Ознака: рак

mobil phone

Прв пат во светот: суд пресудил дека мобилен телефон предизвикал рак

Post Views: 0 Апелациониот суд во Бреша, Италија ,ја променал првостепената пресуда и го осудил INAIL (Национален завод за инвалидитет и несреќи на работно место) да плати оштета на 57-годишниот Иноценте Марколини, кој се здобил со 80% инвалидност после две операции на тумор на нервот Trigeminus на лицето.Марколини имал ужасни болки поради кои подолго време примал морфиум. Судот го прифатил тврдењето на Марколини дека на работното место од 1991 година до 2003 година, по 5-6 часа дневно разговарал на мобилен телефон. Покрај тоа била прифатена за меродавна и студијата на шведскиот професор...

Continue reading

рак на дојка

Се зголемува бројот на откриени случаи на рак на дојка во охридско-струшкиот регион

Post Views: 31 Ракот на дојка во охридско–струшкиот реон во последните 3 години е во пораст, информира д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика  од Здравствен дом Вевчани. Статистиката покажува дека во  2011 година било откриено 31 заболување. Во еден случај е евидентиран карцином на дојка кај маж. Во 2012 бројот бил 25, додека до септември оваа година се откриени 25 случаи, од кои 2-ца биле мажи. Загрижува податокот што при порастот на откриените заболувања се поместува старосната граница  и се почесто иммногу млади  пациентки со откриен рак на дојка, укажува д-р Даскалоски.„...

Continue reading

solarium

Дерматолозите со препорака за забрана на солариумот за малолетниците во Македонија

Post Views: 1 Oколу 600 лица во земјава, годишно, заболуваат од рак на кожа. Станува збор за еден од најагресивните тумори, бидејќи многу брзо метастазира и зафаќа и други органи. Покрај високото УВ зрачење, кое директно е поврзано со појавата на рак на кожа, значаен ризик фактор е и солариумот, особено ако го користат лица помлади од 18 години. Солариумот за малолетници е забранет во неколку американски држави, во повеќето европски држави, а од минатата година и во Црна Гора.  Во Србија веќе се започнати стручни дебати на оваа тема. Во Бразил, пак, целосно е забранета употребата...

Continue reading

melanoma

Во Македонија годишно од рак на кожа умират повеќе од 50 лица

Post Views: 4 Бројот на новозаболени од рак на кожата годишно се зголемува за 2,5 проценти побрзо од кој било друг вид на рак, но самоконтролата и едукацијата на пациентите може да помогне во раното откривање на меланомот, предупредуваат дерматовенеролозите. Податоците со кои располага Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија во 2012 година од меланом умреле 64 лица од кои 39 мажи и 25 жени. Од вкупно починатите, 63 се на возраст над 20 години, а едно помало од 20 години. Со цел да се превенира болеста, од 27 до 29 овој месец ќе бидат организирани бесплатни скрининг...

Continue reading

Стартува скрининг програма за рано откривање на рак на дебело црево

Post Views: 7 Од денес стартува скрининг програма за рано откривање на карцином на дебело црево. Тестирањата ќе се спроведуваат во Центарот за јавно здравје, а упатите ќе ги издаваат матичните лекари, информира Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје. Тестовите со мостри кои го откриваат заболувањето ќе се предаваат во Центарот за јавно здравје секој работен ден од 8 до 13 часот, а резултатите ќе бидат готови за половина час. „Тестовите, тубите, епруветите каде што треба да се стават материјалите од три последователни столици се кај матичните лекари во амбулантите. За пациентите...

Continue reading

logo

Најмладата пациентка со рак на дојка во Македонија има 17 години

Post Views: 2 Според податоците кои се објавени од Меѓународната агенција за истражување на ракот ГЛОБОКАН, во 2012 година во Македонија се детектирани 1.152 нови случаи на рак на дојка, а 431 се починати, изјави денеска претседателот на Здружението за борба против рак „Борка“, Биба Додева. Таа денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова ја посети Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, а претставници на „Борка“ на пациентките им поделија подароци. Додева посочи дека станува збор за навистина енормно зголемување на бројот на заболени од...

Continue reading

logo

Секој ден, 20 македонци заболуваат од рак

Post Views: 4 Секоја година во Македонија од рак боледуваат во просек по 7.330 лица, или секој ден имаме по 20 нови лица заболени од рак. Од нив 4.625 лица годишно починуваат од оваа болест. Ова е дел од анализата на меѓународната Агенција за проучување на ракот на Светската здравствена организација кои се направени за Македонија за 2012 година.Овие податоци вчера беа претставени на основањето на првиот македонски Сојуз за борба против ракот МАСБОРАК. Во овој сојуз членува и здружението за борба против ракот и леукемија кај децата „Пеперутка“ и други здруженија кои делуваат на полето...

Continue reading

apteka

Паѓаат цените на лековите

Post Views: 1 Најголемо намалување на цените има за лекови што ги примаат болни од рак, оние со болно срце и крвни садови, со епилепсија. Поевтинуваат и антибиотици, антимикробни лекови, терапија против вируси, седативи, против ревма, како и лекови што дејствуваат на желудникот и на системот на варење. Речиси 900-тини илјади евра ќе заштедуваат граѓаните годишно со поевтинувањето на 752 лека, кое стартува од денеска. Просечното намалување е околу 740 денари, но има и антибиотици кои при продажбата на големо се поевтини и за 15 илјади денари. Парите кои ќе се заштедат на овој начин,...

Continue reading

rozeva lenta

Расте бројот на заболени од рак на дојка во Македонија

Post Views: 2 Во Македонија годишно има по 700 нови пациенти со дијагностициран карцином. До пред неколку години, оваа бројка изнесуваше само 100. Годишно се оперираат по 400 жени. Според последните податоци на Светската здравствена организација, со преку 7,6 милиони случаи годишно, малигните заболувања се водечка причина за смртност во светот. Предвидувањата на СЗО е дека смртните случаи предизвикани од малигни заболувања до 2030-та година ќе ја достигнат бројката од 11 милиони жители. Во Македонија малигните неоплазми се на второ место во структурата на причините за смрт на населението,...

Continue reading

Meg Rajan

Лековитите својства на маструбацијата

Post Views: 3 За потполно да уживаме во сексот,најпрво мора да го запознаеме своето тело, но и своите сексуални потреби за тоа што ни годи, а што не. За тоа, меѓудругото служи и мастурбацијата. Благодарејќи на самозадоволувањето се испитуваме себе. Тоа пред се важи за жените, бидејќи за разлика од мажите потешко доживуваат оргазам. При мастурбирање, жената може да открие кои дразби ја возбудуваат и каква стимулација ќе ја доведе до врв. На тие откритија ќе и биде благодарен и партнерот, бидејќи жената која знае што сака, ќе може тоа да му го каже и ќе заштеди многу труд, но и потенцијалното...

Continue reading

raka

Бојата за коса, разубавува или убива?

Post Views: 7 Британските научници предупредуваат дека бојата за коса која што ја користат милиони жени ширум светот, всушност содржи хемикалии кои што можат да доведат до заболување од рак. Како што е наведено, без оглед на тоа дали станува збор за фарба за коса која што се употребува во рамките на домот или пак за оние кои што се користат во фризерските салони, нивното влијание врз здравјето е исто.Според пишувањата на еден угледен научен магазин, боите за коса можат да реагираат со димот од цигарите и другите загадувачи на воздухот, создавајќи една од најмоќните комбинации кои...

Continue reading

Слатководниот рак се враќа во Охридското Езеро

Post Views: 9   Охридскиот слатководен рак кој пред речиси две и пол децении исчезна од крајбрежниот дел на Охридското Езеро, се враќа. Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот Завод изјави, дека благодарение на самопречистителната моќ на езерото било овозможено дел од популацијата на ракот да живее во подлабоките води, така што во овој момент ракот од подлабоките се враќал во плитките  води. „Тоа не е во такви количини кои порано беа присутни. Од друга страна треба да се знае дека ракот е животно кои што се храни со животински отпадоци, треба да има детритус, животни кои што угинуваат....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top