Што е тоа спорт во Охрид?

Тешко може да се врати духот на спортот во Охрид. Многу фактори влијаат за негово воскреснување, сметаат спортските работници и активните спортисти од градов. Но едно е сигурно, спорт без пари нема, категорични велат.

 |  Билјана Николовска  | 
sostanok
состанок

Жестока полемика за спортот во Охрид. Она што ТВМ го актуелизираше минатата недела, 3 годишното не функционирање на Сојузот на спортови, поради нерешените правни работи помеѓу статусот на здружението и закононот за спорт од 2001 година, денес триесеттина претставници од спортската дејност  го дебатираа на тема, спортот во Охрид. Ова е една од панел дискусиите кои ги организира Советот на млади од Охрид, согласно нивната годишна програма за работа. „Нема споредба за спортот некогаш и спортот денес“, рече истакнатиот професор по физичка култура Александар Радиќ. Тој потенцира дека некогаш спортот бил симбол на Охрид, и многу светски шампиони произлегле од овој град, а денес, сликата на ова поле е тажна. Радиќ ја лоцираше причината за ваквата состојба.
Радиќ искрено жали што на денешната дискусија немаше претставник од Локалната, ниту од релевантните институции кои треба да се залагаат за подобрување на состојбите во спортот. За волја на вистината на средбата  беше присутен советникот Јоне Станкоски, но не во функција на советник, туку како проф по физичко воспитание. Тој појасни дека Локалната самоуправа вложува но во делот од инфраструктурата и едукација на спортски кадар, до каде што се нивните ингеренции.  И Проф. Гоце Тасески, тренер на Кошаркарски клуб од Охрид, смета дека во спортот мора да се вложува, за да има резултати. Тој смета дека на Охрид неопходно му е формирање, односно, враќање во функција на Сојуз на спортисти, за да се знае кој јаде, кој пие, а кој плаќа.
Во спортот во Охрид де факто постојат многу проблеми, едногласни се  спортските работници. Некои од нив искрено жалат за изумирањето на одредени спортови, посебно пливањето, бидејќи нашиот град го има најголемиот спортски терен во земјава Охридското Езеро. И покрај конструктивната дискусија, останува прашањето, дали ваквите средби имаат смисла без присуство на релевантните фактори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top