Ознака: протест

Протест против поставување на базана станица во Влашка маала

Post Views: 4 Преку протест жителите на Влашка маала ќе бараат отстранување на Вип антената за мобилна телефонија. Претседателот на Урбаната заедница Горна Влашка маала Томислав Голеишки, Трпе рече дека и покрај нивните напори и противења, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставување на базната станица на приватен објект во нивната маала. Тој посебно нагласи дека од овој проблем засегнати се над 1500 млади пред се ученици во ОУ „Христо Узунов“ и деца од градинката „Јасна Ристеска“. „Воедно, ги повикуваме градоначалникот, пратениците од Охрид, советниците во советот на општина...

Continue reading

Трајкоски:Нема простор за никаков протест на жителите на Дебрца

Post Views: 13 Дебрчани ќе протестираат. Од здружението на граѓани Песочан информираат дека во недела во 10 часот ќе одржат мирен протест во Ново Село покрај бензиската пумпа, против изградбата на асфалтна и бетонска база и сепарација во местото викано Царополе. На протестот ќе биде побарано од надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки против изградбата на базите и зачувувања на животната средина. Доколку градежните активности продолжат, месното население најавува дека ќе се почне и со порадикални мерки, односно блокирање на патниот правец Охрид-Кичево. Градоначалникот...

Continue reading

Охриѓани на протест

Post Views: 3 Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ вечерва во Охрид повторно ќе се одржат мирни протести. Протестот ќе започне во 18:30 часот од плоштадот „Крушевска република“, кај стариот Чинар. – Соборци и соборки на Шарената револуција! Успеавте заедно со македонските шарени револуионери да ги одложите изборите и да спречите нова изборна кражба на власта; Успеавте да се изборите за целосно повлекување на срамната и нарачана од режимот аболиција на Иванов; Успеавте да бидат ослободени од притвор нашите соборци од „Шарената револуција“. Продолжуваме понатаму: Уставниот...

Continue reading

logo

Повторно во Охрид протест на здружението „Протестирам“

Post Views: 1 Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ денеска во Охрид со почеток во 18:30 часот на плоштадот кај „Чинарот“ по 11-ти пат ќе се организира мирен протест на кој граѓаните ќе може да го искажат своето незадоволство од одлуките на власта. Претходниот протест на граѓанското движење „Протестирам“ во Охрид се одржа на 31-ви мај 2016 година. Од „Пртестирам“ бараат оставка на актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада, потоа формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО, вклучување на граѓанските организации во преговорите,...

Continue reading

logo

Повторно протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Охрид

Post Views: 1 Во знак на протест поради состојбите на државата, активистите и поддржувачи на Граѓанската иницијатива „Протестирам“, по велигденската пауза, за денес повторно најавија протести во Охрид. Охриѓани уште еднаш ќе го изразат незадоволството од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на одредени политичари, а бараат и негова оставка и повлекување на одлуката. Од „Протестирам“ остануваат на ставот дека нема услови за одржување фер и демократски избори на 5-ти јуни. Протестот ќе започне во 18:00 часот на плоштадот „Крушевска република“, кај стариот Чинар. До овој...

Continue reading

Фасадата на општината ќе треба да се молерисува по синоќешниот протест на #Протестирам

Post Views: 0 Екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид, синоќа со дополнителна работа. Неколку пожарникари со помош на вода ја миеја општинската зграда од остатоците од фрлени јајца по завршувањето на вчерашниот протест на неформалната група #протестирам. На лице место, синоќа и секретарот на општината Димитар Спасески под чие будно око, пожарникарите ја чистеа општинската фасада. На синоќешниот протест на неформалната група #протестирам кои по втор пат од Охрид побараа оставка од претседателот на републиката, Ѓорѓе Иванов, настрада општинската зграда односно зградата...

Continue reading

Охриѓани со десетици автобуси и комбиња на протест во Скопје

Post Views: 9 Охриѓани попладнево организирано тргнаа за Скопје. 10 автобуси и десеттина комбиња им беа на располагање паркирани на булевар Туристичка наспроти гимназијата. За вечерва во Скопје се најавени два протести. Еден на неформалното граѓанско движење протестирам и друг во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Никој од нашите согрaѓани кои во голем број заминаа организирано за Скопје не беше расположен за разговор. Не сакаа да одговараат на прашања за тоа која е нивната цел, што поддржуваат, кој е организатор, ниту  како дознале за организираниот превоз....

Continue reading

pateka

Мирен протест на жителите на ул.Илинденска

Post Views: 1 Жителите на улицата Илинденска во стариот дел на градот денес излегоа на мирен протест. Тие го изразија своето незадоволство од одлуката на Дебарско кичевската епархија, по оградувањето на црквата Св.Софија да се заклучат двете метални порти, со кои просторот на летната сцена која ја користи фестивалот Охридско Лето целосно е непристапен. Жителите на Илинденска се жалат дека вакво нешто за прв пат се случува, односно дека со заклучувањето на овие порти се прекинува врската помеѓу улицата Илинденска и самиот брег на езерото, премин кој според нив постои најмалку 200 години. „Повозрасните...

Continue reading

Протест на граѓани за затворање на депонијата „Буково“

Post Views: 0 Тие се изреволтирани поради тоа што отпадот на депонијата гори, притоа се шири мошне непријатна миризба која не само што е тешко поднослива туку, како што нагласуваат, и опасна по нивното здравје. Нивните барања се задолжително да се преземат активности за затворање на депонијата „Буково“ каде се одлага отпадот од Охрид, Ресен и населените места од регионот, со најава дека ќе го блокираат пристапот до локацијата се додека не се санира односно не биде изгаснат пламенот што го загадува воздухот. Томе Стојчески од ресенското село Крушје вели дека зголемен е и бројот жители...

Continue reading

curiosity

Шеги на сметка на Љубопитниот на Марс

Post Views: 8   Иако слетувањето на Марс е многу важна и голема работа, луѓето ширум светот нашле разни начини овој чин да го исмејат.Шегаџиите ширум светот ги обединиле силите со Фотошоп, па некои повеќе, а некои помалку успешно го исмејале роверот Кјуриозити. Така поставиле Викинзи на Марс – „бидејќи тое биле таму претходно” и организирале протест на Марсовците, со порака „Марс на Марсовците”, тука е и осмиот патник и малиот марсовец Марвин од цртаните филмови. {loadposition content9}

Continue reading

protest

Мирен протест на ученици од Подгорци

Post Views: 5 Протест на учениците од Подгорци. Тие денес пред Основниот суд во Струга се собраа за да ги подржат своите родители. Како ште е познато Државниот просветен инспкторат против 11 родители поднел прекршочна изјава за непочитување на одлуката на Министерството за образование, со која се оспорува правото за учење на албански јазик, која пак одлука Советот на општина Струга ја усвои. Денешниот претрес за овој случај се одложи. Бранителот на родителите на децата Аргент Демири, појасни дека тоа е поради многуте нејаснотии во прекршочната пријава на просветниот инспекторат и...

Continue reading

neuspeshen protest

Неуспешен протест

Post Views: 12 Ништо од протестот на социјалците. Пред зградата на општина Струга, денес едвај двајца до тројца пристигнаа местото каде што требаше да има протест. Корисниците на социјална помош од Струга стравуваат да излезат и да се изборат за своите права, рече пред камерата на ТВМ претседателот на НВО „Хоризонт“ Ивица Младенов. Тој потенцира дека очигледено е влијанието на институциите и огромниот притисок што го прават врз социјално загрозените семејства. Младенов кажа дека социјалците стравуваат да го подигнат својот глас од причина што и онака малата социјална помош ќе им биде...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top