Ознака: спортски

simpozium sportski rabotnici

Викендов во Охрид ќе се одржи дванаесеттиот симпозиум за спорт и физичко образование на младите

Post Views: 2 Најавено е учеството на претставници од седум држави кои ќе презентираат свои трудови и ќе дискутираат за финансиските проблеми во спортот. На овој симпозиум приоритет ќе биде изнајдувањето на нови буџетски можности без кои не би можел да функционира ниту еден спорт. Исто така ќе се дискутира за менаџирањето во спортот бидејќи како што велат претставниците во Македонија нема доволно кадровски можности за создавање на спортски менаџери кои подоцна би работеле со младите таленти и би го подигнале спортот на повисоко ниво. Исто така акцент ќе биде ставен на приоритетните...

Continue reading

Gard

Младите преку рекреативен спорт и екологија ќе го развиваат мултиетничкото живеење

Post Views: 7 Деца од повеќе националности и општини од земјава преку спорт и екологија  ќе ги развиваат телесните, духовните и културните вредности. Во хотел Далјан, на охридското крајбрежје, основците се дел од проектот „Младите преку спорт и екологија до мултиетничко разбирање и одржлив развој во Македонија“. Претседателот  на Граѓанската асоцијација за рекреативно движење ( Гард), Гоце Илиески ја нагласува потребата од практикување на рекреативни спортски активности, развивање на  еколошка свест  и соживотот меѓу националностите кај младите личности.     „ Во рамките на нашите...

Continue reading

bazen

Охрид доби „Спортско лето“

Post Views: 4 Започна  проектот „Спортско лето“.  Со овој проект на ЈП Билјанини извори кој започна вчера а ќе трае до 26 јули е предвидено сите спортски активности да добијат масовност. Токму поради тоа е воспоставена соработка со различни категории на граѓани  со една цел,  вратите на спортскиот центар Билјанини извори да бидат отворени за сите категории на граѓани и на тој начин да го доближиме спортот до што повеќе граѓани во општина Охрид и да им овозможиме да ги користат услугите кои ние како општина и ЈП ги нудиме, вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Спортското...

Continue reading

sredba sportisti

Дали Охрид ќе прерасне во главен спортски центар во земјава?

Post Views: 0 Градоначалникот Никола Бакрачески на иницијатива на првите луѓе на СРЦ „Билјанини извори“ организираше работна средба со спортските федерации од државава, Агенцијата за млади и спорт како и истакнатите спортски работници од градов. Крајната цел според Бакрачески е развој на спортските клубови во Охрид преку една ваква координирана акција. „Она што е наша цел како локална самоуправа и секако цел на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, е да ја дадеме максималната логистичка подршка за организација на масовни настани во спортот кои што би се одржувале во Охрид....

Continue reading

sportisti

Спортистите ги споделија спортските маки со градоначалникот Бакрачески

Post Views: 1 Спортистите од Охрид заедно со Сојузот на спортови ги споделија своите маки со градоначалникот Никола Бакрачески. Целта на денешната средба според градоначалникот е да се стави фокусот врз најчестите проблеми и пречки на кои наидуваат спортските друштва при вршењето на нивните редовни спортски активности во текот на една сезона. Најави поинтензивна соработка со спортските работници. „Она што јас како градоначалник на Охри и како локална самоуправа можам да кажам е дека ваквите средби во иднина ќе бидат многу чести. Ова ќе биде начинот на кој ние комуницираме со јавноста,...

Continue reading

bazen

Охриѓани ќе добијат современи терени на СРЦ „Билјaнини извори“

Post Views: 0 Градоначалникот и неговиот тим денес направија обиколка на спортските терени на СРЦ „ Билјанини извори“. Разгледаа  во каква состојба се објектите и кои се можностите за развој на спортските содржини на единствениот спортско рекреативен центар во градот.  Спортскиот центар плански ќе се развива и она што ќе се гради сега ќе има ефект во следните години, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави дека ќе се гради и долгоочекуваниот затворен базен.   „ На почетокот на идната година ќе почне изградбата на затворен базен. Разгледани се можнсостите за развој и на...

Continue reading

sigri

Охрид домаќин на 25-те јубилејни спортски игри на лица со телесен инвалидитет

Post Views: 6   За лицата со телесен инвалидитет се одржаа јубилејните 25-ти спортски игри. Стрелаштво, пинг понг, неколку атлетски дисциплини и трка со инвалидски колички се дисциплините во кои лицата со телeсен инвалидитет ги одмерија своите спортски вештини. Учествуваа над 100 натпреварувачи од кои 50- тина со телесен инвалидитет, 22-ца слепи и слабовидни и 8-мина со оштетен слух. На спортските игри учествуваше и Оливера Наковска Бикова,  освојувач  на златна медалја во стрелаштво на параолипмиските игри 2012 во Лондон. Очекувано и на овој натпревар таа беше убедливо најдобра со...

Continue reading

меморандум

Mеморандум за соработка помеѓу СРЦ „Билјанини извори“ и ЈДУ „Јасна Ристеска“

Post Views: 6   Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ за прв пат од своето постоење ќе ги отвори вратите  за најмалите охриѓанчиња од сите детски градинки. В.д . директорите, Иван Цветкоски,  на СРЦ „Билјани извори“ и Роза Костоска, на ЈДУ „Јасна Ристеска“,  потпишаа меморандум за соработка. Децата од сите 5 објекти  на градинката по еден час дневно во текот на неделата ќе може да спортуваат на терените во центарот.  „ Ова е од големо значење за децата, за нивниот физички развој,  да ги отргнеме од компјутерите и ТВ приемниците. На тој начин ќе допринесеме за нивно поголемо...

Continue reading

sojuz za idninata

Станкоски:„Владата многу ветуваше, но ништо не направи“

Post Views: 8 „ДПМНЕ за оваа изборна кампања, за овие локални избори го избра најнесреќниот и најироничниот слоган. Им порачуваат на граѓаните да изберат дела“, истакна кандидатот за советник Јоне Станкоски.  Тој јавно запраша кои дела ги направила владата  за Охрид, за да можат граѓаните да изберат. При тоа Станковски посебно се осфрна на најавите за изградба на спортската инфраструктура. „Ветија изградба на фудбалски игралиша во Косел и Лескоец. Ветија изградба на спортски сали во училиштата ЕМУЦ Св. Наум Охридски, угостителското училиште Ванчо Питошески и ОУ Христо Узунов, но до...

Continue reading

конвенција

Кaндидатите за советници и градоначаник од Коалицијата Сојуз за иднината ја промовираа изборната Програма

Post Views: 6  Коалицијата Сојуз за иднината ја претстави изборната програма и  кандидатите од листата за советници. Пред присутните во Центарот за култура, прв се обрати Дејан Блажески од ЛДП кој ги повика младите да го поддржат кандидатот за градоначалник Александар Петрески за трет мандат. Тој е  градоначалник кој вработил голем број млади и ја покажал грижата кон нив, рече Блажески. „ Не смееме да сме заложници на централната власт. Овие локални избори  се референдум за добивање на нова власт. Охрид да биде еднакво третиран како сите градови кои имаат градоначалници од Вмро Дпмне“....

Continue reading

penzioneri

Охридското Здружение на пензионери работи успешно

Post Views: 6 Охридското Здружение на пензионери успешно ја заврши минатата година. На денешната Седница на здружението која е пета по ред, а прва во оваа година беше усвоена завршната сметка за 2012 год, а се донесе и програмата за работа за 2013.Mаринела Jовановиќ, претседателката на Собранието на Здружението на пензионери-Охрид, вели дека се задоволни од домакинското работење на здружението. Ова здружение минатата година беше успешно на спортски и културен план. Тоа го освои преодниот пехар на 17тиот републички спортски натпревар на пензионери кој се одржа во скопје, а неговите...

Continue reading

Izborna programa VMRO DPMNE

ВМРО ДПМНЕ ја промовираше изборната програма за локалните избори

Post Views: 7 Синоќа во преполнатата сала на центарот за култура и уште поголемиот број граѓани пред киното, кои настанот го следеа на видео бимови, визијата за тоа во која насока треба да се движи Охрид, ја кажаа премиерот на Владата на Р Македонија – Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.„Д-р Бакрачески целиот живот им помага на луѓето. Тој само тоа знае да го прави. Убеден сум дека и како градоначалник ќе го прави тоа“, истакна премиерот преставувајќи го кандидатот за градоначалник. Груевски во своето обраќање присутните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top