Полжавите ќе изгинат за убавина

Најновото откритие на козметичката индустрија е слуз од полжави. Лигавата материја преработена и спакувана наскоро ќе се најде на полиците на британските парфимерии.

 |  Маја Савиќ  | 
polzav
полжав

polzav

Слузта од полжави прави чуда за кожата. На база на ферменти содржани во лигавицата, колумбијската компанија “Laboratorios Lissia” осмисли и промовира крем наречен “Capibell” кој наскоро ќе се најде на полиците на британските парфимерии.

Кремот “Capibell” според тврдењата на  произведувачите, буквално ја пегла кожата.
Идеата се родила сосема случајно кога вработените во лабораториите на компанијата откриле дека после ракување со слузта рацете им се подмладувале и биле нежни како свила.

Кремот ќе чини 10 долари и е последен во низата необични производи на кој му претходеа серум на база на змијски отров и аквариумски рипчиња кои прават педикир.

krem

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top