Ознака: смет

елена скрческа

„Комуналец“ со отчет пред граѓаните

Post Views: 6 Претпријатие потонато во долгови, кредити, камати и стар возен парк, тоа беше сликата на ЈП „Охридски Комуналец“ од пред две години, рече директорката на претпријатието, Елена Скрческа која на денешната прес конференција даде отчет за сработеното во текот на нејзиниот двегодишен мандат. Таа потенцира дека требало многу труд и работа  за претпријатието повторно да застане на здрави нозе. Во текот на овие две години значително се подобрени перформансите во сите аспекти од работењето на претпријатието. Подобрена е профитабилноста – искажана преку добивката во 2013...

Continue reading

klupa

Некој им фрлил око на клупите во нас. „Гоце Делчев“

Post Views: 0 Детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“ повторно на мета на вандалите. Сега некој се намерачил на клупите кои се поставени во паркот па по се изгледа, се подготвува да ги однесе во својот двор или недај боже да ги продаде за старо железо. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето, па обрачите за смет, па патеките со бекатон плочки и сега на ред дојдоја клупите.  По се изгледа дека за многу краток период оваа населба ќе остане без долгоочекуваното место за одмор и рекреација на своите жители. {loadposition content9}

Continue reading

deponija

Општина Охрид подолго време нема комунален инспектор

Post Views: 1 Депонија на приватен имот нагрдува дел од улицата  „Дејан Војвода“. Тука може да се забележи различен смет, од комунален, градежен до зелен отпад. Граѓаните велат дека тука кој како ќе стигне фрла смет. Иако е во центарот на градот никој од надлежните не излегол на терен да ја констатира состојбата ниту да даде налог истиот да се исчисти. Како што кажаа граѓаните до пред 15 години тука живеела сопственичката на куќата, а  после нејзината смрт никој не водел грижа за тоа место. Законот за јавна чистота е дециден дека кога станува збор за депонија во објект кој е во приватна...

Continue reading

komunalec

Нови термини за подигање на комуналниот отпад

Post Views: 4 Три термини за три различни реони за подигање на комуналниот отпад во градов. Поради  проблемот од недостиг на возила за подигање на сметот, кој најмногу доаѓа до израз за време на туристичката сезона, ЈП  „Охридски Комуналец“ веќе неколку месеци прво пробно а сега и официјално отпадот од Охрид ќе го подига од понеделник до сабота за три различни реони. Постојат три термини за подигање на смет и тоа во првиот реон сметот ќе се подига во понеделник и четврток, во вторник и петок во  втор реон  и во среда и сабота во третиот реон. Елена Скрческа директорката на ЈП „Охридски...

Continue reading

kontejner

Полни раце работа за ЈП „Комуналец“

Post Views: 3 Градов полека, но сигурно се полни со гости. Се очекува во викендов што доаѓа Охрид да биде дестинација за голем број домашни туристи поради престојните илинденски празници. Но, тоа значи и полни раце работа за ЈП „Комуналец“ бидејќи зголемениот број на гости носи и преполни контејнери со смет. Од ова јавно претпријатие велат дека превземени се сите мерки за поголема ангажираност на вработените за подигање на сметот, одржување на хигиената на јавните површини и на јавното зеленило. –За подобра организација во работата воведовме и трета смена. Возилата ќе подигаат...

Continue reading

Васил Радиноски

Во Вевчани, собирање смет за само 70 денари

Post Views: 4 Вевчанци му плаќаат минимална сума на Комуналното претпријатие.  За месечен надомесок за собирање смет, домаќинствата издвојуваат по 70 денари. Незнам дали воопшто во регионов има населено место каде по оваа цена се собира смет, вели директорот на претпријатието „Еремија“. „Пред некој ден бевме на семинар во Скопје, се дискутираше на оваа тема. Просечна цена во Македонина за собирање смет е од 4 до 10 евра. Замислете сега, ние наплаќаме по 70 денари. Со оваа сума не можеме ниту минималните трошоци да ги покриеме“-вели директорот  ЈП „Еремија“ од Вевчани, Науме Попески. И...

Continue reading

plazi

Швеѓани ќе ни ги расчистуваат некомерцијалните плажи

Post Views: 2 Волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст заедно со претставници од ЈП „Билјанини извори“ и Лајонс клубот од Гетеборг-Шведска ќе ги расчистуваат некомерцијалните плажи. Нивната еко-акција ќе се спроведува во текот на утрешниот ден, а ќе опфати повеќе плажи кои немаат концесионери, а ќе се започне со расчистување на пределот на Грашница, како и другите плажи каде што вирее трската. „Ваквата иницијатива или поттикот да го направиме ова е како резултат на непријатната слика и присутниот смет на плажите кој несоодветно и несовесно завршува на истите, односно најчесто...

Continue reading

Petko Kutanoski

До Нова година, чисти сметки во Комунално

Post Views: 24 Дали со неговата најава ќе се стави крај на бројните нерешени проблеми на вработените. Се гледа крај на долгот кон вработените. Во струшкото Комунално претпријатие се регулира статусот со заостанатите плати. За овие два месеци, колку што сум на оваа раководна функција, на повидок е поделбата на третата плата, кажува првиот човек на претпријатието. „Се обидуваме барем на два месеци по една од заостанатите плати да намалиме. Се надевам дека околу Нова Година ќе се пофалиме со израмнување на платите“-вели Петко Кутаноски. Заостанатите плати им создаваат големи проблеми...

Continue reading

gubre

Ниска еколошка свест – смет се фрла каде што не му е место

Post Views: 1 Ниската еколошка свест и понатака присутна во градот. Негрижата на поединци кон животната средина и понатака присутна слика во нашето секојдневие. Расфрлан отпад од секаков вид може да се заблежи на разни делови од градот и околината.  Деновиве таков беше случајот на потегот од црквата Каменско  до улицата Кирил и Методиј. Несовесни граѓани фрлале отпад во шумата со што се нагрдува пролетната глетка со расцветаните бадеми. За среќа после  нашата сугестија до раководството на Комуналец за проблемот на овој потег, просторот е исчистен и се собрани 5 метри кубни отпад....

Continue reading

smet

70 лица дополнително ќе ја чистат Струга

Post Views: 2 Само за краток период, ефектот е на завидно ниво. Струга блеска, велат граѓаните. Струга во наредниве 6 месеци ќе заблеска. Освен вработените во комуналното претпријатие, за време на летниот и есенскиот период, за хигиената на градот ќе се грижат уште 70 лица. Граѓаните велат дека на Струга и тоа како и  треба засилување со лица кои ќе се грижат за јавната хигиена. Според анализите направени минатата година за невработените лица во Струга, утврдивме дека во градот има 2 800 луѓе кои долгорочно не се работно ангажирани, информира Владисслав Жупан од Локалната Самоуправа....

Continue reading

dzubre

Наместо зеленило, смет

Post Views: 11 Наместо уредено зеленило, купишта смет расфрлан насекаде.  Ваква е секојдневната слика на дел од ул. Карпош Војвода, каде што до израз очигледно доаѓа негрижата на станарите од околните станбени комплекси во тој дел. Наместо во садовите предвидени за комунален смет, едни ѓубрето го фрлаат од терасите а други пак следејќи го лошиот пример само го оставаат преку оградата. Покрај комунален отпад на тоа место не ретко се одлага и градежен шут, па оттука совесните граѓани ги повикуваат надлежните инспекциски служби да излезат од канцалариите, бидејќи сметаат дека во делови...

Continue reading

poligon

Подигнати црните вреќи смет од градскиот полигон

Post Views: 1 На одредени делови во градот и понатака никнуваат мини депонии со смет и отпаден шут. Нашите гледачи алармираат и укажуваат на ваквите места. Неодамна несовесен граѓанин се ослободил од отпадот покрај оградата во внатрешниот дел од  градскиот полигон.Комуналната инспекција интервенирала утрово. На нивен повик ЈП Комуналец ги отстранило вреќите во кои имало тревен отпад. Од Комуналец напоменуваат дека нивна обврска е да ги чистат само јавните прометни површини.  Ќесите со отпад се отстранети, но затоа на полигонот остана  мини депонија од градежен шут. Искршени ќерамиди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top