концесиите што ги издаде...

Continue reading

protest

И струшките средношколци кажаа „не “ за лошите реформи во образованието

Post Views: 0 Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија. „Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме...

Continue reading

Педалинките ги разбрануваа струшките „води“

Post Views: 0 Струшките советници денеска, на 24 тата седница на совет гласаа против предлог одлуката за забрана за педалинките на струшкиот брег од езерото. Општината планираше за време на летната сезона да забрани паркирање и издавање на педалинки за пловење по охридското езеро за подрачјето на општина Струга. Но мнозинството од градските избраници отценија дека таквата одлука ќе им го намали приходот на голем број семејства кои значаен дел од средствата за егзистенција ги обезбедуваат преку издавање на овие реквизити за забава на вода. Градоначалникот Рамиз Мерко, порача дека и...

Continue reading

ploca ko un

„Поезијата ја има моќта да ја направи туѓата земја како родно место“-порача годинешниот лауреат на СВП, Ко Ун

Post Views: 2 „Поезијата не познава граници и далечини. Родното место е како утопија, место за душата каде мирот целосно се реализира. Поезијата има моќ да ја направи туѓата земја како родно место.“ Со овие зборови, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поет Ко Ун ја појасни својата врска со Струга, со Миладиновци и потребата и желбата да биде дел од една од најзначајните поетски манифестации во светот. „Благодарение на топлото гостопримство од Мите Стефоски, Славе Димоски и сите соработници на Струшките вечери на поезијата и дамите и господа поети...

Continue reading

Струшките еколози испратија писмо до премиерот Заев, бараат конечно решение за дивата депонија

Post Views: 7 Еколозите и граѓанските активисти од СТРуга бараат итна средба со премиерот Зоран Заев. Тие испратиле писмо до премиерот загрижени за инертноста на иституциите во конечното решавање на проблемот со дивата депонија на влезот од градот. Тие потсетуваат дека и по една и пол година од одлуката на Владата за итно решавање на проблемот нема конкретни резултати. Глигорие Ќатоски од граѓанското движење „Доста е“ , предлага вклучување на премиерот за да се реши овој мошне сериозен еколошки проблем за Струга . „Во врска со проблемот со транспортот на отпадот до регионалната депонија...

Continue reading

gimnazii struga

Стоп за инцидентите во струшките гимназии за време на изборите

Post Views: 0 Нема да дозволиме политичките тензии на партиите во предизборието да создадат проблеми меѓу средношколците во Струга, велат првите луѓе на струшките средношколски установи. За време на изминатите изборни циклуси имаше голем број инциденти меѓу средношколците со политичка конотација, токму затоа ТВМ се обиде да дознае дали превентивно се делува и што се превзема во очи на двојните избори пролетва. Марија Коваческа директорката на „Нико Нестор“, вели дека непопуларната етикета која ја носи училиштето мора да се тргне. Додава дека за тоа ангажиран е  целиот наставен кадар...

Continue reading

sednica struga

Советот на општина Струга ја одржа 12 тата седница

Post Views: 2 Советничката говорница во салата за седници на општина Струга, денес не беше многу користена од страна на градските избраници. Дневниот ред на дванаесеттата седница со 16 точки, плус дополнително предложените 4 точки, поминаа глатко, со исклучок на предлог одлуката за работното време на струшките занаетчии која беше одложена за некоја наредна седница. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски, вели дека нема седница без да се замеша политиката, па таков бил и денешниот тек на седницата. „Во одредени ситуации бев малку разочаран, бидејќи знаете дека кога се работи...

Continue reading

зијадин села

Општина Струга ги бојкотира Струшките вечери на поезијата

Post Views: 22 Општина Струга оваа година ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата. Причината, како што вели Градоначалникот Зијадин Села е непочитување на Законот за употреба на јазиците од страна на раководството и директорот на СВП. Села барал освен на македонски и англиски оваа манифестација да биде преведувана и на албански јазик. Тоа негово барање било одбиено со едно за него нелогично објаснување, а тоа е дека манифестацијата ќе била пренесувана во живо на првиот канал на националниот сервис. Струга е мултиетничка општина каде повеќе од 60% од населението е албанско па...

Continue reading

plazi

Ачик несредени плажи на струшкото крајбрежје

Post Views: 1 На прагот од летната сезона струшките плажи кои не се издадени под концесија, се несредени. Неискосена трева, расфрлано ѓубре, недоизградени објекти, е само дел од сликата која боде очи не само на мештаните на туристичка Струга, туку и на секој посетител и гостин. Од секторот за урбанизам Ресул Хани, кажа дека проблемите во врска со плажите долж струшкото крајбрежје се наследени, но влева надеж и убедува дека сепак во интерес на градот и туристичката сезона ќе се заложат  за брзо време истите да се надминат. Инаку тој во брифинг за ТВМ потенцираше дека имаат формирано...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top