Post Views: 2
29-та седница на Советот на општината прва во оваа година, заврши пред и да започне. За помалку од половина час, на барање на советничката група на СДСМ, седницата беше прекината. Имено на оваа група, а во врска предлог иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за преименување на една од улиците во личнсота и делото на спортскиот великан Атина Бојаџи, и беа потребни дополнителни консултации со останатите коалициони партнери, истакна советникот од оваа група, Ахмед Патељ. А од оваа советничка група и со малку поразличен предлог за истата иницијатива.
„Како советниќка...
Post Views: 5
Ова е ставот на советниката група на ВМРО-ДПМНЕ, во врска утврдување на висината на надоместокот за „Солидарен пакет – погребални услуги“. Со прекинот на денешната седница на Советот на општината, се пролонгира и изгласувањето на нејзиниот износ. Само за потсетување, точката на која требаше да се изгласа висината на погребалните услуги, помина пред градските избраници на последната седница на совет минатата година, но со одредени забелешки. Дел од советниците реагираа дека 100 -те денари кои граѓаните треба да ги плаќаат е преголем месечен издаток за охриѓани,...
Post Views: 7
Настапи во земјата и странство како и промоција на македонското едрење во странство. Тоа се само дел од успесите на охридските и струшките едриличари во годината која е зад нас. Едриличарската Федерација на Македонија на свечената седница ги прогласи најуспешните едриличари во 2010 година. Покрај Димитар Поп-Стефанија, како најуспешен едриличар и Ердал Љушо , кој доби посебно признание за настапот на Светското младинско првенство во класата Ласер Радијал и девојките со забележителни резултати.
Така младата Ирена Грунче ја понесе титулата најуспешна едриличарка. Нејзина...
Post Views: 1
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на првата седница на совет годинава ќе поднее иницијатива една улица во Охрид да го носи името на Атина Бојаџи. „Оваа наша иницијатива е во знак на почит на големото име, легендата на македонското пливање Атина Бојаџи. Со оваа иницијатива сакаме да искажеме почит кон жената која го претставуваше Охрид и Македонија во целиот свет“, вели претседателот на Ок на ВМРО ДПМНЕ Атанско Михаилов.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Променет концептот на 28та седница. Наместо да се почне со предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, како прва точка на дневен ред и предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како втора точка, први се најдоа програмите на Секторите во општината за тоа каде ќе се трошат буџетските средства. Така одлучија советниците. Тие исто така се согласија расправата да тече во два дела, општа и амандманска. Но наместо посакуваниот сублимиран тек на разговор, дискусијата уште на почетокот замина во недоглед. Дејан Паноски од ВМРО...
Post Views: 3
За 29 ти декември годинава, претседателот на Советот Душко Јаковчески, ја закажа 28 седница. Континуитетот на долгометражен дневен ред на седниците не изостана и овој пат, така што, советниците ги очекува напорна работа да одлчуваат по 39 точки. Меѓу точките, на дневен ред се: предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како и триесеттина предлог одлуки за усвојување на програми на секторите во општина Охрид, за тоа каде ќе се трошат буџетските средства на градот. На дневен...
Post Views: 3
Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување....
Post Views: 3
Нацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка 5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески
Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени на атрактивни локации во централното градско подрачје.
Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница,...
Post Views: 2
Дваесет и шестата седница на охридскиот Совет помина безболно. Предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2010 год помина без поголеми препукувања. Јованка Дамоска од ВМРО- ДПМНЕ укажа на очигледни погрешни проценки на одредени ставки од буџетот, за што реагираа и на минатата седница но добиле само сувопарно образложение од Комисијата за финансии и буџет. Дамоска рече дека ако добро се погледнат приходните ставки ќе се види каде лежи главниот проблем.
Борис Стефаноски загрижен за делот каде тој има влијание, во Комисијата за комунална...
Post Views: 8
Отворен и слободен начин на комуникација со медиумите. ОК на ВМРО – ДПМНЕ за реализација на своите активности ќе работи по европски терк. Денешната средба со новинарите беше пример за тоа. Раководната гарнитура на овој политички блок даде одврзани раце новинарите слободно да поставуваат прашања без разлика од која област произлегуваат, само да се во интерес на јавноста. Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид Илија Мојсоски рече дека целта е интерактивна дискусија меѓу челните луѓе на партијата и новинарите. Претседателот на партијата Атанаско Михаилов акцент даде на нашето...
Post Views: 2
Започнаа активностите со кои се прославува 66 годишнината од слободен Охрид. Свечената седница започна со едноминутно молчење со кое им се оддаде почит на погинатите борци за слободата на Охрид и починатите учесници во Народно Ослободителната Борба.
На седницата свое обраќање имаше градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека одбележувањето на ваквите важни датуми од историјата на Охрид не’ обврзуваат ние како генерација да дадеме свој придонес за неговиот натамошен развој.
„ Нивниот придонес за денешната слобода го чувствуваме ние, но обврска е тоа да го прават...
Post Views: 4
Освен по кусата расправија околу предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за управување со отпад во Југозападниот регион, тешко дека по друго оваа седница ќе остане запаметена.
Од најавените триесетина точки по дневниот ред, едвај неколку да беа изгласани. На самиот почеток од седницата советниците кренаа рачна. При утврдување на дневниот ред, советничката група на НСДП, со барање да се изземе предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за регионално интегрирано управување со отпад во Југозападниот регион. Имено од оваа...