Ознака: СВ

САНАЦИЈА НА ПОТПОРЕН ЅИД КАЈ ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 8 Градежни работи за санација на потпорен ѕид, денес, се одвиваат во ОУ „Св. Климент Охридски“. Поради надворешните временски влијанија, ѕидот беше значително оштетен и претставуваше опасност за децата.Градежните работи ги изведува „Бокоп – Струга“, а вредноста изнесува 225.114,00 денари.

Continue reading

Вооружен инциндент во ОЕМУЦ Св. „Наум Охридски“

Post Views: 1 Вчера попладне во СВР Охрид било пријавено дека во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се случил инцидент во кој било употребено огнено оружје. Неофицијално, во инцидентот учествувале двајца ученици, еден од трета година и еден од прва година.Охридската полиција изврши увид на местото на настанот.Од СВР Охрид за денес најавуваат повеќе информации за инцидентот.

Continue reading

Ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“

Post Views: 8 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. Јануари 2019 година (четврток), во метохот на манастирот Св. Наум Охридски – „Св. Атанасиј Велики“ – Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Continue reading

Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта секојдневно се одронува

Post Views: 5 Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, потенцијална опасност за минувачите и за учениците во училиштето Св. Климент Охридски. Големи камења секојдневно се одронуваат од овој ѕид за кој и не се памети кога бил изграден. Мештаните во повеќе наврати реагирале до надлежните институции, но сите одговорноста си ја префрлале од еден на друг. Едни велат дека овој ѕид бидејќи е во атарот на црквата таа треба да го санира. Други пак тврдат дека тоа треба да го стори Локалната. Мештаните се обратиле и до инспекциските служби. Јас искрено да ви кажам не...

Continue reading

канео

Тајните на Охрид: Св.Јован Канео

Post Views: 7 Една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот. Преданијата велат дека Охрид некогаш имал 365 цркви. Можеби не е најстарата, но во секој случај, Св.Јован Канео е дефи За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер од црквата Св. Константин и Елена во Охрид се споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св. Константин и Елена. Со ова се потврдува постоењето на...

Continue reading

Спречен обид за нелегално внесување 10 илјади евра на граничниот премин „Св. Наум“

Post Views: 1 Во текот на вчерашниот ден, на граничниот премин „Свети Наум“ кај Охрид, спречен е обид за нелегално внесување на девизни средства во Република Македонија. На влез во државата, во 11:30 часот, се пријавил грчки државјанин со иницијали С.К. (60) како возач на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички. Поради сомнение од страна на царинскиот службеник била извршена контрола на возилото и личен преглед на патниците, при што биле пронајдени и запленети непријавени парични средства во износ од 9.388 евра – информираат од Царинската управа на Република...

Continue reading

Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патрониот празник

Post Views: 13 Општинското средно училиште Св. Климент Охридски со свечена програма го одбележа патрониот празник. Средношколците од охридската гимназија нижат успеси и достојно се носи името на словенскиот просветител, а училиштето се вбројува помеѓу подобрите образовни установи во земјава. „ Според успесите сеуште сме на врвот на Републиката. Во однос на средните училишта резултати имаме на сите полиња. Последни ни се успесите од ноември од полето на науката каде што наши ученици постигнаа врвни резултати и добија награди од сите природни науки“, посочува Весна Цветкоска директор...

Continue reading

Света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св.Архангел Михаил“

Post Views: 0 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. Ноември (среда) 2018 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на    учествување и заедничко прославување на овие празници.

Continue reading

ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА ПАТЕКАТА ОД СААТ КУЛАТА ДО СТАРОТО УЧИЛИШТЕ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 2 Во поодмината фаза е проектот на општина Охрид за изградба и поплочување на патеката што води од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“. На патеките  со должина од 250  и 275 метри квадратни веќе е поставен тампон со дебелина од 10 до 15 сантиметри и бетонска подлога  со дебелина од 10 сантиметри. Поплочувањето на едната патека е при крај и се работи на поплочување на втората патека. Изведувач на градежните активности е фирмата „Тане 2007“ од Охрид , а  проектот што општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот...

Continue reading

Американски експерти ќе извршат мапирање и фотографирање на црквата Св. Софија

Post Views: 0 Еден од најрепрезентативните споменици на културата во Македонија, катедралната црква Св. Софија викендов ќе биде фотографирана со користење на најсовремена технологија. Документирањето на екстериерот и ентериерот на црквата , со фокус на фреските, ќе се прави под подкровителство на Министерството за култура на Република Македонија, во координација со Општина Охрид, од страна на тимот на  американски експерти од CyArk компанијата. Експертите од CyArk  ќе ги документираат податоците од Св. Софија на три нивоа. Ќе се користат беспилотни дрон летала, земјени ласерски скенирања...

Continue reading

Во населбата Месокастро ќе почне да се гради рекреативна пешачка патека од Саат кулат до ОУ „ Св Климент“

Post Views: 1 Охриѓани и туристите ќе добијат рекреативна пешачка патека од градската Саат кула до ОУ „Св. Сава“. Современата патека ќе биде во должина од 325 метри и ќе има два краци. Уличното осветлување ќе биде со 20 четириметарски канделабри, поствени на секои 15 метри. Изведбата на проектниот зафат ќе биде туристичка атракација благодарение на средствата наменети за рамномерниот регионален развој од Центарот за Југозападен плански регион. „ Овој проект за пешачката патека од Саат кула до ОУ „Св. Сава“ ќе придонесе за подобра комунална инфраструктура и за подобрување на туристичката...

Continue reading

Успешно реализирана традиционалната крводарителна акција по повод празникот Св. Климент

Post Views: 4 На 8 и 9 август на Плаошник православните верници масовно го посетуваат храмот на Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон. Традиционално на овој ден се организира крводарителна акција. И оваа година успшено е спроведена акцијата на собирање крв. Tони Симоноски од Охрид , е еден од кродарителите кој се вклучи во оваа акција на скапоцена течност која значи живот. Тој е крводарител од своето полнолетство, а досега  дарувал над  40 пати  крв. За денешната акција вели, дека иако на хуманизмот во ова денешно време како да се подзаборава , го радува факот што гледа се повеќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top