Преголема количина флуор во детските пасти за заби

Флуорот е корисен за децата, но само во ограничени количини, предупредија француските забари, педијатри и токсиколози.

 |   | 
dete
dete

pataФлуорот е корисен за децата, но само во ограничени количини, предупредија француските забари, педијатри и токсиколози.

Врховниот совет за здравје на Франција побара од група експерти кои се занимаваат со здравствената заштита на децата, од забари до педијатри, сериозно да се позанимаваат со детските пасти за заби кои во моментот се во продажба на територијата на државата.

Само ограничени количини на концентрација на флуор во детските пасти за заби се корисни и затоа тие мора да се ограничат на 1.450 пмм, соопшти здравствениот совет на Франција.

Детските пасти кои содржат поголема количина флуор од пропишаната мора да бидат повлечени од редовна продажба и да се овозможи нивна продажба само во аптеки и тоа на рецепт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top