Ознака: рок

socijalno

Обнова на право на социјална помош со минимална документација

Post Views: 0 Повеќе од триста и седумдесет барања за продолжување на правото на социјална парична помош пристигнати во Центарот за социјални работи во Охрид. На крајот од месецов истекува законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош. Од центарот за социјални работи велат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе. „По новиов систем...

Continue reading

avtopat

Автопатот од Охрид до Кичево доби амин од народните избраници

Post Views: 3 Со 66 гласа за, еден против и ниту еден воздржан, синоќа народните избраници го изгласаа Законот за изградба на автопатското решение Кичево-Охрид. Долгонајавуваното автопатско решение земјава ќе ја чини 374 милиони евра, со додатни 10 проценти на оваа сума предвидени за дополнителни работи. Пратеникот од Охрид, од редовите на владеачката гарнитура, Александар Николовски, го оцени овој автопат како најважната инфраструктурна работа која се случила на Охрид во последните 50 години. Со вчерашното изгласување во Собранието, компанијата изведувач има рок од 28 дена за обезбедување...

Continue reading

forum

Започна вториот глобален инвестициски самит

Post Views: 3 Македонија има стабилна економија, нејзината политичка атмосфера е ориентирана кон НАТО и ЕУ. Нашата земја  најверојатно ќе беше членка на НАТО и ќе беше пред влезот во ЕУ доколку немаше попречување од една земја членка затоа што Македонија ги исполни условите за членство уште во 2008, и за почеток на преговорите со ЕУ за полноправно членство во 2009 година.Ова го истакна премиерот Никола Грувески на Вториот глобален инвестициски самит што се одржува денеска и утре во Охрид во органзиација на „Македонија 2025“.Груевски рече дека ваквите настани се можност да се затскрие...

Continue reading

ftu

Започна академската година 2013 / 2014

Post Views: 2  Факултетите подготвени за бруцошите. На ФТУ годинава запишани 300 студенти. Денеска тие  ги добија своите индекси, со што и официјално станаа дел од оваа реномирана високообразовна установа. Во третиот уписен рок што ќе се одржи утре, се очекува да се пријават уште триесеттина студенти. И оваа година, како и изминатите, најголем интерес за запишување имало на насоките Царина и шпедиција и осигурување, открива деканот на ФТУ, Сашо Коруновски. „Тие студенти се на шесте студиски програми кои се во комбиниран состав и тоа четири годишни и тригодишни академески студии....

Continue reading

upisi fakulteti

Започна трката по студентски индекс

Post Views: 4 Државните универзитети ги отворија вратите за академската 2013/2014 година. На Факултетот за туризам и угостителство очекувана навала и голема заинтереситаност, за студирање на овој факултет. Кандидатите со точно дефинирани ставови,  на која насока сакаат да го продолжат своето образование.   Од ФТУ потврдуваат дека и годинава имаат голем интерс за запишување на понудените студиски програми. Проф.д-р. Ирина Петровска,  претседател на уписната комисија,  вели  дека годинава на ФТУ можат да се запишуваат студенти и на новата студиска програма „Менаџмент на услужен сектор...

Continue reading

prekop

Улиците да се враќаат во првобитната состојба

Post Views: 3 Прекопите по охридските улици со денови остануваат не санирани. Иако во согласност со законот за градба секој прокоп треба да се затвори во определен рок по завршувањето на градежните зафати и да се врати во првобитната состојба, во градот има многу примери каде тоа не е направено. Граѓаните го поздравуваат и поддржуваат асфалтирањето на улиците и санирањето на ударните дупки од страна  на Локалната.  Но, тие реагираат после зафатите кои се прават при дефект во водоводната и канализационата мрежа, тротоарите и коловозите во најбрз рок да се враќаат во првобитната состојба....

Continue reading

upisi

Полуматурантите најмалку заинтересирани за угостителската струка

Post Views: 5 Заврши првиот уписен рок во трите охридски  средни училишта. Сумираните резултати по завршувањето на првиот уписен рок носат изразито спротивни бројки. Најголем интерес, полуматурантите повторно покажале за општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Таму вкупно се пријавиле 356 деца од кои биле примени 309. Од нив, 189 запишале гимназиско образование, 101 економско и 19 деца се запишале на медицинската паралелка. За вториот уписен рок, вкупно остануваат 161 слободно место, од кои 83 во гимназија, 63 во економски и 15 во медицинската паралелка. Во електромашинскиот...

Continue reading

upisi

Прв уписен рок-слободни над 1100 места во охридските средни училишта

Post Views: 0 Во трите општински училишта денес стартуваше првиот уписен рок за прием на завршените основци. Во општина Охрид  бројката за прием на новата генерација средношколци е 1112 ученици. За 442 завршени основци ќе има место во ОСУ „Св. Климент Охридски“, 364 места се слободни  во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во „Ванчо Питошески“, тој број е 306.  Во ОСУ „Св. Климент Охридски се предвидени 13 паралеки, од кои 8 со 272 ученици за упис во гимназијата, во економската, правната и трговската струка 4 паралелки со 136 ученици, а во медицинскaта и оваа година ќе се запишат  34 ученици....

Continue reading

plakati

Изборите се веќе зад нас-партиите имаат седум дена да расчистат зад себе

Post Views: 12 Помина и првиот и вториот круг од локалните избори 2013 година. Како и секоја година, политичките партии, од локалната самоуправа добија неколку локации низ градов на кој може бесплатно да ги рекламираат своите кандидати. Но сега откако изборите се веќе зад нас, партиите треба да си ја исполнат и својата законска обврска. Плакатите и пропагандниот материјал кој тие го поставуваа кај хотелот Силекс, кај полигонот за мали спортови и кај охридската гимназија, сега треба да се отстрани. Според Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30...

Continue reading

FZOM

Или пререгистрација или привремено губење на здравственото осигурување

Post Views: 9 Невработените охриѓани кои се здравствено осигурени на товар на државата, доцнат со пререгистрацијата. Ова го говорат податоците кои ги добивме од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Од околу 7000 невработени лица осигурени по овој основ, досега се пререгистрирале само 1000. Последниот рок за оваа пререгистрација истекува на 31ви овој месец, односно остануваат уште нешто повеќе од две недели за останатите 6000 кои не се пререгистрирани. „Одзивот мора да признаам не е баш добар, тоа е веројатно навика на нашиот народ, последниот момент...

Continue reading

agencija za vrabotuvanje

Охриѓани не се дел од владиниот проект за вработување на постари лица

Post Views: 1 Нашата општина е меѓу општините Врапчиште, Куманово, Липково, Ново Село, Ранковче, Чучер Сандево и Центар Жупа или меѓу општините кои не аплицираа за владиниот проект.   Според овој проект во Општина Охрид  првично требаше да се вработат 43 лица, број кој е определен според бројот на жители на Охрид и плус дополнителни 5 лица, број кој ЗЕЛС го дефинирал за сите општнини, и овие лица во рок од шест месеци требаше да земаат по 7600 денари директно од владата.  Од Агенцијата за вработување информираат дека општините кои се дел од проектот и се финансиски моќни, имале обврска...

Continue reading

uint

Министерот Кралев го посети УИНТ „Св.Апостол Павле“

Post Views: 6 Министерот за образование Панче Кралев во посета на Унивирезитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“. Целта на посетата на министерот,  да се направи увид во резултатите од првиот уписен рок. Кралев позитивно изненаден од интересот кој идните студнети го покажуваат за оваа високобразовна институција. Тој истакна дека генерално оваа година интересот за изучување на техничките науки од страна на студентите во Македонија е навистина голем. Инаку Универзитетот „Св. Апостол Павле“ оваа година кадровски ќе биде засилен со уште тројца нови професори од САД. „Меѓународната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top