Годишната средба на СЗО посветена на пандемијата на А(H1N1)

Во Женева денеска се отвора годишното заседание на Светската здравствена асамблеја, структура на СЗО, што ќе биде повод за нејзините 193 членки да ги генерализираат заклучоците, извлечени од пандемијата со вирусот на грипот А (H1N1).

 |  Маја Савиќ  | 
WHO
СЗО

swine fluВо Женева денеска се отвора годишното заседание на Светската здравствена асамблеја, структура на СЗО, што ќе биде повод за нејзините 193 членки да ги генерализираат заклучоците, извлечени од пандемијата со вирусот на грипот А (H1N1)

Седницата ќе трае пет дена, а на неа ќе учествуваат околу 60 министри за здравство, како и неколку илјади делегати. Тоа е 63-то годишно заседание на СЗО.

Се очекуваат бурни дебати, главно по прашањето за вирусот А(H1N1), кој го однесе животот на 18.000 луѓе во светот, откако за првпат беше откриен во април во Мексико.

На 11 јуни минатата година СЗО го активира највисокиот степен на тревога и го прогласи А(H1N1) за прва пандемија на грип на 21 век. Таа мерка, меѓутоа, беше базирана не на сериознозна на вирусот, туку на тоа дека тој се распространува од најразлични точки на планетата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top