Ознака: светско

Zoran Donev

Зоран Донев патува на Светското првенство во таеквондо во Бугарија

Post Views: 19  Боите на македонското теквондо, ќе ги брани младиот охриѓанец Зоран Донев . Тој од 17 до 21 јули ќе учествува нa Светското првенство во таеквондо која ќе се одржи во Софија, соседна Бугарија. Најголемиот дел од тренинг сесиите кои го трошат речиси целиот негов ден, Донев ги минува на усовршување на експлозивноста и физичката подготвеност, додека поладне работи на техниката и секако спаринг тренинг во самата арена, заедно со неговиот тренер Марјанчо Лазарески. „Се подготвував за ова светско првенство конкретно, последниве два месеци, а активно тренирам пет години што...

Continue reading

Георгиески: Охрид беше и продолжува да е светско културно и природно наследство

Post Views: 6 Ревизијата на проектот за пругата кон Албанија и автопатот Струга Ќафасан, проект стар 20 год и чија реализација е напуштена,,напуштањето на проектот за експресниот правец Охрид Св Наум, формирање на ЈП Колекторски систем, елаборатот за отценка на влијание врз животната средина на Заливот на коските   кој покажал дека нема штетно влијание и бил прифатен од советофавните тела на УНЕСКО, со цел подобро управување со нивото на езерото компанијата ЕЛЕМ предвидела 240 илјади американски долари за систем на електронска регулација на водостојот, регулација на сообраќајот во...

Continue reading

Еко-свест: Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство и таквата одлука ќе биде праведна

Post Views: 10 Нема дилема дека Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство. Кога ќе се даде таква препорака таа понатаму и се усвојува од Комитетот на УНЕСКО и во овие околности таквата одлука е праведна, сметаат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Тоа праќа порака дека како држава сме потфрлиле,  не сме направиле доволно да си го заштитиме единственото УНЕСКО подрачје кое е едно од ретките не само културни туку и природни заштитени богатства, вели  вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест. „Доколку го изгубиме статусот односно...

Continue reading

Влада: Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк, причина УНЕСКО, Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство

Post Views: 2 После вчерашната информација објавена од голем број македонски медиуми дека УНЕСКО предложи Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство, од Владата излегоа со официјален став дека Охридскиот регион долги години бил лошо управуван и дека постапува со внимание и сериозност по сите одлуки и препораки на УНЕСКО. -„Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските...

Continue reading

Shakira

Шакира денеска ќе го отвори Светското првенство

Post Views: 5 Пред утрешниот старт на првите натпревари од Мундијалот, денеска низ официјална церемонија на “Орландо” стадионот ќе се отвори Светското Првенство. Ќе присуствуваат претставници на ФИФА, на организаторот Јужна Африка и голем број познати лица од светскиот фудбал, а на концертот кој треба да трае три часа, главната улога ќе ја има колумбиската пејачка Шакира, која ќе ја испее песната “Waka Waka (Тhis Тime For Afrika)”, официјалната химна на Светското Првенство. Спектаклот ќе го следат 30.000 луѓе колку што собира стадионот, а влезниците за привилегираните...

Continue reading

fifa World Cup 2010

Непознат вирус во репрезентацијата на Данска

Post Views: 4 Како се приближува денот кога ќе стартуваат возбудувањата во ЈАР така и се повеќе паника се крева околу можноста да се “закачи” еден од многуте вируси кои ги има на “црниот континент”. Потпаролот на фудбалсккиот сојуз на Данска Ларс Берент сооошти дека селекторот на оваа репрезентација Олсен го пропуштил вчерашниот тренинг поради вирусот кој го нарушул неговото здравје и можност да продолжи со интензивната работа со репрезентативците. Данците првата средба ја играат во Понеделник 14 јуни со селекцијата на Холандија. Покрај овие две селекции во...

Continue reading

penal

Игнорирај го голманот, порака од научниците за шутерите на пенали на СП

Post Views: 3 Студијата на Грег Вуд, психолог од британскиот Ексетер универзитет ги истражувал погледите на изведувачите на пенали во рулетот на удари од белата точка и ги прибележувал моментите како шутирањето пенал може да го наруши ударот од голманот пред нив. – Не му обрнувајте внимание на голманот – заклучил Вуд. Тој во студијата посочил дека изведувачот на пенал мора да ја задржи контролата и концентрацијата при ударот. Пеналите може да бидат клучни во исходите на дел од мечеви, затоа што на последните четири првенства, двапати финалето и светскиот првак беа одлучени...

Continue reading

Nema tv prenosi

Северно-корејците без ТВ преноси од Светското првенство

Post Views: 1 Фудбалските фанови во Северна Кореја веројатно ќе останат без телевизиски преноси од натпреварите на СП во Јужна Африка. Поради тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја, јужно-корејската телевизија која ги има правата за преноси од Светското првенство на Корејскиот Полуостров, нема да и овозможи на северно-корејската телевизија да ги превзема преносите. Северна Кореја ќе игра на шампионатот во Ј.Африка за прв пат од 1966-та година, кога беше учесник СП во Англија. {loadposition content9}

Continue reading

kobi

Неизвесен настапот на САД на Мундобаскетот во Турција?

Post Views: 2 Иако е се уште многу рано и тензиите за три месеци отсега можеби ќе спласнат, Американците не сакаат ништо да препуштат на случајот околу својата безбедност. Турција, чии конвој хуманитарци беше нападнад на пат кон појасот Газа, остро ги критикуваше САД за млаката реакција, особено што Американците се традиционалните сојузници на непријателот број еден на муслиманските земји, Израел. Сето ова беше доволно, американските медиуми да се распишат за евентуалната лоша безбедносна ситуација, која ќе предизвика неиграње на СП. – Јасно е дека сигурноста е над се. Внимателно...

Continue reading

topka

Adidas си ја брани топката

Post Views: 1 Компанијата која ја создаде официјалната топка за светското првенство во ЈАР – Адидас одговори на критиките за својот продукт испратени од попознатите голмани.Големите имиња како голманот на скуадра Азура, Џиџи Буфон, голманот на Интер, Жулио Цезар, Шпанскиот голман Икер Касиљас  па дури и напаѓачот на Италијаните, Џанпаоло Пацини ја критикуваа топката. Гласноговорникот од компанијата која ја создаде Џабулани, Томас ван Шајк изјави дека е изненаден од критиките кои ги упатија топ голманите, бидејќи топката била испробана неколку месеци наназад без никаква рекламација. Ван...

Continue reading

Ronaldo kako Rambo

Роналдо и другарите имаа војнички тренинг

Post Views: 2 Фудбалерите и Роналдо како ѕвезда беа како Џон Рамбо, облечени во максирни униформи и офарбани по лицето, како да ќе одат во ослободителна мисија од филмовите на познатиот холивудски глумец Силвестер Сталоне. Играчите беа потполно непретпознатливи, освен по копачките кои ги носеа како единствен дел од фудбалската опрема. Португалците тренирале под команда на војните сили на својата земја, а имале тренинзи кои се користат само во војска. Значи биле под „жесток оган“ на претпоставените, па покрај склекови тренираа и во полна воена опрена, со пучки кои се користат за пеинт-бол. Сето...

Continue reading

Најубав и најгрд дрес во Јужна Африка

Post Views: 11 Се бројат деновите до најголемиот светски спортски настан – Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Освен среќните кои во живо ќе ги гледаат натпреварите во Јужна Африка, се проценува дека повеќе од една милијарда луѓе во светот ќе бидат пред ТВ екраните и ќе го следат првенството, а уште сега ги интересира секој детал за репрезентациите кои ќе учествуваат. Најубав дрес на Светското првенство, според Его ТВ, ќе има репрезентацијата на Брегот на Слонова коска. Тие го следат дизајнот на останатите дресови на африканските репрезентации кои ги опрема Пума,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top