Ознака: сообраќаен 

leten soobrakjaj

Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени

Post Views: 6 Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека во овогодинешниот летен сообраќаен режим, тие ги вметнале сите барања на жителите од стариот дел на градот. Спасески вели дека во комуникација со граѓаните од овој дел на Охрид, добиле сознанија дека тие се задоволни од тоа како функционира сообраќајот во овој период од летото. Спасески информира дека биле направени неколку измени. „Улицата која води од Горна порта до маркетот ДОН, согласно новиот сообраќаен режим е двонасочна улица. Тоа...

Continue reading

sovet

Нов сообраќаен режим повторно без издржана студија

Post Views: 4 Ова лето, дел од улицата Кеј Маршал Тито, ќе биде слободна пешачка зона без сообраќај и паркирање на возила од кружниот тек до ресторанот Лас Америкас. Улицата Партизанска ќе се поврзи еднонасочно со Димитар Влахов преку новопроектираната  Улица 1 кај Тутунска банка. Жителите од Стар град ќе влегуваат со налепници на возилата  кои ќе ги добиваат во оддлението за сообраќај, а таксистите ќе имаат слободен влез. Улицата кај Горна Порта кон Дрвара станува двонасочна преку цела година. За кружниот тек на улиците Цар Самоил, Коста Абраш и Илинденска  останува забраната за...

Continue reading

Sirma Vojvoda

На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Post Views: 1 Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески. „ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила кои...

Continue reading

znak

Летниот сообраќаен режим, нова атракција во Охрид

Post Views: 7 Горе , долу, лево, десно. Ова не е рефрен од песна туку компарација за охридскиот сообраќаен режим. Откако новото сообраќајно решение од први јули стапи на сила, а со него најголемиот дел од улиците станаа еднонасчни, граѓаните на Охрид збунето кружат по градов незнаејќи кој правец да го фатат. За гостите пак движењето по охридските улици е нова туристичка атракција. –Вртам кругови додека стигнам до дома, вели еден охриѓанец -Не знам што е ова, ние сме туристи и не знаеме како да стигнеме до апартманот, вели една битолчанка -За да стигнам до дома влегувам во една...

Continue reading

gali

Започнува летниот сообраќаен режим

Post Views: 3 Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим. На последната седница, посебен режим на еднонасочен сообраќај, советниците донесоа и за неколку улици во населбата Билјанини извори. На 4 -те улици: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Мирче Ацев“ и  „Карпош Војвода“, еднонасочниот сообраќај ќе се одвива кон и од улицата „Јане Сандански“, која се сече со овие улици, информира Зоран Шикалоски од Фондот за комунален развој. Сообраќајниот тек е испланиран за граѓаните да не вртат големи кругови, а со цел да се спречат сообраќајните незгоди на...

Continue reading

topka

Лошо и несфатливо сообраќајно решение

Post Views: 10 „Сообраќајниот режим во Охрид треба да биде во корист на турситите и граѓаните, а не во корист на некои лични математики“, обвинија денес од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Oхрид. Атанаско Михаилов, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ја обвини Локланата и Градоначалникот дека „Во целиот сообраќаен хаос предизвикан од градење на некакви сообраќајни раскрсници и други лоши сообраќајни решенија , и за шеталиштето кое претставува еден од најубавите делови на Охрид, изнајдено е навистина неразбирливо сообраќајно решение на почетокот на самата туристичка сезона,...

Continue reading

ulica

Кафе во кафулињата, пешаци на тротоарите

Post Views: 4 На тротоарот од Кеј „Маршал Тито“ нема повеќе пиење кафе. Тој ќе си ја врати примарната функција, а тоа е простор за одвивање пешачки сообраќај. Масите и столиците од кафулињата кои се наоѓаат на дел од оваа улица ќе бидат отстранети. Тоа го налага новиот режим на сообраќај со кој после седум години оваа улица во летниот период нема да биде пешачка зона туку сообраќајница. Зоран Шикалоски, раководителот на секторот за сообраќај и патишта вели дека крајно време е да се ослободат тротоарите и да му се овозможи на сообраќајот да дише. Искуството од минатите години покажа...

Continue reading

tocak znak

Велосипедска патека за акробати!

Post Views: 7 Имало ден и за велосипедистите. Некој се сети и на нив, па долж „Туристичка“ им нацрта две релативно симетрични жолти ленти. Па сега слободно може да возите меѓу нив и гајле да си немате. Изгор жолтата боја како оса ги боди во очи оние со автомобилите, па од километар можат да ве видат. Безбедни сте, верувајте. Ако досега велосипедистите се вклопуваа во сообраќајниот пејсаж, од сега и со мижење ќе може да се забележат. Секако ако се движите помеѓу жолтите лентички. Да не излезе дека Ве лажам, еве ќе Ви бидам личен водич низ маестралната велосипедска патека, па да се...

Continue reading

parking

Подземни и катни гаражи во Охрид

Post Views: 1 Гаражни куќи и подземно паркирање за решавање на најголемиот сообраќаен проблем во градот. Во работната верзија на Предлог Нацрт деталниот урбанистички план, кој се однесува на урбаните блокови Табана и Ривиера стои изградба на неколку гаражни куќи. Со овој Предлог УП, подземно паркирање е предвидено за градскиот плоштад, зеленилото кај кружниот тек и покрај кејот кон хотел „Палас“, вели раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов.  Тој додава дека моментално, со поставените три рампи, се контролира и користи простор за паркирање на само 80 автомобили. „Со...

Continue reading

soobrakaj

Остра дискусија за сообраќајната студија

Post Views: 2 Во Охрид владее сообраќаен хаос и во лето и во зима, велат дел од советниците. Тие бараат под итно да се изработи сообраќајна студија за територијата на град Охрид за динамичен и статичен сообраќај. „Ако не ја донесеме предлог одлуката и чекаме изработка на студија ќе треба да чекаме да помине цела година  за нешто да направиме, а тоа не ние во интерес“ истакна советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски. Советникот од СДСМ и експерт по сообраќај Томислав Тунтев образложи дека режимот на сообраќај кој го предлага локалната самоуправа во однос на стручните служби е истиот само...

Continue reading

soobrakaj

Експертите со различни оценки за сообраќајниот режим

Post Views: 7 Завршувањето на  примената на летниот режим на сообраќај наметна неколку прашања кои ги засегаат граѓаните. Експертите имаат  различно гледиште за квалитетот на годинешниот сообраќаен  режим на терен. Неодамна  раководителот на одделението за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалоски, за ТВМ изјави дека е задоволен од годинешното решение на летниот режим на сообраќај. Шикалоски потенцираше дека како резултат на годинешното решение на  клучните раскрсници, кај Oпштината и Домот на АРМ, годинава сообраќајот поминал  без инциденти. Експертот по сообраќај и советник,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top