Ознака: случај

Stefan Dimoski

Нема лабаво, домашните миленици под контрола

Post Views: 3 Неносењето на заштитни средства на домашните миленичиња е сериозен проблем. СВР Охрид на ова поле презема интензивни мерки, бидејќи согласно законот за прекршоци на јавен ред и мир, оваа појава предизвикува не само страв туку и опасност кај  пешаците посебно кај помладата популација. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека појавата на неносење на соодветни заштитни средства на кучињата како проблем го среќаваат скоро секој ден во нивната работа. Тој потенцира дека една од посериозните активност во нивниот сектор е точно оваа проблематика и поради тоа се преземале...

Continue reading

uzurpirano mesto

Узурпиран двор од зграда

Post Views: 4 Жителите од зградата – ламела Б – 1,  во населбата Даме Груев се жалат на узурпација на дворното место. Член од куќниот совет вели дека сопственикот на подрум го прекршува законот за домување со тоа што подрумскиот дел го издава за станување. Покрај ова, истиот го има узурпирано и дворното место од зградата. Проблем повеќе е што во заградениот дел остана и трансформаторот за струја“, вели членот од куќен совет Горан Мицковски. „За узурпацијата ги имаме известено сите надлежни институции. Според моите сознанија градежниот инспекторат има изготвено соодветни пријави,...

Continue reading

Ништо од очекуваното

Post Views: 1 Состанокот на Локалната со државните инспектори, од кој јавноста очекуваше да се расправа за работното време и буката која се создава на плажите, се заврте во друга насока, кон урбаната опрема. Инспекциските служби седнаа на иста маса. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, на денешниот состанок со државниот и општинскиот инспекторат побара заедничко делување за справување со негативните појави во градов за време на туристичката сезона. Иако јавноста денес очекуваше одговор и решавање на проблемот со бучавоста која произлегува од објектите на плажите, главен акцент...

Continue reading

kajcinja

Капетанија за интервенции располагаат само со еден чамец

Post Views: 3 Бродовите, глисерите, кајчината  во случај на непријатности во езерските води, на невреме или  на дефекти  можат за помош да се обратат во Охридската капетанија. Единствено трагањето по пловните објекти Капетанијата го прави  во соработка со езерската полиција вели Капетанот Љупчо Настоски. Капетанот  истакнува дека ги информираат  управувачите на пловните објекти преку  флаери и  им ги доближуваат правилата и начините како да дојдат до нивните услуги во случај на потреба. Од Охридската капетанија информираат дека во случај на ризични ситуации интервенираат со три лица...

Continue reading

Непочитувањето на сообраќајните знаци-редовна пракса во летните месеци

Post Views: 1 Почетокот на секоја летна туристичка сезона редовно ги носи карактеристичните проблеми. Зголемена фреквенција на возила чии сопственици често и не обрнуваат внимание на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Сообраќајните знаци буквално како да не постојат. Еден ваков пример ни беше посочен од загрижен граѓанин кој забележал дека многу често не се почитува знакот за еднонасочна улица на пресекот на ул. „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, односно кај Домот на АРМ. За овој случај ги информиравме службите во СВР Охрид кои ни потенцираа дека тие најпрво се обидуваат...

Continue reading

turizam

Политика, туризам, политика, туризам…

Post Views: 1 Закажани за првата недела од месец јуни, се вбројуваат во редот на политичките фактори, кои исто така се и објективни фактори на кои не лесно може да се влијае. Во секој случај нивното влијание врз туризмот може да се очекува, велат туризмолозите. Професор доктор Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, вели дека предверемените избори, може негативно да се одразат врз сезоната ако и само ако истите не бидат демократски. Но исто така нивното успешно спроведување, може да не претстави во светот како демократска земја која вреди да се посети, додава Мариноски. „Сметам дека то...

Continue reading

СВР

Погина градежен работник

Post Views: 0 Фадил В. роден 1952 год. почина денеска при изведување на градежни работи на ул.„Кирил и Методиj“ во Охрид. Од СВР велат дека се работи за несреќен случај при изведување на градежни работи. Имено настанот се случил при качување по дрвени скали кога работникот изгубил рамнотежа и паднал од висина од 5 метри. Фадил В. починал на лице место. Увид е направен од полициски службеници и доктор од општата болница. За случајот бил известен и дежурниот судија при основниот суд во Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

CJZ

Може да здивнеме, мали сипаници во Охрид нема!

Post Views: 5 Иако неколку градови низ земјава од кои најзагрозен е Скопје, се соочуваат со епидемија од мали сипаници,  во нашиот град нема простор за паника. Можноста за појавување е најголема во средините со побројно население и места каде што има мал број на вакцинирани. Во последниве неколку месеци во главниот град заедно со Куманово и Струмица биле регистрирани околу 522 случаи на морбили „Во Охрид досега нема ниту еден пријавен случај на ситните сипаници или морбили, што за среќа претставува еден факт за задоволство затоа што Охрид и делот кој што го покрива Центарот за јавно...

Continue reading

iseceni stebla

Службеник самоиницијативно „им пресуди“ на дрвјата на Партизанска

Post Views: 1 Дрворедот на улицата “Партизанска“ остана без 6 стебла. Овој вандалски чин ја вознемири охридската јавност. На кого му пречеа дрвјата и кој донесе решение за овој чин, одговор побаравме од Локалната самоуправа. Од таму информираат дека дрвјата се исечени без знаење на градоначалникот и раководителите на секторите задолжени за оваа проблематика. Во рамките на администрацијата на Локалната самоуправа, постои четиричлена Комисија за сечење на дрвја, составена од стручни лица вработени во локалната. По барање на граѓани или правни лица, по претходно информирање на градоначалникот...

Continue reading

pp vezba

На висина на задачата

Post Views: 1 Максимално успешно реализирана централната показна тренинг вежба за евакуација на ученици и персонал од образовна институција-училиште во случај на елементарна непогода-катастрофа. Вежбата во рамките на активностите од проектот за “Проценка на ризици и заштита од катастрофи”, ја организира Црвен крст Охрид во ОУ “Христо Узунов”. Наставниците и учениците, соодветно реагираа согласно планот за евакуација. Инаку проектот е во организација на О.О на Црвениот Крст од Охрид, со подршка на ОЦК на РМ и Локалната самоуправа. Претседателот општинската организација, Сашо Точко,...

Continue reading

mobing

За мобингот мора гласно да се зборува

Post Views: 2 Едно од најтешките видови на психолошки насилства, мобингот зема се поголем замав и кај нас. Овој вид на злоупотреба и вознемирување на работното место , може да има многу сериозни последици, како за самата жртва така и за работната средина. Станува збор за насилство кое се прави најчесто од надреден на подреден по вертикала, во одредена организација. Драгица Павлеска Попоска од Сојузот на жени „Езерка“ информира дека пред извесен период, кај нив е пријавен прв подрастичен случај на мобинг. Попоска кажува дека пријавениот случај е од сферата на образованието. „Имаме...

Continue reading

Mitrevi

Петрески ја посети фамилијата Митреви

Post Views: 1 Откако ТВМ ја пренесе сликата за бедата на ова семејство, почна позасилено да доаѓа помош за Митереви. Петрески увиде дека ова семејство нема елементарни услови за живот и рече дека веднаш ќе превземе активности привремено да го реши овој проблем. Неизмерна радост и доверба во очите на петтчленото семејство Митереви кога пред нивниот дом застана градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Скромни во своите побарувања тие на градоначалникот му ја кажаа состојбата во која се наоѓаат, а тоа е живот на свеќа без струја, огрев и храна. Во тоа се увери лично и Петрески...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top