Ознака: совети

вода

Совети за преживување на 40 степени целзјусови

Post Views: 10 Деновиве сме сведоци на тропски температури кои го зафатија нашиот регион. Сигурно по неколкупати во денот се запрашувате како да го поминете денот и како да успеете да функционирате барем малку нормално. Ние ви нудиме неколку практични совети кои морате да ги имате на ум. Носете светла и тенка облека Светлата облека е најпрепорачлива во овие топли денови. Црната облека можеби ви стои добро, но заборавете ја се додека температурите се над 30тиот степен. Важно е и да носите тенка и комотна облека. Внимавајте на материјалот од кој е изработена, некои не ја пропуштаат...

Continue reading

gavel

Денеска  се одбележува eвропскиот Ден на граѓанската правда

Post Views: 1 Денеска во сите европски држави се одбележува европскиот Ден на граѓанска правда. На овој ден, граѓаните имаат можност да добијат бесплатен правен совет, но и да се запознаат со правосудниот систем и можноста за остварување на основните човекови права.  Од годинава, овој ден започна да се одбележува и во Македонија. Во основните судови во Охрид и Струга значителен број граѓани побараа правни совети, околу предмети кои подолг период им претставувале проблем, а немале можност да ги решат. Покрај граѓаните, со работата на основниот суд Струга се запознаа и студентите кои...

Continue reading

сг

Нoви Совети во урбаните заедници стари проблеми

Post Views: 0 Јавни тоалети, тротоари, асфалтирање на улици, изградба на детски и спортски игралишта, поставуавње на автобуски постојки се само дел од потребите на жителите од урбаните заедници Стар град, 8 септември и 15 -ти Корпус. Во овие урбани заедници заврши изборот на новите раководства на Советите. Течат законските рокови кога за 30 дена од Советите кои имаат од 3, 5 или 7 членови  мора да изберат  претседатели на урбаните заедници. Избраните претседатели од урбаните  заедница треба да се алката помеѓу жителите во населбите и Локалната самоуправа за подобрување на нивното...

Continue reading

12 илјади совети за здравјето

Post Views: 2 Здравје значи грижа за себе, посветување време на превенција. Денеска на одбележувањето на Денот на здравјето се одлучивме да посветиме внимание токму на превенцијата. Низ Скопје поделивме 12 илјади практични пораки со 20 совети како со најмал напор да се подобри човековото здравје. Сакавме на ваков невообичаен начин да ја подигнеме свеста на граѓаните дека за здравје е потребно мало внимание и следење на практични совети, изјави доктор академик Жан Митрев. Оваа активност е во согласност со светското мото за одбележување на денот – ако нема активност денес, нема ниту...

Continue reading

gorivo

Совети како да заштедите гориво

Post Views: 7 Во време кога цената на нафтата секојдневно расте, сите возачи се соочуваат со ист проблем- за иста сума пари на бензинска пумпа точи се помалку гориво, а со тоа минува се помалку километри. Поради тоа неизбежна тема за која размислуваат сите возачи е како да вози најоптимално, односно, да минува што е можно повеќе километри со помалку гориво. За да ви ја олесниме маката ќе ви помогнеме со неколку совети за тоа: 1. Ако сакате на заштедите гориво потрудете се да возите под ограничувањето. Наместо 120 км/ч на автопат возете 100 км/ч, наместо 80 км/ч ограничете ја брзината...

Continue reading

mrtv

Куќните совети и НВО не треба да плаќаат радиодифузна такса

Post Views: 4 Куќните совети, невладините организации, синдикалните организации и други слични здруженија на граѓани не се обврзани да плаќаат радиодифузна такса. Вака официјално се изјасни собраниската Законодавно-правна комисија, која по барање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска, го толкуваше членот од Законот за радиодифузната дејност кој пропишува дека правните лица се должни да ја плаќаат оваа јавна давачка.Барањето на Димоска следуваше откако решенија за наплата на радиодифузна такса добија и новоформираните заедници на станари, како и многу невладини организации...

Continue reading

priracnik

Охридските пензионери добија прирачник со практични совети за нивна поголема безбедност

Post Views: 3 Пензионерите од Охрид и Дебрца добија прирачник со практични совети, мерки и постапки како да превенираат станување на лесна мета на извршители на кражби и други кривични дела. Насловен како „Внимавајте на вашата безбедност“, прирачникот според портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски има за цел да делува превентивно и да ги заштити пензионерите и повозрасните лица. „Да се обидеме на овој начин да ја подигнеме свеста на пензионерите и воопшто на повозрасните луѓе дека треба да посветат повеќе внимание на својот личен имот, паричник, ташна, но и на предметите кои што...

Continue reading

mozocen

Мозочните удари 80% можат да се превенираат

Post Views: 8 Новоформираното здружение „Мозочен удар“ ја организира досега најголемата акција од своето три месечно постоење. Утре на градскиот плоштад од 11 до 14 часот сите граѓани на Охрид кои сакаат да се прегледаат и да го дознаат својот статус за ризикот од мозочен удар ќе добијат бесплатни едукативи совети и здравствени прегледи. Др Маја Божиноска Смичоска, невролог во Специјалната болница „Св Еразмо“ вели дека нивното здружение делува во насока да го свртат вниманието на граѓаните за превенцијата од мозочен удар. „Во нашата акција утре ќе имаме тим лекари и медицински персонал,...

Continue reading

pritisok

Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид

Post Views: 3 Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек. Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето. „Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите,...

Continue reading

unasm

Загрозени работничките права во Македонија

Post Views: 0 Правата на работниците во Македонија се загрозени. Најмал е проблемот кај луѓето кои што работат во Државната администрација како и оние кои работат во големите компании, сметаат експертите за социјално економски развој во јавниот и приватниот сектор, од регионов. Зоран Павловиќ, експерт на оваа тема од Босна и Херцеговина нагласи дека состојбата во Македонија по прашањето на работничките права е многу тешка и треба да многу да се работи да се достигне Европското ниво. Додава дека само со партнерство меѓу работодавачите, претставниците на синдикатот, трудовиот инспектор,...

Continue reading

boenka

Децата да ги учиме на здрав начин на живот

Post Views: 0 Промовирани прирачници за здрава исхрана и боенка за деца од авторката Весна Пирузева Петровска. Мојата намера е со прирачниците да им го посочам на луѓето правилниот начин  на исхрана за да имаат здрав живот, вели авторката. Во напливот на различна литертура да бидат умешни како да ја изберат вистинската  која  води  кон здрав живот, затоа што несоодветните може да ги  упатат кон погрешни патеки. Предупредува на претпазливост кон користењето на разни нутриционистички совети и  диети од непроверени извори на интернет. „ Најчесто младата популација се служи како со најдобар...

Continue reading

sindikalci

Локално економско-социјален совет и во Охрид?

Post Views: 1 Ќе се потикнува вработувањето на младите луѓе во Охрид, преку формирање на Локален економско-социјален совет. Денес во општината, во организација на ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт се одржа трибина посветена на потребите и предизвиците кои се наметнуваат за креирање на Локални економско – социјални совети. Станува збор за тела кои се од советодавно консултативен карактер во чија што работа ќе учествуваат синдикатите, работодавачите како и претставници на Локалната Самоуправа. Како што изјави првиот човек на ССМ д-р Живко Митревски овие тела ќе бидат насочени кон...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top