Post Views: 1
Советите на луѓето кои не се разболуваат би можеле и вам да ви помогнат оваа сезона на вируси да ви помине во здравје, пишува Health.com
-Масажа – масажите можат да го намалат чувството на анксиозност поради што се намалува нивото на стрес. Доволно е да се појде на масажа еднаш месечно.
-Туширање со ладна вода – Лицата кои не се разболуваат велат дека ладниот туш помага кога чувствувате дека имате малку енергија и јака мигрена. Со ладна вода сред зима доволно е да се туширате една минута.
-Миење раце –Миењето на рацете е прва активност која се превзема во спречување...
Post Views: 8
Нема потреба да се објаснува за што сѐ се користи аспиринот во медицината и здравјето на луѓето, но овој лек сепак може да се употреби и за други корисни работи. Ова се четири поинакви начини на употреба каде аспиринот има успешно дејство.
–Го намалува појавувањето на првут – Поради салицилната киселина која се наоѓа во аспиринот, а која е состојка на многу шампони против првут, аспиринот може да помогне во борбата против оваа досадна појава во косата. Здробете два или три аспирини и измешајте ги со вообичаената количина на шампон која ја користите при секое миење...
Post Views: 0
„Сите кон Свети Климент“. Вака е насловена свечената поворка која ќе се организира во очи големиот празник, патронот на Охрид-Св. Климент Охридски. Граѓани, преставници на локалната, преставници од советот и гости ќе бидат дел од процесијата која ќе започне на 7ми декември во 20 часот од градскиот плоштад. Со факели и свеќи во рацете поворката ќе се движи по стариот дел на градот се до црквата на Св. Климент на Плаошник. Таму ќе биде оддадена почит на светецот, заштитник на градот и ќе биде одржан говор.
Симболикатакако што е и самото име на анстанот е да сме сите сплотени...
Post Views: 3
Одамна е познато дека 80% од заразните болести се шират преку рацете, поради што нивното миење со вода и сапун е многу важно. Но, научниците неодамна утврдиле дека за потполно уништување на бактериите по миењето е важно и сушењето или бришењето.
Имено, ако рацете се измијат темелно со сапун сигурно е дека трагите од бактерии повеќе ги нема, независно од тоа на кој начин ќе ги исушите подоцна. Најлошо што можете да направите е да не ги измиете или да ги измиете без сапун, бидејќи и понатаму рацете ќе ви бидат расадник на бактерии.
Но, тоа не е сѐ. Ако рацете по темелното...
Post Views: 8
И Горење, последниот словенечки социјалистички гигант, не е повеќе словенечки. По три извршени докапитализации, искажани низ вкупната вредност од 36,6 милиони евра и реализирани во последните 18 месеци, сега 51,9% на сопственичкиот удел во Горење го држат странци.
Во фабриката во Велење, која подолго од половина век произведува апарати за домаќинство, поединечно најголем удел зад кој стои странски капитал имаат Меѓународната финансиска корпорација IFC со 11,8% и јапонската групација Panasonic со 9,5% која при крајот на 2012 година инвестираше во Горење 10 милиони евра....
Post Views: 148
Канаѓанец добил шоља кафе по глава откако на состанок на слепо се нашол со својата актуелна девојка – пишува Toronto Sun.
Вработените во кафулето на улицата Fairview во градчето Бери повикале полиција кога 49 годишната жена гневно се нафрлила врз мажот кој ја чекал со букет во рацете , го полила со врело кафе и го исшамарала. Таа прво била изненадена мислејќи дека тој случајно се нашол тука но кога дознала дека тој е нејзиниот „состанок на слепо“ работата излегла од контрола.
Несреќниот љубовник на полицијата и раскажал дека на интернет договорил состанок со...
Post Views: 20
Слузта од полжави прави чуда за кожата. На база на ферменти содржани во лигавицата, колумбијската компанија “Laboratorios Lissia” осмисли и промовира крем наречен “Capibell” кој наскоро ќе се најде на полиците на британските парфимерии.
Кремот “Capibell” според тврдењата на произведувачите, буквално ја пегла кожата.Идеата се родила сосема случајно кога вработените во лабораториите на компанијата откриле дека после ракување со слузта рацете им се подмладувале и биле нежни како свила.
Кремот ќе чини 10 долари и е последен во низата...
Post Views: 1
Сончевото време околу 1ви Мај го донесе до совршенство велосипедскиот празничен викенд во Охрид. Патешествијата започнаа на 28ми Април со Велокамп 2012, каде учесниците имаа организирано ноќевање, за да продолжи наредниот ден со државниот друмски натпревар кој носи бодови на ранг листата на Македонија. Натпреварот се одржа на релацијата Охрид-Струга-Дебар, односно по течението на реката Црн Дрим. Инаку оваа патека се вози за прв пат по 20 години. На 30ти Април се одржа и рекреативен маратон низ неколку струшки села, за на 1ви Мај да се одржи веќе познатиот натпревар...
Post Views: 45
Елитна туристичка населба треба да се гради на просторот кај поранешната Детска специјална болница. Паѓаат во вода најавите за отварање на Одделение за детска кардиологија, од страна на Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Сега, судбината на двата големи објекти и огромниот простор на кој се наоѓаат, е во рацете на Министерството за транспорт и врски.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека сеуште траат постапките за утврдување на имотно-правниот карактер на недвижните ствари. Додаваат дека по утврдување на точниот имотно-правен статус, ќе се постапува...
Post Views: 0
Реакции и поделени мислења во врска со регуларноста на вчерашното фрлање на светиот крст. Во електорнското писмо кое стигна до нас, се потенцира дека посебна „заслуга“ за незадоволството има владиката Тимотеј, кој секоја година се напрега да „погоди“ некој од „подобните“. Исто така револтираниот граѓанин реагира и на организацијата на самата манифетсација од страна на здружението „Богојавление“, со зборовите дека ова здружение наместо максимално да се вложи за фер и достоинствен настан, го обезвреднува со плитки оправдувања. Но, како и секоја година и годинава мислењата...