Ознака: случај

trpejca

Трпечјани револтирани и од локалната и од државната власт

Post Views: 0 И покрај ветувањата кои Трпејчани ги добиле и од државните и од локлните органи, проблемот со дивоградбата ИВИРЕ сеуште не е решен. Тие се категоричени дека не се откажуваат и дека правдата ќе ја бараат до крај. „Сакаме да ја информираме јвноста дека сеуште не се превземени активности во насока на решавање на проблемот кој ни беше ветен од локаланата самоуправа дека во одреден рок ќе се реши, рокот помина, а нашите барања тапкаат во место. Бараме институциите на локалната самоуправа да ги превземеат своите надлежности и да го спроведат решението за рушење од 14. 07...

Continue reading

alga pristaniste

Расцвета зелената кончеста алга

Post Views: 0 Зголемената температура на водата, причина кончестата разгранета зелена алга од род кладофора, интензивно да расцвета. Оваа алга во Охридското езеро претежно ја има на места кои се пооптоварени со фосфор, како што е случај со делот на градското пристаниште. Зелената алга расте прицврстена за камења, карпи или друга цврста подлога, меѓутоа по одредено време и потрага по светлина, одредени нејзини делови се одделуваат од подлогата и на површината на езерото создаваат топчести душеци.  Овие т.н кладофорни топки создаваат непријатна слика, за што многу често се нарекува...

Continue reading

srsheni nisalki baraki

Детските игралишта се почесто мета на вандалски чинови

Post Views: 10 Кога ги нема, се жалиме зошто ги нема, а кога ги има не знаеме да ги чуваме. Детските игралишта низ градов се почесто мета на вандалски чинови. Последно на мета се најде неодамна изграденото детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Само еден месец успеа да издржи недопрено и целосно функционално, но сега за жал веќе не е така. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето. Од локалната самоуправа велат дека ова не е прв ваков случај на уништување на забавните реквизити. „Ние секако дека ќе го санираме овој искршен дел но не е добро да се трошат пари за иста работа,...

Continue reading

volonter

Охриѓани најмногу донираат финансиски средства и храна

Post Views: 4 Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид. Доказ за тоа е успешно спроведената Недела на солидарноста, од страна на младите волонтери од Општинската организација на црвениот Крст од Охрид. Марија и Ангела се само мал дел од триесеттината волонтери од Клубот на млади при О.О. на Црвениот крст  од  Охрид, кои ја спроведуваат Неделата на солидарноста. Обележени со обележја на Црвениот крст  и наоружани со промотивни материјали, добра воља и голема желба да помогнат кога е најпотребно, тие од врата до врата...

Continue reading

Lukrecija Maljkovic Atanasovska

Љубезен персонал за љубезни гости

Post Views: 27 Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот. „Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни недостигаше...

Continue reading

mace

Масовно труење на мачки во стариот дел на Охрид

Post Views: 4 За една недела отруени повеќе од десет животни. Жителите со брза интервенција на ветеринарен лекар, успеале да спасат дел од животните, но многумина останале без своите домашни миленичиња. Оствариле и контакт со Ј.П. „Комуналец“ од каде негирале дека труењето е извршено од нивна страна. Од ветеринарен лекар добиена е потврда дека станува збор за труење со препаратот ЛАНАТЕ. Ова не е прв ваков случај, па поради тоа истиот е пријавен во полиција од каде е направен записник. После масовното труење на кучиња, овој случај е доказ дека тешко се стигнува до свеста на извесни...

Continue reading

Ohrid

Има ли бездомници во Oхрид и како преживуваат на студот?

Post Views: 5 Студеното време повеќе од било кога го извлече на површина прашањето за бездомните лица во државава. Во Охрид, досега евидентирани три случаи на бездомници кои делумно имаат своја разрешница. Во првиот случај станува збор за семејство на кое му било посочено како да аплицира за добивање на владините социјални станови, по која апликација, ова семејство веќе не спаѓа во категоријата на бездомни лица, а оствариле и право на социјална парична помош. Во другиот случај, Центарот за социјални работи му помогнало на едно лице да ја комплетира документацијата за остварување...

Continue reading

nadzorna kamera

Раката на законот кратка за сограѓаните со лепливи прсти

Post Views: 8 Крадењето е секојдневие во Охрид. Нема да кажеме ништо ново со информацијата  дека кражбите се зачестена појава во градов. Се краде насекаде, во становите, во куќите, во институциите, во продавниците, во хотелско угостителските капацитети, како и во добро обезбедени објекти. Сограѓани,  внимавајте добро, па дури и кога сте на работното место. Крадците не бираат место и начин како да дојдат до својот плен. На записите од видео надзорот, регистрирани во два наврати во нашава телевизија за краток временски период, повеќе од јасно се гледа се. Проблематичната Џемиле позната...

Continue reading

Dragan Cvetanoski

ССМ загрижен за скратувањето на синдикалните права

Post Views: 1 Намалувањата на синдикалните права се повеќе ги загрижува работниците. Затоа ССМ пред Владата веќе достави повеќе предлози и мислења околу Предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.  Станува збор за предлози кои се во интерес на работниците, а  кои очекуваме  да бидат прифатени годинава, вели претседателот на Општинската организација, Драган Цветаноски. Тој истакнува дека преку нивната оргнизација барале да се стопира донесувањето на измените, да не се ставаат во Собраниска процедура  додека не се постигне договор помеѓу социјалните...

Continue reading

hiv/sida den

Нула смртност поврзана со ХИВ Сида, нула дискриминација

Post Views: 7 “ПОБЛИСКУ ДО НУЛА! НУЛА НОВИ ИНФЕКЦИИ, НУЛА СМРТНОСТ ПОВРЗАНА СО ХИВ/СИДА, и НУЛА ДИСКРИМИНАЦИЈА.” Ова е мотото на годинешната кампања со која се одбележа 1-ви декември, светскиот ден за борба против сидата. Во координирана акција помеѓу овие три субјекти, на градскиот плоштад беа спроведени и рапидни тестови за покажување на постоење на ХИВ вирусот во крвта и Хепатит Ц. „ По повод светскиот ден за борба против Сида, се спроведува мобилно советување. Во оваа акција учествуваат Центарот за јавно здравје, НВО „Опција“ од Охрид и О.О. на Црвениот крст. Се врши доброволно...

Continue reading

pedofilija

Педофилијата е проблем за целото општество

Post Views: 2 Охридската јавност неодамна беше згрозена од еден случај на педофилија, а тоа за жал не беше единствениот пример. Се работи за табу тема која луѓето почесто ја премолчуваат поради стравот од социјална исклученост. Токму во насока на спречување на ваквите грозоморни акти беше и работилницата организирана од Центарот за социјални работи и Црвениот крст од Охрид. Педофилијата и сексуалната злоупотреба се злодела кои мора да се искоренат. За жал и Охридската јавност неодамна и самата беше сведок на еден ваков грозоморен чин. Овие два поими се табу тема за македонската...

Continue reading

vmro-dpmne

ВМРО – ДПМНЕ: Градоначалникот на Охрид успева да го наметне својот брат за претседател на комисија за јавни набавки

Post Views: 4 ВМРО-ДПМНЕ е крајно згрозена од начинот на кој СДСМ раководи на оние места каде што е власт. Безумието, ароганцијата и недомаќинлукот е врвна одредница на повеќето функционери од СДСМ, а врв на таквиот стил на работа претставува работењето на охридскиот градоначалник Александар Петрески, изјави денеска Харалампие Шокаровски, пратеник во Собранието. “Во текот на вчерашниот ден, искористувајќи ги формите и постапките во работењето во општина Охрид, градоначалникот Александар Петрески успева да го наметне сопствениот, роден брат Здравко Петрески за предлог за претседател...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top