Ознака: рок

telefon

Охриѓани до ОПМ пријавуват расипани мобилни телефони и бела техника

Post Views: 1 Охриѓани до Организацијата на потрошувачи лани најмногу реагирале за неисправни  мобилни телефони и бела техника. Често им се расипувале и телевизорите, велат од ОПМ. Купувачите реагираат и на гарантниот рок на нивното сервисирање. Вангел Спироски од ОПМ ги предупредува граѓаните за нивното право како потрошувачи во случаи кога ќе имаат проблем со мобилните апарати и бела техника.„ Јас би апелирал до граѓаните да внимаваат максимално, до 3 пати може да се сервисисраат овие производи. Додека техничкиот апарат е на сервис , мобилен или перална тие мора да добијат замаена...

Continue reading

УЈП

Пријавување данок и попладне

Post Views: 4 Граѓаните денеска и утре ќе може да ги поднесуваат даночните пријави и попладне. Управата за јавни приходи информира дека последните два дена од истекувањето на рокот на пријавување данок нивните шалтери ќе работат од 8,30 до 20 часот. Според последните податоци, до Управата за јавни приходи (УЈП) се поднесени околу 100 илјади годишни даночни пријави. До истекот на законскиот рок се очекува уште над 50 илјади граѓани да ги пријават ланските приходи. Со цел да се избегнат метежи, УЈП потсетува и на можноста граѓаните својата годишна даночна пријава да ја достават и преку...

Continue reading

potrosuvaci

Потрошувачките спорови можат да се решат со помош на медијатор

Post Views: 0 Потрошувачите кои не се задоволни од квалитетот на купената стока и кои започнале потрошувачки спор истиот можат да го решат со помош на медијатор. Уште во декември минатата година е донесен закон за медијација, но досега многу мал број граѓани ги искористиле услугите на медијаторите. Граѓаните се многу малку запознаени со оваа можност за решавање на потрошувачките спорови па целта ни е да ги информираме да си го користата ова право, вели Вангел Спироски, претседател на советот на потрошувачи на Општина Охрид. Спироски објаснува дека медијаторите се луѓе овластени од...

Continue reading

sdsm

СДСМ: Градоначалникот и ВМРО -ДПМНЕ не го исполнаа ветеното

Post Views: 1 Задолжувањата на охриѓани и неисполнетите ветувања од изборната програма укажуваат дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески имаат неодговорен однос кон граѓаните на Охрид, обвинија на денешната прес конференција од ОО на СДСМ. Советникот Јован Стојаноски истакна дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот не донеле напредок за Охрид ниту пак го направиле подобро место за живеење. „Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ ветија изградба нова современа автобуска станица како приоритет, помина година и пол ама нова автобуска станица нема. Не е реализирано ниту ветувањето за нов...

Continue reading

dvojazicni tabli

Молк од институциите околу поставувањето на двојазични табли

Post Views: 7 И после два дена од нашето барање до ПИОМ во Скопје, во интерес на охридската јавност да добиеме одговор, дали поставувањето на двојазични табли е во согласност со Законот за употреба на јазици и врз основа на која одлука истите се поставени, од таму без одговор. Иако од страна на лицето за односи со јавност со кое што првично контактиравме ни беше кажано дека ги добиле нашите прашања и истите ги проследиле до правните служби и дека одговорот ќе го добиеме уредно во најкраток можен рок, ништо од тоа. Без став за двојазичните табли останавме и од Локалната самоуправа...

Continue reading

opstina ohrid

Краен рок за талентираните ученици да аплицираат за стипендии

Post Views: 1 Денеска истекува последниот рок за аплицирање на конкурсот кој го објави општина Охрид за доделување стипендии на талентирани ученици од охридските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година. Според планираното ќе бидат доделени 15 стипендии за талентираните ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта и 20 стипендии за талентирани ученици  од II, III и IV година во средните училишта на подрачјето на општина Охрид. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната година. Исто така денес истекува...

Continue reading

УЈП: На 31 мај истекува законскиот рок за потврда или корекција на ГДП за 2020

Post Views: 8 Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31 мај 2021 година истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година. Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат. – По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на ГДП...

Continue reading

ftu

200 нови студенти на ФТУ

Post Views: 1 Заврши првиот уписен рок на високообразовните институции. На ФТУ засега се запишаа 200 студенти со што се исполнија најпозитивните очекувањата на менаџерскиот тим на овај факултет. –Во услови кога имаме силна конкуренција и кога имаме намалување на бројот на средношколци во училиштата останавме на нивото од минатата година  и тоа за нас навистина е успех, вели  Сашо Коруноски-декан на ФТУ. Коруновски објаснува дека ФТУ е една од водечките институции по бројот на запишани студенти на универзитетот во Битола. Идните студенти имаат можност да студираат на пет насоки,...

Continue reading

upisi

Двете охридски високообразовни институции денес ги отворија вратите за упис на новите студенти

Post Views: 2 Охридските високообразовни институции, Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички науки и технологии денес им ги отворија своите врати, но и вратите кон иднината на кандидатите за новата учебна година. Ако се земат предвид бројките со кои веднаш по затворањето на првиот уписен ден од првиот уписен рок, охридските високообразовни институции можат да бидат задоволни до овој момент од интересот на кандидатите. А тие, секој со различни очекувања и причини зошто го одбрале својот факултет. „Да продолжам колку да имам некоја основа, диплома за завршено...

Continue reading

Patricia Barber

Започнa Скопскиот џез фестивал

Post Views: 0 В сабота ќе настапи еден од водечките биг-бендови во Европа Flat Earth Society од Белгија, а потоа и американската пејачка Патриша Барбер. Во клубот „Хард-Рок“ вечерта ќе настапи перкусионистот и композитор од Чикаго Кахил Ел’ Забар со саксофонистот Ернест Доукинс, џез трубачот Кори Вилкис и пејачката Нона Хендрикс. Последната вечер во Македонската опера и балет ќе настапат саксофонистот Тригве Сеим и Фроде Халтли на хармоника. По нив ќе се претстават и норвешкиот гитарист Терје Рипдал и Берген Биг Банд со проектот „Crime Scene“. Фестивалот ќе заврши со концертот на...

Continue reading

Voca People

Извонредните Voca People ја воодушевија публиката на Антички

Post Views: 7 Антички театар синоќа исполнет до последно место. Израелскиот вокално-театарски состав, Вока пипл, не остави никого рамнодушен. Нивното извонредно а-капела пеење во комбинација со модерните звуци низ бит бокс, ја крена на нозе публиката на антички, а во нивниот настап особено уживаше помладата популација. Нивната програма насловена како „Историјата на музиката во 5 минути“, се состоеше од музика од филмовите „Вљубени момчиња“, „Жени во лов“, „Класични времиња“, „Титаник“, вклучуваше изведба на најпопуларните опери, евергрини но и повеќе стилови на поп, рок, соул, ритам...

Continue reading

pat

Патниот правец Охрид – Битола ќе почне да се реконструира

Post Views: 8 Патниот правец Охрид – Битола ќе започне да се реконструира. Ова го најави пратеникот од 5 изборна единица  Александар Николоски кој нагласува дека реконструкцијата на патната инфраструктура кон Охрид била негова заложба. Денес пратенците во  Собранието на Р. Македонија дале зелено светло во процедува да влезе Законот за гаранција на заем кај Светска банка, со кој, меѓу другото, се предвидува изградба на патниот правец  од Охрид до Битола, а треба да се реконструираат вкупно 112 км магистрални и регионални патишат во земјава, вели Николоски.„ Од кои во првата фаза...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top