Ознака: спортисти

Пецаков: Охрид град на спортот, спортските работници и спортисти

Post Views: 1 Со концептот „За убав град“ наша заложба е создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град , на прес конференција порача Кирил Пецаков координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Најави Младинско спортско лето – Спорт за младите, спорт за сите. „ Целта ќе биде во летниот период анимирање и организација на повеќе спортски настани и презентација на различни спортови. Организација на меѓународен ракометен турнир за сениорски и младински категории. Возобновување на ракометниот турнир кој се организираше во...

Continue reading

ПРИФАТЕНИ СИТЕ АПЛИКАЦИИ ОД ЈАВНИОТ КОНКУРС ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ И ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ

Post Views: 0 ЈП Билјанини Извори во месец јануари распиша јавен конкурс за поддршка на млади и талентирани спортисти во индивидуалните спортови на територија на Општина Охрид. Согласно тоа а врз основа на документите кои беа приложени од страна на апликантите како критериуми утврдени за учество на јавниот конкурс ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека ги прифати сите предложени млади и талентирани спортисти кои аплицираа на јавниот конкурс и со тоа им се овозможува бесплатно користење на спортската инфраструктура што ја стопанисува претпријатието а се однесува на спортот...

Continue reading

Одлична поддршка за младите талентирани охридски спортисти

Post Views: 4 Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ објавува конкурс за проектот: Инфраструктурна поддршка на младите и талентирани спортисти на територија на Општина Охрид. Право на учество имаат сите спортски клубови од индивидуалните спортови кои се на територија на Општина Охрид. „Јавното претпријатие во минатите неколку месеци ја согледа потребата за поддршка на спортските клубови во делот на користењето на инфраструктурата, а се со цел да им се овозможат подобри тренажни услови на најмладите и најталентираните спортисти. Поддршката која сакаме да ја овозможиме со овој конкурс...

Continue reading

Nakova - Mojsoski

Прогласени спортистите на годината

Post Views: 7 Агенцијата за млади и спорт синоќа ги прогласи стрелачката Оливера Наковска – Бикова и ракометарот Наумче Мојсоски за Спортисти на годината. На гала свеченоста во Македонската опера и балет двете спортски ѕвезди беа избрани за големите постигнувања во 2012 година.Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал и собори светски рекорд, додека Мојсоски со ракометната репрезентација на ЕП во Србија го освоија 5. место, а со Металург имаа сезона за паметење во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство ја освоија титулата.За најуспешен спортист...

Continue reading

Избрани најдобрите спортисти од Охрид за 2011 год

Post Views: 8 Сојузот на спортови ги обелодени и им врачи признанија на најуспешните 10 спортисти од Охрид за 2011 година.  За најдобар спортист за изминатата година беше избран стрелецот Михаил Шишкоски. „Искрено не очекував да бидам избран за спортист за 2011 за Охрид. Очекував екипните спортови да ги завземат првите три места. Пресреќен сум за овој избор многу повќе ми значи од сите државни првенстав кои ги имам освоено и сите купови за 2011 год. кога бев избран за надобар стрелец во категорија сениори пушка, но ова признание ми значи многу повеќе бидејќи за да го освоиш ова признание...

Continue reading

sportist na godinata

Македонија избира спортист на годината за 2011

Post Views: 31 Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Лазар Поповски на денешната прес конференција информира дека македонските граѓани можат да гласаат за најдобри спортисти за годинава, а го најави  и одржувањето на манифестацијата за изборот на најдобрите.– Со поддршка на Владата и со инвестициите во спортот сакаме во годините што следуваат Македонија да го носи епитетот „спортска земја“. Оваа година АМС прави силни напори церемонијата на прогласувањето да биде на највисоко можно ниво. Гласот за најдобрите македонски спортисти кои со своите резултати ја одбележаа...

Continue reading

sostanok

Што е тоа спорт во Охрид?

Post Views: 12 Жестока полемика за спортот во Охрид. Она што ТВМ го актуелизираше минатата недела, 3 годишното не функционирање на Сојузот на спортови, поради нерешените правни работи помеѓу статусот на здружението и закононот за спорт од 2001 година, денес триесеттина претставници од спортската дејност  го дебатираа на тема, спортот во Охрид. Ова е една од панел дискусиите кои ги организира Советот на млади од Охрид, согласно нивната годишна програма за работа. „Нема споредба за спортот некогаш и спортот денес“, рече истакнатиот професор по физичка култура Александар Радиќ. Тој потенцира...

Continue reading

potpisi

Охриѓани и стружани со поддршка за “Манифестот на Македониумот”

Post Views: 3 Оваа иницијатива е дело на група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.Масовната подршка на „Манифестот на Македониумот“.  Во него стои дека Македонците се шокирани од актот на бришење на придавката „македонски“ и оти Македонците се рамо до рамо, ако не во економијата, тогаш во уметноста, науката и спортот со европските народи. И граѓаните на Охрид и Струга со подршка на оваа граѓанската иницијатива.„Праќаме апел до сите граѓани без разлика...

Continue reading

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2021 ГОДИНА

Post Views: 4 Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2021 година. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид. Наградите и признанијата за Спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид, Спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на општина Охрид и Спортист/ка во категоријата...

Continue reading

РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ

Post Views: 0 Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа  на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот, информираат од Локалната самоуправа. Спортот и неговата врска со образованието,...

Continue reading

medal

Медал за заслуги за шест спортисти

Post Views: 4 Македонскиот претседател Бранко Црвенковски со „Медал за заслуги за Македонија” одликува шест македонски репрезентативци. Медал ќе добијат ракометарот Кирил Лазаров, фудбалерот Горан Пандев, боксерот Вели Мумин, ракометарките Наталија Тодоровска и Драгана Пецевска и кошаркарот Врбица Стефанов. Одличјето на спортистите им се доделува „за постигнатите врвни резултати во спортот, со што дадоа значителен придонес за неговиот развој и популаризација во земјата, како и за афирмација на Република Македонија на меѓународен план“ Претседателот Црвенковски ќе им ги врачи одликувањата...

Continue reading

zrtvi

Спротот и спортистите цели, на тероризмот

Post Views: 1 Во минатонеделниот терористички напад во Лахоре, Пакистан, врз репрезентацијата на Шри Ланка во крикет беа убиени седум лица.   Минатонеделниот терористички напад во пакистанскиот град Лахоре врз репрезентативците на Шри Ланка во крикет, во кој беа убиени седум лица и судирите меѓу Арапите и полицијата во Малме во пресрет на Дејвис куп мечот меѓу Шведска и Израел уште еднаш потврдија дека спортот е средство за пренесување на политички пораки на чии жртви јавноста е пречувствителна. Вестите за жртви во политички, верски и меѓуетнички судири секојдневно пристигнуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top