Охрид доби „Спортско лето“

Целта на овој проект е сите спортски активности да добијат масовност.

 |  Маленкова Татјана  | 
bazen
базен

Започна  проектот „Спортско лето“.  Со овој проект на ЈП Билјанини извори кој започна вчера а ќе трае до 26 јули е предвидено сите спортски активности да добијат масовност. Токму поради тоа е воспоставена соработка со различни категории на граѓани  со една цел,  вратите на спортскиот центар Билјанини извори да бидат отворени за сите категории на граѓани и на тој начин да го доближиме спортот до што повеќе граѓани во општина Охрид и да им овозможиме да ги користат услугите кои ние како општина и ЈП ги нудиме, вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

Спортското лето, започна вчера со активности кои можеа да ги користат рекреативци, денеска заедно со здружението на пензионери   имаше спортски активности за пензионерите. Утре  ќе има спортски активносто за децата од предшколска воздраст, во четврток на 25 јули, спортско рекреативни актовности за лица со попреченост и на 26ти во петок следуваат активности за ситеграѓани  кои сакаат да се рекреираат во СРЦ Билјанини извори.

„Со организирање на овие настани се надевем дека сериосно ќе влијаеме врз подигнување на спортската свест односно она што за нас е најважно да ги поткнеме лиѓето во Охрид активно да спортуваат, секој согласно своите можности. Наша задача е да обезбедиме инфраструктурни услови“, вели Димитар Спасески, sportsko letoсекретар на општина Охрид.

Спасески додава дека локалната самоуправа сериозно се посветува на развој на спортот и поддржување на спортските активности.

„Оваа година општина Охрид ќе ги подржи финансиски малиот пливачки маратон, големиот пливачки маратон кој е тенденција да преасне во Охридски бренд. Оваа манифестација најреномирана во Р Макендија за нас како локална смаоуправа е врвен приоритет. Финанскиски ќе застанеме зад атлетскиот маратон кој по повод денот на независноста ќе се организира во Охрид и во склоп ЈП по повод летен Св Климент ќе се организира пливачки митинг на кој учество ќе земат реномирани пливачи“, вели Спасески.

Секретарот уште еднаш повтори дека локалната самоуправа комплетно ќе застане зад сите спортски школи кои сакаат да организираат турнири. Спасески категоричен, „Ќе направиме се за да го вратиме спортскиот дух кај охриѓани, посебно кај најмладите“.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top