Ознака: решение

Стружани и денес протестираа

Post Views: 1 Со блокирање на крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан тие сакаат да го свртат вниманието кон проблемот со дивата депонија која го загадува градот. Од претставници на Владата на РМ им било ветено дека ќе се бара решение за проблемот. Ако не се исполнат ветувањата, стружани од среда ќе ги радикализираат протестите. Блокирана крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан. Граѓаните на Струга и денес на ваков начин протестираа, со цел да го свртат вниманието на јавноста...

Continue reading

Временото решение на пазарот ги скара дуќанџиите и работниците од градилиштето

Post Views: 1 Проблематичниот крак на ул „Абас Емин“, откако отпочна изградбата на современиот охридски пазар, се претвори во арена на конфликти помеѓу пазарџиите, дуќанџиите и работниците на АД „Илинден“. Не поминува ниту еден ден без кавга на овој потег, а утрово по се изгледа дека состојбата кулминираше, бидејќи беше повикана на помош и полицијата. Краткиот пат кој се користи како влез на тешката механизација и камионите до градилиштето на современиот пазар, служи и за дотур на роба на пазарџиите, дуќаните и маркетот. А истиот е и единствен пристапен пат на станарите кои со своите...

Continue reading

Општинската комисија за сечење дрва издала решение да се исече исушеното дрво на градскиот плоштад

Post Views: 1 Исечен е повеќегодишен кедер на охридскиот Плоштад. Просторот остана без зеленило од уште едно дрво. Дел по дел беше исечено стеблото на зимзеленото дрво кое го разеленуваше овој дел од центарот, на местото познато меѓу охриѓани како „Кај Муренкана“. Кедарот ужива голема популарност како украсно дрво и е мошне застапен во хортикултурното уредување во поднебјата каде што зимската температура достигнува до −25°C. Исековме дрво кое минатата година се исушило, а за тоа имаме решение од надлежните за негово сечење – информираат од ЈП Охридски комуналец. Од Локалната...

Continue reading

mikrofoni

Донесени измените во Законот за медиуми

Post Views: 4 Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжени на 82. седница со 55 гласови „за“ и осум „против“, како и 11 гласови „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски образложувајќи ги измените и дополнувањата рече дека тие се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од системските решенија. Појасни дека со измените се предвидува...

Continue reading

Ветувачко решение за досадните комарци

Post Views: 3 Истражувачите од Универзитетот Питсбург и Џон Хопкинс во соработка со истражувачите од Микрософт направиле нов вид на дрон кој фаќа комарци, со цел борба против ширење на епидемија. Станува збор за дрон PP (Project Premonition) кој детектира комарци, а би можел и делотворно да се бори против епидемии, пред сѐ во непристапни подрачја. Ловејќи ги комарците, дроновите на научниците би им помогнале да го разберат начинот на кои болестите се трансформираат во епидемии, да ги класифицираат болестите кои би можеле да се прошират локално, како и да спречат да дојде до тоа. Истражувачите...

Continue reading

Google има решение каков телефон да одберете спрема потребите

Post Views: 3 При купување на нов паметен телефон вреди да се потрудите и да пронајдете уред кој ќе ги задоволи сите ваши барања, а притоа цената да е пристојна а телефонот квалитетен. Пазарот на Android е прилично голем и нуди широк спектар на уреди па така може да се пронајдат најевтини или топ модели односно flagships. Токму таа разноликост во цената доведува до несигурност и збунетост при купувањето, но Google има решение и за тоа во облик на web апликација. Се работи за web алатка која во зависност од вашите потреби и очекувања ќе ви го понуди најдобриот модел кој ги опишува...

Continue reading

Избрано идејното решение за Конгресниот центар во Охрид

Post Views: 18 Архитектката Ивана Ралевиќ е автор на победничкото идејно решение за Конгресниот центар. Објектот треба да го гради Елем на атрактивна локација во охридската населба Далјан. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ)  ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро авторско дело за реализација на проектот. Градбата ќе се состои од една голема сала со капацитет од 1.500 до 2.000 седишта и од четири до шест помали сали со капацитет за 200 лица.   Следната фаза на ЕЛЕМ е да го избере проектантското биро што ќе го подготви основниот проект. До ЕЛЕМ било доставено само едно...

Continue reading

ljube gjorsoski

Претставен проектот преку кој ќе се реши проблемот со фекалната канализација во Велешта

Post Views: 2 Подготвен проектот кој треба да и стави крај на еколошката катастрофа во Велешта. За овој проблем кој се провлекува веќе десет години и резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се небезбедни и незаштитени, излезот го пронајде фирмата „Хидро Градежен инжињеринг“ од Скопје.  Директорот Љубе Ѓоршоски вели дека според нивното решение ќе се искористи секундарниот колектор од Велешта до прочистителната станица кој е веќе изведен, а ќе понуди решавање на проблемот за сите населби во овој дел на Југозапдниот плански регион. „Единствено неможе да се...

Continue reading

Објавен оглас за идејно решение за изградба на катна гаража

Post Views: 1   АД за стопанисување со станбен и деловен простор објави оглас за идејно решение за изградба на долгонајавуваната и долгоочекуваната катна гаража. Станува збор за катната гаража која треба да се гради зад „Ревиера“, на самиот отворен паркинг. Цветко Грозданов, директорот на Друштвото вели дека во соработка со Локалната самоуправа на Охрид направиле специјален план со кој било променето деталното урбанистичко решение со цел да се изгради катната гаража која ќе обезбеди паркинг места за околу 250 возила. „Очекувам да се избери…имаме составено Комисија составена...

Continue reading

Труењето не е решение на проблемот со бездомните кучиња

Post Views: 1   Труење на кучиња во Охрид. Од Здружението за заштита на животни „Анималија“ веднаш реагираат на ваквата појава. Климент Арнаудов од ова здружение укажува дека решението не е во труењето на кучињата, бидејќи од тој отров може да настрадаат дури и луѓето, па и малите деца. „Неколку кученца се отруени, од кои едно успеавме да го спасиме, благодарение на навремена интервенција со ветеринарите и граѓаните кои што алармираа за случајот. Едно кученце со сигурност е починато, меѓутоа и едно да е стотина да се тоа не менува многу бидејќи со закон е забрането тоа да се прави...

Continue reading

Google со решение за брзоплето испраќање на e-mail

Post Views: 1 Добрата вест од Google е тоа што овозможи бришење на поштата за која сте пожалиле што сте ја пратиле. Новата функција ќе ви овозможи брзо да го избришете мејлот и така да спречите тој да стигне до примачот. Функцијата е во фаза на тестирање и сеуште ја немаат сите корисници, пишува BGR.com.Ова е тоа што треба да го направите за да работи оваа функција:На страницата на својот Gmail кликнете на икончето кое наликува на запчаник и потоа на settings, односно поставки. Кога ќе се отвори settings треба да се пронајде опцијата Labs и да се влезе во неа, а таму се наоѓаат експерименталните...

Continue reading

misleshevo

Уште една година по дупки, прашина и кал за жителите на Мислешево

Post Views: 2 Жителите на Мислешево со години и децении веќе се жалат на единствениот неасфалтиран пат кој води до оваа приградска населба. Решение барем засега нема. Во меѓувреме, жителите на Мислешево се снаоѓаат како што можат. Дупки од двете страни на патот, во летниот период прашина, а на есен кал и длабоки вирови со вода. Надежта за асфалтирање на овој пат се разгорува во предизборен период, но набргу потоа спласнува. „Исклучиво канализацијава е направена во последниве години, таа е преку донација преку општинава. Покривање со шљуњак на овој пат најмалку е потребно да се направи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top