Ознака: содржат

Вакцините против ковид не содржат отров

Post Views: 19 Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека вакцините се отровни. Иако експлицитно не се наведува видот на вакцината, сепак, поради тоа што повеќепати од страна на антивакцинални кругови е проширена дезинформацијата дека вакцините против ковид-19 се отровни, а и поради контекстот на масовна имунизација против ковид, може да се заклучи дека се алудира на овие вакцини. Арно ама, не е вистина дека вакцините против ковид содржат отров. Во минатото во повеќе различни наврати, се тврдеше дека ,,отровот” потекнува од различни места , на пример, дека вакцините содржат...

Continue reading

Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња

Post Views: 0 Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус. На социјалните...

Continue reading

Пензионирани патолози шират неосновани тврдења дека вакцините против ковид-19 содржат чипови

Post Views: 1 На таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолози и ги отфрлаат како „научно неосновани“. Некои од наодите се погрешно протолкувани, а нејасно е од каде потекнуваат органите чијашто обдукција наводно била направена и истата била презентирана. Нема цврсти докази дека во вакцините биле пронајдени метални предмети како чипови. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека со вакцините против ковид-19 се вградува чип...

Continue reading

Вакцините против ковид не содржат чипови

Post Views: 11 Постот шири лажни информации оти вакцините содржат некаков чип. За ваквите тврдења не постојат никакви научни докази и тие се шират заедно со разноразни теории на заговор, поврзани со вакцинацијата против ковид-19. Објавеното видео, кое наводно докажува дека вакцинираните луѓе имаат чипови преку кои владите ги следат, всушност, е шега на ИТ специјалисти, па оттука и не може да се земе како веродостојно. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во вакцините против ковид-19 има микрочипови кои се вбризгуваат преку иглата, со цел контрола на луѓето. НАНО ЧЕСТИЧКА – МИКРО...

Continue reading

Нејасно видео шири дезинформации дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид

Post Views: 7 Пост на Фејсбук неосновано тврди дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид. Постот е придружен со видео за кое се тврди дека прикажува снимка на бели дробови од лице вакцинирано против ковид, а во кои е најдено присуство на графен оксид. Ужас… Графен оксид во белите дробови на „вакциниран“ човек со наводните „вакцини“ против наводниот корона вирус – ковид-19“, се вели во постот што го анализираме. Видеото под постот на кое наводно се гледа снимка бели дробови е нејасно, односно нема информации кога и каде е направена снимката и за кој пациент станува збор....

Continue reading

Вакцините против ковид не се генетска терапија и не содржат графен оксид

Post Views: 2 Постот шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето дека вакцините содржат графен оксид е чиста глупост. Исто така, вакцините против ковид не се генетска терапија, бидејќи тие не се дизајнирани за да ги променат гените. Центарот за контрола и превенција на болести...

Continue reading

Нема докази дека вакцините содржат графен оксид

Post Views: 2 Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението. Објавата на Фејсбук ја доведува во заблуда јавноста дека конечно е откриена...

Continue reading

Кока-Кола ја исфрла спорната состојка

Post Views: 9 Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци, Кока-Кола, планира од рецептурата на некои свои пијалоци да ги исфрли спорните состојки. Постапувајќи во склад со една онлајн петиција, Кока-Кола планира да ја исфрли BVO, вид на растително масло, кое се додава во овошните пијалоци, како што е фанта, пишува BBC. Еден елемент од тој адитив би можел да има негативни последици по здравјето на луѓето, сметаат активистите. Портпаролот на Кока-Кола, Џош Голд, истакнал дека исфрлањето на состојката BVO не е прашање на безбедност. „Сите наши пијалоци, вклучувајќи ги...

Continue reading

dete

Преголема количина флуор во детските пасти за заби

Post Views: 1 Флуорот е корисен за децата, но само во ограничени количини, предупредија француските забари, педијатри и токсиколози. Врховниот совет за здравје на Франција побара од група експерти кои се занимаваат со здравствената заштита на децата, од забари до педијатри, сериозно да се позанимаваат со детските пасти за заби кои во моментот се во продажба на територијата на државата. Само ограничени количини на концентрација на флуор во детските пасти за заби се корисни и затоа тие мора да се ограничат на 1.450 пмм, соопшти здравствениот совет на Франција. Детските пасти кои содржат...

Continue reading

sveshtenik

Објавени документи за свештеници кои сексуално злоставувале

Post Views: 5 Околу 10.000 страници документи кои содржат информации за свештеничкото сексуално злоставување во јужна Калифорнија, со судска одлука се достапни за јавноста, пренесе Танјуг. Овие документи, досега запечатени, претставуваат лични податоци кои католичката црква ги имаше за своите 48 свештеници кои се обвинети или осудени за сексуално злоставување. Во документите како најтежок случај се наведува случајот на свештеникот Ентони Родриго, кого го пријавила група родители во 1976. година за злоставување на нивните деца.Тој бил пратен на психијатриско лекување, но подоцна бил...

Continue reading

Што содржат „Документите на Пандора?“

Post Views: 2 Тајните договори и скриените богатства на голем број светски моќници се откриени преку најголемиот истек на офшор податоци во историјата, кои го добија називот Пандора документи. Протечени се 11,9 милиони документи од компании ангажирани од богати клиенти со цел да се креираат офшор мрежи во даночни раеви како Панама, Дубаи, Монако, Швајцарија и Кајманските Острови. Тие откриваат тајни офшор договори на 35 светски лидери, меѓу кои и поранешни претседатели, премиери и шефови на држави. Документите ги расветлуваат и тајните финансии на повеќе 300 други функционери, како...

Continue reading

Олово во кармини од познати брендови

Post Views: 3 Голем број кармини содржат олово кое може да бида канцерогено – известува американската Асоцијација за храна и лекови (FDA). Мала количина од оловото од карминот може да се апсорбира во телото, а иако не претставува голем здравствен ризик, сепак мора да се спомене – истакнуваат научниците. „Оловото се таложи во телото со секое нанесување на кармин во текот на денот, а секојдбенвното ставање кармин може да предизвика здравствени проблеми“ – стои ви известувањето од FDA. Премногу олово може да влијае на сите системи во телото, односно на нервниот, мускулниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top