Во Охрид достојно одбележан големиот македонски празник Илинден

Утрово делегација на локалната положи свежо цвеќе пред спомениците на хероите од НОБ.

 |  Маленкова Татјана  | 
Proslava Ilinden
прослава Илинден

Делегација на Советот на Општина Охрид денес со свечени активности го одбележува празнувањето на двата Илиндена. Во градскиот парк, пред спомениците на Христо Узунов ,Методи Патче, и хероите од НОБ Андон Дуков и Спас Банџов делегацијата на Советот на општина Охрид и Локалната самоуправа , Сојузот на борците на НОБ и други институции и организации во знак на почит положија свежо цвеќе.

„Локалната самоуправа и општина Охрид со низа на активности и манифестации го одбележува најголемиот Proslava Ilindenнационален празник на македноскиот народ кој е симбол на борбата на македноскиот народ за слобода и самостојност. Централната манифетација се одржа синоќа во селото Велгошти каде имаше обраќање градоначалникот на општина охрид и каде имаше пригоден културно уметничка програма. Денеска традиционално се поклонуваме пред дејците кои исто така ја симболизираат борбата на македонскиот народ за слобода и самостојност и положуваме свежо цвеќе во име на локалната самоуправа“, истакна претседателот на совет,Гордана Коњановска.

Делегацијата на општина Охрид, свежо цвеќе положи и пред спомен – плочата на Прентов Мост, каде се одржаа традиционални манифестации  кои и оваа година ги подржува локалната самоуправа. Свежо цвеќе, историски час денеска и пред споменикот на паднатите борци од с. Плаќе во востанието на Рашанец. Таму беше изведен и импровизиран напад на селото од комитите.

Одбележувањето на Илинден во Општина Охрид започна од вчера, кога во очи на празникот, традиционално и оваа година со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти . Пред споменикот се поклонија делегации на општина Охрид, политички партии, институции и поединци.

На свеченоста присуствуваше градоначалникот Никола Бакрачески кој на присутните им го честита овој светол и голем ден за македонската историја.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top