Ознака: селото

Kuratica

Курајчани конечно ќе бидат снабдени со доволни количини вода

Post Views: 8 Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија. Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани. „Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното...

Continue reading

gradinka

Продолжениот престој и оваа година ќе функционира

Post Views: 1 Родителите можат да бидат мирни. Продолжениот престој во рамките на ОУ Григор Прличев и градинката Јасна Ристеска и оваа година ќе функционира. Веќе се запишани 43 дечиња на возраст од шест до десет години кои се згрижени од стручен персонал од градинката кој поседува соодветно образование за одделенска настава. Се очекува овој број да се зголеми бидејќи уписите траат до крајот на септември. Цената на чинење за целодневниот престој е иста како во градинката и изнесува 1590 ден. а во неа покрај престојот се вклучени и три оброци, кажува Роза Костеска-директорката на ...

Continue reading

Proslava Ilinden

Во Охрид достојно одбележан големиот македонски празник Илинден

Post Views: 9 Делегација на Советот на Општина Охрид денес со свечени активности го одбележува празнувањето на двата Илиндена. Во градскиот парк, пред спомениците на Христо Узунов ,Методи Патче, и хероите од НОБ Андон Дуков и Спас Банџов делегацијата на Советот на општина Охрид и Локалната самоуправа , Сојузот на борците на НОБ и други институции и организации во знак на почит положија свежо цвеќе. „Локалната самоуправа и општина Охрид со низа на активности и манифестации го одбележува најголемиот национален празник на македноскиот народ кој е симбол на борбата на македноскиот народ...

Continue reading

мрша

Жители од селото Орман бараат решавање на комуналните проблеми

Post Views: 23 Жителите од селото Орман го запознаа секретарот на општината  Димитар Спасески со два посериозни еколошки проблеми. Орманци  во моментов се соочуваат со фрлање на пцовисан добиток во атарот на нивното село. На тој начин несовесни сточари ја загадуваат околината, а во опасност ги доведуваат земјоделските посеви со градинарски култури, стоката и водата за пиење, реагираат жителите на Орман. Неодамна, спас од еколошкото загрозување побарале од надлежните институции, но мршата само била поместена 100-тина метри понатаму од првичната локација. Орманци бараат Локалната самоуправа...

Continue reading

mrsa

Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза

Post Views: 8   Фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза.  Во атарот на  селото Орман, во месноста Чекоштина се шири неподнослива реа и ужасна глетка наместо видик кон езерото. Покрај мршата крајно несовесен сточар се ослободил и од други животински отпадоци.  Александар Станоески, од селото Орман, вчера во попладневните часови во непосредна близина на селската црква Св. Наум, ја забележал фрлената мрша. Станоески напоменува дека ова не е прв пат на ова место несовесни сточари да се ослободуваат од пцовисани домашни животни и ја загадуваат околината. „ Пцовисаната мрша...

Continue reading

orovnik vodovod

Трајно се решава проблемот со водоснабдувањето во с. Оровник

Post Views: 0 Градежни зафати во село Оровник, преку кои ќе се реши проблемот со водоснабдувањето посебно за жителите во горниот дел на селото. Жителите крајно задоволни што конечно ќе се реши нивниот проблем. Тие откриваат со кави проблеми се соочувале изминатиов период. „Кога го колев прасето вода немав да се измијам. На пазар еден понеделник отидов неизмиен. Големи  што се прави треба да имаме доволно вода, а како ќе биде ќе видиме“, вели Бранко Мојсоски, жител на с. Оровник. Проектот чини 180 000 денари, а средствата ги обезбеди локалната самоуправа заедно со комуналното претпријатие....

Continue reading

Svinista

Подобри услови за живот на село посакуваат жителите од охридските села

Post Views: 2   Асфалт, вода и канализација се сеуште сон за многу жители од нашите села. 50 -тината жители од село Свиништа, претежно постари луѓе, како и повеќето жители од охридските села, имаат потреба од  подобрување на инфраструктурата во селата во кои живеат. Претседателот на Месната заедница, Благоја Крстаноски, вели секоја година во Локалната самоупорава поднесуваат барања со кои сакаат да се подобри животот на свиништани. „Најприоритетни се санција и асфалтирање на патот од магистарлниот пат до селото во должина од 2,5 км, еден крак од селото до црквата Св. Богородица, како...

Continue reading

d-r Vlado Kocovski

Kандидатот за градоначалник на Струга Кочовски, денеска во посета на Подгорци

Post Views: 7 д-р Владо Кочовски кандидат за градоначалник на Струга, од коалицијата „„Заедно за Струга“, денеска во посета на  Подгорци.  „Овде со години ништо не е вложено“, истакна Кочовски пред насобраните граѓани кои излегоја да слушнат што новата локална власт планира да инвестира во ова село. „ Во мојата програма влезено е и селото Подгорци во која стои дека за нардниве четири години доколку го добијам мандатот на нашите граѓани ние ќе направиме изградба и санација на патот Подгорци – Лабуништа и Подгорци – Вевчани, изградба на спортска сала промена на маркицата и давање дозвола...

Continue reading

brezani

Брежанци немаат линиски превоз

Post Views: 24 Брежани има добра земја, здрава вода и убава природа, но нема линиски превоз до ова село. Сместено е во крајниот југоисточен дел на Дебрца, оддалечено од Охрид 32 км. До Брежани се стигнува од  Ботун, па патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Брежанецот Цветко Суколоски се обрати до нашиот медиум и упати апел до надлежните, барем еднаш неделно да им организираат превоз до селото. Вели дека патот до сред село е асфалтиран а комбе оди само до Велмеј, кое е на 6 километри од Брежани. Тој додава дека во селото останале 20 тина мештани кои обработуваат земја и...

Continue reading

kuratica ogan

Куратица се подготвува за традиционалниот карневал

Post Views: 2 Денеска на влезот од селото вниманието ни го привлече табла на која јасно пишува „Добредојдовте во куратица.еу“. Повеќе од очигледно е дека жителите на Куратица веќе се чувствуваат како да се во ЕУ. „Ние како Месна заедница сакаме се да функционира во селото, токму затоа се чувствуваме европски“, вели претседател на МЗ Куратица,Горан Ангелоски. Последните подготовки за карневалот се во завршна фаза, вели претседателот на МЗ Горан Ангелоски. Тој додава дека на последниот состанок кој го одржале во петокот биле дефинирани сите детали за празникот и карневалот. „Карневалот...

Continue reading

kuratica

Повеќе од една недела без струја во 21 век

Post Views: 5 Куратица, Опеница, Завој, Плаќе, Речица, Свињишта Тие се повеќе од една недела немаат струја и телефон. Жителите се видно револтирани и на игноранскиот однос на вработените во ЕВН и велат дека доколку ништо за брзо време не се промени, ќе штрајќуваат пред подрачната служба на ЕВН во Охрид.     „Ова е катастрофа. Немаме телефон, немаме струја. Како што прашуваме во ЕВН редовно се бранат дека има многу дефекти, но таму каде што нема такви катастрофи  треба да се повлечат луѓето и да се среди оваа работа. Св Никола ни е наврата и изгледа дека за овој големпразник ќе останеме...

Continue reading

soobrakajka

Камион се преврте пред селото Опеница

Post Views: 18 Неприлагодена брзина на патот, најверојатно е причина за сообраќајната несреќа која се случи утрово на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Опеница и кога се преврте камион со полу приколка со охридски регистарски таблички, сопственост на ДОО „Отпад Охрид“.   Несреќата се случила во 09.00 часот, по што сообраќајот беше со повремени преќини, се додека камионот не беше подигнат со специјално возило – дигалка.СРВ веднаш излезе на лице место, со цел да ги утврди причините за несреќата.   По неколку часа текот на сообраќајот на оваа делница беше нормализиран....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top