Објавени документи за свештеници кои сексуално злоставувале

Околу 10.000 страници документи кои содржат информации за свештеничкото сексуално злоставување во јужна Калифорнија, со судска одлука се достапни за јавноста, пренесе Танјуг.

 |  Маја Савиќ  | 
sveshtenik
свештеник

VatikanОколу 10.000 страници документи кои содржат информации за свештеничкото сексуално злоставување во јужна Калифорнија, со судска одлука се достапни за јавноста, пренесе Танјуг.

Овие документи, досега запечатени, претставуваат лични податоци кои католичката црква ги имаше за своите 48 свештеници кои се обвинети или осудени за сексуално злоставување.

Во документите како најтежок случај се наведува случајот на свештеникот Ентони Родриго, кого го пријавила група родители во 1976. година за злоставување на нивните деца.Тој бил пратен на психијатриско лекување, но подоцна бил вратен на работа иако психијатрите биле против.Тој признал дека 25 години злоставувал по едно дете годишно.

Сличен е и случајот на свештеникот Роберт Никлиборк кој по жалбите бил пратен на лекување, по што подоцна бил поставен на место на директор на католичка установа за момчиња со пореметување во развојот.

Обвинителите во 2007 година постигнаа вонсудски договор со децата католици во Сан Диего во износ од околу 200 милиони долари, но тој договор подразбираше дека независниот судија ќе ги истражи запечатените податоци за свештениците и ќе реши што може да се објави.

Објавувањето на документите го побарале адвокатите во име на 144 лица кои тврдат дека ги злоставувале католички свештеници, а адвокатите велат дека од документите се гледа дека црквата за злоставувањето знаела дури со децении пред јавно да се дознае за тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top