6000 мртви од грипот А(H1N1)

Бројот на жртвите на грипот А(H1N1) во светот го надмина прагот од шест илјади лица седум месеци по појавата на вирусот, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО).

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Бројот на жртвите на грипот А(H1N1) во светот го надмина прагот од шест илјади лица седум месеци по појавата на вирусот, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО).

logoДо 1 ноември починатите се најмалку 6.071 лице во 199 држави, покажуваат податоците на Организацијата.
Споредбата со претходниот билтен на СЗО, објавен на 30 октомври, покажува зголемување на смртните случаи за 14 проценти седмично.
Во Северна Америка се забележува интензивно и трајно распространување на грипот без индикации за достигнат врв, посочува здравствената организација.
Американският континент (Јужна и Северна Америка), каде што првите заболени беа регистрирани во пролетта, останува со најмногу жртви со 4.399 докажани случаи, покажуваат податоците на СЗО.
Во Азија и во Тихоокеанскиот регион се регистрирани вкупно 1.159 смртни случаи, а во Европа, најмалку 300.
СЗО повикува вниманието кон грипот да не ослабнува и го повика населението да не одбива да се вакцинира со расположливите вакцини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top