Ознака: светско

Охрид домаќин на 12то Светско првенство во брза телеграфија

Post Views: 1 Светско првенство во брза телеграфија во Охрид. По 12 пат 170 претставници на национални тимови од 22 држави од целиот свет  се натпреваруваат во Охрид по брза телеграфија. Радиотелеграфијата е хоби кое што во минатото беше употребувано професионално од страна на војската, полицијата, морнарицата поштите, но денес со напредок на современата техника ја употребуваат само радиоаматерите за лично задоволство и како дел од еден натпревар, појаснува Оливер Табаковски – претставник на меѓународната радиоаматерска унија. „Натпреварот се состои од четири дела, дисциплини, првата...

Continue reading

vaterpolist

Македонските ватерполисти го имаа своето деби на Светското првенство

Post Views: 9 Ватерполо репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар на Светското првенство во Италија, што воедно претставува деби на Македонија на Светските првенства Македонија немаше среќа во жребот и се најде во најтешката група „Д“, во која се и домаќинот Италија, САД и Романија. Македонските ватерполисти се надеваат дека ќе остварат барем една победа, а шансата ја гледаат токму против вечерашниот противник Романија (19.40 часот). Македонија веќе има една победа против Романија на Европското првенство во Малага, кога благодарение на таа победа избори директен...

Continue reading

Тековндистот Алескандар Јованоски оди на светско

Post Views: 1 Трите месеци напорна работа и часовите поминати во технички и кондициони подготовки на Александар Јованоски, ќе кулминираат со неговото учество на претстојното светско првенство во Теквондо, кое на почетокот на наредниот месец треба да се одржи во Андрија Италија. Алексанадар неодамна го исполни и последниот критериум за учество на првенството, односно полагањето за црн појас во оваа боречка вештина. Овој млад спортист кој седум години е член на „Hwa rang ITF“ теквондо клубот од Лескоец, ветува дека достојно ќе ја претстави нашата држава. „Спремен сум да дадам се од...

Continue reading

fudbal

По 13 години повторно северна Кореа на СП

Post Views: 1 Северна Кореја ќе може своите фудбалски проектили слободно да ги испроба во Јужна Африка, откако нивната репрезентација за втор пат во историјата избори пласман на СП. Репрезентацијата на Северна Кореја е последниот директен патник од азискиот континент на Светското првенство во Јужна Африка 2010. Ова ќе биде нивно прво учество на вакво големо натпреварување после 1966 година.Севернокорејците својот пласман го обезбедија откако го освоија второто место во Групата 2 во азиските квалификации. Тие  одиграа нерешено со Саудиска Арбаија 0:0 во Ријад. На Саудијците им одговараше...

Continue reading

kokteli

Бармените ја почнаа сезоната во Охрид

Post Views: 0 Секој со свој коктел денес во кафе-барот „Ликвид“ во Охрид, триесет бармени од целата земја зедоа учество на осмото по ред Државно првенство на Македонија. Во борбата за титулата тие се претставија во две категории, класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ги оценува стручна комисија составена од експерти од земјата и од странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел, што ќе го...

Continue reading

logo

Денес квалификации за Светско фудбалско првенство 2010 во Јужна Африка

Post Views: 2 Вкупно четиринаест натпревари ќе се одиграат денеска во европската, односно УЕФА зоната од квалификациите за пласман на Светското првенство 2010-тата во Јужна Африка. Во групата 9, каде настапува и нашата фудбалска селекција, покрај дуелот на стадионот „Филип Втори“ во Скопје, меѓу Македонија и Норвешка (17:45 часот) се игра и натпреварот меѓу репрезентациите на Исланд и досега непоразената Холандија (20:45).Табела група 9: Холандија 15 бодови (5 натпревари), Шкотска 7 (5), Исланд 4 (5) Македонија 3 (4) и Норвешка 2 (3). Во останатите квалификациски групи се среќаваат:...

Continue reading

Srecko Katanec

Шансите за настап на Светското првенство, се топат

Post Views: 7 Македонија претрпе убедлив пораз 0-4 на гостувањето против силната Холандија со што дополнително ги намали шансите за дебитантски настап на фудбалскиот Мундијал. Комплетната репрезентација на Македонија синоќа на „Амстердам арена“ одигра очајно и повеќе од заслужено е поразена од трето рангираната репрезентација на светот. Холандија од самиот почеток доминираше на сите делови од теренот и само по 25 минути водеше со 2-0, со головите на Дирк Кајд и Јан Хунтелар. До крајот на полувремето, Кајд постигна уште еден гол за убедлива предност на Холандија од 3-0. Во вториот...

Continue reading

logo

Македонија на гости кај третите во светот

Post Views: 2 Македонската фудбалска репрезентација денеска ги продолжува квалификациите за пласман на СП со тешко гостување против Холандија, трето рангираната репрезентација на светот. Натпреварот е во рамки на 9.квалификациона група, во која Холандија по четири меча е лидер со максимален учинок. Македонија има скор од една победа и два порази, но се уште е во игра за второто место во групата, кое обезбедува бараж за пласман на Мундијалот 2010. Мечот започнува во 20,45 часот, а според најавите, вечерва на „Амстердам арена“ ќе има околу 1,500 македонски навивачи. Ова ќе биде второ...

Continue reading

zelencuk

Со зеленчук против деликвентите

Post Views: 0 Свежото овошје и зеленчукот, ако се застапени секој ден на трпезата, а особено во исхраната на младите, може да влијае на нашето добро расположение и да го намали асоцијалното однесување. Ова го утврдила една студија спроведена во Велика Британија, земја која со години е соочена со голем процент на несоодветно однесување на младите.Затоа на Островот, на овој проблем му се приоѓа со многу внимание, па не е чудо што британските криминолози ја повикаа науката на помош да пронајде начин за дејствување. Морковот, зелката и брокулите ако секојдневно се застапени во исхраната...

Continue reading

rakometari

Македонија на Светското првенство во ракомет во Хрватска

Post Views: 6 Светското првенство во ракомет започнува денеска во Хрватска, фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска. Македонските ракометари утре во Вараждин го играат првиот натпревар против селекцијата на Тунис. На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации, поделени во четири групи. Во групата Ц со Македонија се Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир. Светските букмејкери ја сметаат Македонија, која по пауза од десет години, се враќа на светските првенства, за тотален аутсајдер...

Continue reading

logo

Утре почнува Светското првенство во ракомет

Post Views: 3 Со натпреварот во групата Б меѓу Хрватска и Јужна Кореја, утре во 20:30 часот во Сплит почнува Светското првенство во ракомет за мажи. Фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска. Ќе учествуваат 24 репрезентации распоредени во четири групи, а натпреварите ќе се играат во седум градови: Осијек, Сплит, Вараждин, Пореч, Пула, Задар и Загреб. •    Во групата А ќе се натпреваруваат: Франција, Унгарија, Словачка, Романија, Аргентина и Австралија.•    Во групата Б: Хрватска,...

Continue reading

logo

Последни тренинзи пред Светското првенство во ракомет

Post Views: 13 Дваесет дена подготовки, пет контролни натпревари, четири победи, едно реми, два пехара, празници, повреди. Нашите најдобри ракометари минаа низ се што е вообичаено на патот кон Хрватска и второто мундијалско учество. Нема изненадување на списокот на селекторот Темелковски, засега во резерва ќе останат Златко Мојсовски, Недановски, Митревски и Стојанче Стоилов.Добрата работа и триумфите позитивно ја градат атмосферата. Се е според предвиденото, трите последни дена и пет тренинзи пред заминувањето за Вараждин треба да ја најдат фината глазура на формата. „Она што го...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top