Ознака: рекреација

penzioneri

Бесплатен туристички викенд за корисниците на пензија

Post Views: 4 Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, информира дека од наредната година ќе  започне реализацијата на нов проект наменет за пензионерите, “Бесплатен туристички викенд за корисниците на пензија“ со кој ќе се овозможи дополнителна рекреација на корисниците на пензија преку користење на бесплатен викенд петок, сабота и недела. За таа цел ќе биде обезбеден превоз и полн пансион во  туристичките капацитети во Македонија: Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа, Берово. Проектот ќе се реализира во пролетниот и есенскиот период. Оваа услуга ќе може да ја користат...

Continue reading

igralishte

Продолжува уништувањето на игралиштето во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 3 Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, a сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. За изградба на игралиштето и реквизитите во малиот парк, жителите од  населбата „Гоце Делчев“  чекале 30 години. Но за само една година, овој партерно уреден простор во континуитет се уништува. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано се атакува врз нив и што се кршат реквизитите. Од Локалната го осудуваат...

Continue reading

kjacina

Потребен е пловен ред во езерските води

Post Views: 2 Капетанија ќе бара од новата Локална самоуправа да се стави пловен ред во езерските води. Да се знае кој чамец е за рибарење, а кој за превезување на патници до атрактивните плажи и разглед на крајбрежјето. Според Законот за внатрешна пловидба одобренијата за пловење ги издава општината, информираат од охридската капетанија. Утврдувањето на редовни линии од Охрид до одредени дестинации в долж крајбрежјето се исто така обврска на локалната. Градоначалникот ќе треба да формира едно тело кое ќе работи на оваа проблематика. Потребно е да  се осмислат и воведат редовни линии...

Continue reading

базен

Затворен базен ќе се гради од идната година

Post Views: 15 Охрид ќе чека подобри времиња  да се изградат затворен и отворен Олимписки базен. Владата се препишмани и од најавените 9 Олимписки базени ќе гради два помали во Охрид и Крушево. Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека во Охрид ќе градат помал затворен базен.  Затворениот базен ќе биде со димензии 33 на 25 метри со седишта за 300 до 500 гледачи. Неговата намена ќе биде за  рекреација на граѓаните, но и за одржување  меѓународни ватерполо натпревари, вели Директорот на Агенцијата за млади и спорт.  Попоски  информира дека  постапката за градба е почната. Обезбедиле...

Continue reading

pesak

Рекреативците кон Горица „голтаат“ прашина

Post Views: 0  На рекреативниот потег кон Горица, Локалната самоуправа започна да гради, според  најавите, современ парк и пешачка патека. Почнатите зафати со нанесување на земја, го отежнуваат спортувањето на рекреативците. Постојната асфалтна патека е покриена со земја и ситен шлунак кои го остваат зад себе камионите. Рекреативците место чист воздух вдишуваат облаци од прашина. Тие погодени од ваквата состојба со негодување гледаат на градежните зафати кој ја уништуваат нивната омилена патека за рекреација. Од Локалната самоуправа, пак повикуваат рекреативците да имаат разбирање,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top