Ознака: средба

Тактизирање пред новата лидерска средба

Post Views: 7 По вчерашните средби во резиденцијата на ЕУ сите сметаат дека четирите партии потписнички на Договорот од Пржино наредниве денови ќе постигнат договор за нова лидерска средба. „Со партиите имавме средби последниве неколку недели и се надеваме дека во следните денови ќе имаме некаков напредок“, рече амбасадорот на САД Џес Бејли. И евроамбасадорот Аиво Орав изјави дека со партиите имаат близок контакт, преговорите продолжуваат и се надева дека што поскоро ќе има договор. И Бејли и Орав по средбата рекоа дека состанокот поминал во конструктивна атмосфера. На вчерашните...

Continue reading

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЕСКИШЕХИР ОД ТУРЦИЈА

Post Views: 0 Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со Казим Курт, градоначалник на Ескишехир од Турција. На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града, која би почнала со потпишување на протокол за соработка. Општина Охрид е збратимена со Јалова и Сафранболу, а протокол за соработка има потпишано со општината Газиосманпаша од Турција.

Continue reading

Средба меѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците во Охрид

Post Views: 0 Во Охрид се одржа средба помеѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, кои се коалициони партнери на овие локални избори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ имаше средби и со охриѓани, покрај онаа со Зијадин Села, претсетдателот на Алијанса за Албанците. На неколку денови пред изборите Мицкоски не го крие оптимизмот за исходот од гласањето. Јас сум убеден во голема победа предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ќе посветиме големо внимание на Охрид и охриѓани кои го заслужуваат вистинското место. Цениме дека градот е сериозно потценет. Ако очекувате поинакво...

Continue reading

Париз домаќин на средбата на врвот ЕУ-Украина

Post Views: 0 Во Париз денеска ќе се одржи средба на високо ниво ЕУ-Украина, соопшти француското претседателство. Првично беше предвидено домаќин на форумот на биде туристичкото место Евиан на брегот на езерото Леман, но до промена дојде бидејќи посетата на францускиот претседател Никола Саркози на Москва и Тбилиси продолжи повеќе од очекуваното, се наведува во соопштението. Се очекува на средбата на врвот на ЕУ да се разговара за продлабочување на врските со Украина и за перспективите за визни олеснувања за украинските државјани, кои сакаат да патуваат во земјите на Унијата. На овој...

Continue reading

lideri

Нова средба за надминување на политичката криза во Македонија

Post Views: 0 Денес во Брисел, ќе се одржи нова рунда разговори помеѓу претставници на власта и опозицијата во Македонија околу надминување на длабоката политичка криза во земјата. На средбата што ќе се одржи со посредство на еврокомесарот за проширување на унијата Јоханес Хан, учество ќе земат делегации на владејачката ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот и премиер Никола Груевски, на опозициската СДСМ  на чело со лидерот Зоран Заев, како и на ДУИ и ДПА. На средбата како што е најавено, ќе присуствуваат и амбасадорот на САД во Македонија Џес Беји и евроамбасадорот Оли Рен. Се очекува...

Continue reading

Нова средба во Брисел за решавање на политичката криза

Post Views: 1 Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), во Брисел ќе се обидат да постигнат договор со кој би се решила политичката криза во Македонија.Во Брисел се наоѓаат и амбасадорите на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав и Џес Бејли. Најавено е дека ќе се договараат принципите, а потоа и деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година. Европската Комисија веќе предупреди доколку не биде постигнат договор дека е...

Continue reading

СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА МОДРА ОД РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

Post Views: 0 Градоначалникот Константин Георгиески денеска имаше средба со градоначалникот на Модра од Република Чешка Мирослав Коварик. На средбата се разговараше за воспоставување на поблиска соработка меѓу двата града, особено во областа на културата и туризмот. Гостинот го информира градоначалникот Георгиески за реализацијата на проектот за откривање и популаризација на патот на Св. Кирил и Методиј во Моравската мисија и негова валоризација како културно- туристичко подрачје. Беше најавено дека на градоначалникот Георгиевски, како прв човек на Охрид, градот на Св. Климент и Наум,...

Continue reading

Делегација на пензионерите на работна средба со градоначалникот Георгиески

Post Views: 1 Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески,денеска оствари работна средба со делегација на трите здруженија на пензионерите на Охрид и Дебрца, старосните,трудовите и инвалидските пензионери,преставувани од претседателите Ѓорѓи Трпчески,Климент Димоски и Славко Јованоски. Тие го информираа за склучениот договор за разбирање и соработка, меѓу старосните и инвалидските, со кој се надмина 17 годишниот спор меѓу овие две здруженија.На средбата стана збор и за текот на изградбата на Домот за стари лица во населбата Далјан,како и за дамнешната идеја за бесплатен превоз...

Continue reading

liderska

Трета лидерска средба

Post Views: 2 Денеска за трет пат ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми политички партии на, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со присуство на амбасадорите на САД и ЕУ во земјава, Џес Бејли и Аиво Орав. По одржаните две средби до сега, политичките лидери немаат постигнато никаков договор за излез од политичката криза. ЕУ размислува за праќање специјален претставник во Македонија. Идејата да се испрати специјален претставник на ЕУ во Македонија стаса од лидерот на опозицијата Зоран Заев по неговото враќање од преговорите со Груевски во Стразбур. Поради безбедносните импликации по...

Continue reading

Ректорот Коруновски на средба со француски и ирски професори гости на ФТУ

Post Views: 13 Од 4 до 9 октомври 2021 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е домаќин на група професори од колеџот Жесе де Форе од Авен сур Елп Република Франција и Голвеј-Мајо, Tехнолошки институт од Република Ирска. Делегацијата од француските и ирските гости предводена од доц. д-р Климент Наумов од ФТУ, на 07.10.2021 оствари средба со ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, на којашто се разгледани можностите за унапредување на соработката во насока на промоција на гастрономијата. Трилатералната соработка меѓу високообразовните институции започната во 2017 година,...

Continue reading

liderska

Втора лидерска средба

Post Views: 1 Лидерите на четирите најголеми партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, денеска ќе ја одржат втората средба, со цел изнаоѓање решение за излез од политичката криза. И овој пат се очекува, на лидерската средба како набљудувачи да присуствуваат, амбасадорите на САД и Европската Унија, Џес Бејли и Аиво Орав. По завршувањето на првата лидерска средба, што се одржа во четвртокот, учесниците најавија дека е направен обид да се креира рамка за разговори за излез од политичката криза во земјава. Немаше никаков конкретен заклучок од прва средба зад затворени врати на лидерите...

Continue reading

лидерска средба

Лидерска средба со присуство на САД и ЕУ

Post Views: 0 Доцна синоќа, сепак, опозицискиот лидер Заев бил убеден да дојде на лидерска средба утре, откако бил уверен дека на неа ќе присуствуваат амбасадорите Бејли и Орав. На иницијатива на претставниците на меѓународната заедница денеска ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми партии Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА. Лидерите ќе седнат на заедничка маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД и Аиво Орав, шеф на мисијата на ЕУ во Македонија.Иницијатори на оваа средба се претставниците на меѓународната заедница за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top