Охрид домаќин на 12то Светско првенство во брза телеграфија

Дваесет и две репрезентации на радиоаматери од 9 до 13 септември годинава, учествуваат на 12 Светско првенство во брза телеграфија, што се одржува во Охрид. Првенството е во организација на Радиоаматерски сојуз на Македонија. Организаторите велат годинава за прв пат имаат голем одзив и на натпреварувачи и на земји учеснички.

 |  Николоска Биљана  | 

Светско првенство во брза телеграфија во Охрид. По 12 пат 170 претставници на национални тимови од 22 држави од целиот свет  се натпреваруваат во Охрид по брза телеграфија. Радиотелеграфијата е хоби кое што во минатото беше употребувано професионално од страна на војската, полицијата, морнарицата поштите, но денес со напредок на современата техника ја употребуваат само радиоаматерите за лично задоволство и како дел од еден натпревар, појаснува Оливер Табаковски – претставник на меѓународната радиоаматерска унија.

„Натпреварот се состои од четири дела, дисциплини, првата е прием на морзеови знаци со помош на компјутер, се пуштаат звуците од морзеовата азбука секој натпреварувач ги прима на слушалки и ги запишува на хартија, и се тоа оди на проверка. Втора дисциплина е предавање на занаци од морзеова азбука и во траење на 1 минута треба да прдаде што е можно повеќе знаци со помалку грешки. Третата и четвртата дисциплина се работат на компјутер“– вели Табакоски.

Очекувањата на Табаковски се дека на ова првенство ќе се постигнат неколку светски рекорди со оглед на присуството на сите досегашни светски шампиони и рекордери. За нашата репрезентација која е во подмладен состав очекува дека ќе бидат во златната средина. Табаковски објаснува дека Македонија во минатото имаше одлични натпреварувачи, но голем дел од нив, поради професионални и лични обврски не се веќе дел од екипата.

„Привлекувањето на младите е голем проблем, пред се поради модерната технологија, мобилните телефони и се друго што е актуелно денеска , значи многу е тешко да се привлече едно младо дете да помине 3-4 месеци во изучување на азбуката и техниката на пишување, но пред се одиме на многу младата популација која што сеуште не е заразена со мобилна технологија така да до нив се обидуваме да ја приближиме морзеовата азбука и да привлечиме нови членови“ – појаснува Табакоски.

Брзата телеграфија од професионална употреба исфрлена е уште од 2000 година. Според Табакоски, денес со ова хоби не може да се оствари вработување, но затоа пак е добра причина да се биде дел од едно друштво, кое знае нешто посебно од другите што никој не го знае, и точно тоа е предизвикот. Инаку ова е второ Светско првенство на радиоматери кое се одржува во нашата земја, а Радиоаматерски сојуз на Македонија ја доби организацијата во конкуренција на четири други држави. Првото првенство се одржа во 2005 година исто така во Охрид. Натпреварите на радиоаматерите се одржуваат во хотелот Десарет, кој нуди добри услови за гостите, а ги задоволува и сите технички потреби за одржување на ова светско првенство.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top