Ова е чудесно дебел свет

Според проценката на Светската здравствена организација (СЗО), во светот има најмалку пола милијарда возрасни луѓе кои имаат прекумерна тежина и повеќе од 700 милиони кои се сметаат за гојазни.

 |  Маја Савиќ  | 
deca debeli
деца дебели

debelinaСпоред проценката на Светската здравствена организација (СЗО), во светот има најмалку пола милијарда возрасни луѓе кои имаат прекумерна тежина и повеќе од 700 милиони кои се сметаат за гојазни.

СЗО, исто така, открива дека најмалку 20 милиони деца помлади од пет години имаат прекумерна тежина.

Но, за овој феномен не се заинтересирани само од СЗО. “Kaiser Permanente”, една од најголемите компании за здравствено осигурување во Америка, неодамна изврши сопствено испитување на оваа тема во кое беа вклучени најмалку 1.600 пациенти кои имаат проблем со својата тежина.

Од испитаниците било побарано да водат дневник за целата храна која ја конзумирале во периодот од 30 месеци. Според др. Виктор Стивенс, студијата открива дека испитаниците кои воделе точна евиденција за се’ што изеле изгубиле двојно повеќе килограми од луѓето кои не воделе дневник за својата исхрана.

Дали тоа значи дека се дебелееме затоа што “забораваме” колку многу јадеме во текот на денот? Според докторите, клучниот успех доаѓа дури откако пациентот сами ќе сфати дека е време да ги намали оброците и да почне да извршува некаква физичка активност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top