Ознака: СЗО

WHO

Годишната средба на СЗО посветена на пандемијата на А(H1N1)

Post Views: 2 Во Женева денеска се отвора годишното заседание на Светската здравствена асамблеја, структура на СЗО, што ќе биде повод за нејзините 193 членки да ги генерализираат заклучоците, извлечени од пандемијата со вирусот на грипот А (H1N1) Седницата ќе трае пет дена, а на неа ќе учествуваат околу 60 министри за здравство, како и неколку илјади делегати. Тоа е 63-то годишно заседание на СЗО. Се очекуваат бурни дебати, главно по прашањето за вирусот А(H1N1), кој го однесе животот на 18.000 луѓе во светот, откако за првпат беше откриен во април во Мексико. На 11 јуни минатата...

Continue reading

maz i bebe

Жените се од Венера а мажите се неплодни

Post Views: 3 Проблемот со неплодноста кај денешните мажи е толку сериозен, што ако вонземјаните го проучуваат машкиот репродуктивен систем, би заклучиле дека луѓето на планетата Земја се осудени на ненадејно истребување. Додека професорот Нил Скакебаек од универзитетот во Копенхаген го опишува проблемот како “подеднакво важен како и глобалното заотплување”, други одат до таа крајност што велат дека ако нешто не се промени, за неколку генерации машкиот пол ќе стане комплетно неплоден. Медицинските извештаи откриваат дека една петина од здравите мажи на возраст од 18 до 25 години,...

Continue reading

old people

Во пензија на 100 години ?!

Post Views: 1 Според Светската здравствена организација новите генерации ќе се пензионораат на 100 години со оглед на тоа дека популацијата на Земјата старее а медицината напредува.Џон Берд, раководителот на одделот за стареење при СЗО изјавил дека работодавачите треба да се подготват за забрзано стареење на популацијата. На вработените треба да им се дозволи да работат подолги години отколку што традиционално се очекува од нив.До 2050 година секој трет жител на Земјава ќе биде постар од 65 години. Овај тренд ги загрижи владите бидејќи голем дел од буџетските средства одат за пензии...

Continue reading

deca debeli

Ова е чудесно дебел свет

Post Views: 3 Според проценката на Светската здравствена организација (СЗО), во светот има најмалку пола милијарда возрасни луѓе кои имаат прекумерна тежина и повеќе од 700 милиони кои се сметаат за гојазни. СЗО, исто така, открива дека најмалку 20 милиони деца помлади од пет години имаат прекумерна тежина. Но, за овој феномен не се заинтересирани само од СЗО. “Kaiser Permanente”, една од најголемите компании за здравствено осигурување во Америка, неодамна изврши сопствено испитување на оваа тема во кое беа вклучени најмалку 1.600 пациенти кои имаат проблем со својата...

Continue reading

logo

WHO: Досега свинскиот грип однесе 11.500 животи

Post Views: 0 Повеќе од 11.500 лица починале во светот од последиците на свинскиот грип, од откривањето на вирусот во април, па си до сега, соопшти Светската здравствена организација(СЗО). Според истиот извор, вирусот го достигнал својот врв во последните месеци, најмногу на северната полусфера на планетата со настапувањето на зимата. Од СЗО додаваат дека според официјални податоци од 208 земји во светот, бројот на жртвите од опасната болест до 20. декември изнесува 11.516 лица. {loadposition content9}

Continue reading

logo

6000 мртви од грипот А(H1N1)

Post Views: 0 Бројот на жртвите на грипот А(H1N1) во светот го надмина прагот од шест илјади лица седум месеци по појавата на вирусот, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО). До 1 ноември починатите се најмалку 6.071 лице во 199 држави, покажуваат податоците на Организацијата.Споредбата со претходниот билтен на СЗО, објавен на 30 октомври, покажува зголемување на смртните случаи за 14 проценти седмично.Во Северна Америка се забележува интензивно и трајно распространување на грипот без индикации за достигнат врв, посочува здравствената организација.Американският...

Continue reading

Не е точно дека СЗО не препорачува да се носат маски во училиштата

Post Views: 5 СЗО има донесено препораки за употребата на маски во училиштата и тоа за секоја возраст. Не е точно дека СЗО нема препораки за тоа дали децата во училиштата треба да носат маски, како што се сугерира во објавата што ја анализираме. Таквите препораки се присутни на повеќе места од порталот на СЗО, како и во официјални публикации издадени од страна на организацијата. Објава на Фејсбук, пишувајќи за протоколите во училиштата, според кои децата и вработените треба да носат маски како заштита против коронавирусот, ја манипулира јавноста дека Светската здравствена организација...

Continue reading

logo

Пандемија!!!!

Post Views: 0 Светската здравствена организација го дигна шестото ниво на предупредување за зараза од новиот вирус од типот А (Х1Н1), што подразбира глобална пандемија на грип. По донесувањето на ова одлука СЗО ги информира државите членки за одлуката да прогласат пандемија на новиот грип.Генералниот директор Маргарет Чан во седиштето во Женева рече дека натамошното ширење е неизбежно но дека има добри причини да се верува оти во првите денови пандемијата ќе има умерени последици. Според податоци на СЗО, 74 држави во светот информирале за 27.737 случаи на заболени од новиот грип,...

Continue reading

baner

СЗО демантира дека вирусот Х1Н1 е лабораториска грешка

Post Views: 0 Нема докази дека вирусот Х1Н1 на новиот грип А е создаден во лабораторија, изјави заменик-генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Кеиџи Фукуда. Пензиониран вирусолог од Австралискиот национален универзитет, Ејдран Гибс, претходно изнесе теорија дека е можно вирусот Х1Н1 да настанал од невнимание на научниците, кои развивале нови вируси за создавање нови вакцини. И експертите за грип од Светската здравствена организација ја разгледуваат можноста грипот А да е комбинација од генетскиот материјал на свињите, птиците и на луѓето, создаден во научна...

Continue reading

logo

СЗО прогласи петто ниво на тревога

Post Views: 2 Светската здравствена организација (СЗО) го подигна степенот на тревога од четврти, на петти степен, бидејќи вирусот на новиот грип се шири без знаци на забавување. Ова е прв пат во последните 25 години СЗО да го крене степенот на готовност на пет, од вкупно шест нивоа. Во меѓувреме, хрватското Министерство за здравје соопшти дека во Осиjек е регистриран прв случај за кој постои сомневање дека е заразен со вирусот Х1Н1. Студентка по економија, која престојувала две недели во САД на студентска размена, е задржана во карантин по д сомневање дека е заразена со вирсуот на...

Continue reading

logo

СЗО објави четврт степен на опасност од свински грип

Post Views: 4 Извршниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) на синоќешниот состанок во Женева донесе одлука за зголемување на степенот на опасност од болеста свински грип од трето на четврто ниво. Како што соопшти в.д. заменикот генерален секретар на СЗО, Кеиџи Фукуда, зголемувањето на нивото на опасност од трет на четврти степен значи дека Организацијата потврдува постоење на епидемија на нов тип на грип во ограничен број реони и дека е зголемена опасноста од појава на пандемија на болеста, но дека пандемијата не е и неизбежна. Според Фукуда, врз основа на расположливите...

Continue reading

погребна кола

Лага е дека СЗО плаќа за евидентирање на починатите од ковид-19

Post Views: 5 Семејствата на починатите не одредуваат што е причината за смртта по пат на избор, туку тоа го прават лекарите, овластените и стручни медицински власти, согласно дијагнозата и текот на хоспитализацијата, а за сето ова постои комплетна документација во здравствените установи. Рецензираме пост објавен на Фејсбук во кој немедицинско и непоткрепено со факти тврдење се претставува како да е ,,искуство”. Притоа, во групата каде што се споделува ова таканаречено искуство, кое што доаѓа од анонимен извор, се поставува прашањето ,,Дали е ова вашиот избор?”. Во објавата се вели: Доктор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top