Ознака: протест

(ОБНОВЕНО) Враништани излегуваат на протест по трет пат

Post Views: 26 Едночасовна блокада на патниот правец Струга-Дебар најавуваат враништани на утрешниот протест. Жителите од ова струшко село по трет пат на овој начин сакаат да го свртат вниманието на општинските власти за да ги слушнат нивните барања за подобрување на основните комунали услови за живот, информира Иванчо Милески, претседател на МЗ Враништа. Немаме канализациона мрежа досега, не постои, а во архивот во Скопје постои дека Враништа има канализациона  мрежа. Да се постават цевки и да има приклучување во колекторската станица. Водоводната мрежа е многу стара. Обнова на...

Continue reading

Жителите на Враништа утре повторно на протест

Post Views: 13 Meсната заедница на село Враништа за утре најавува нов протест, преку кој бараат селото да добие нова канализациона и обновување на постоечката водоводна мрежа. Протестот ќе се одржи во периодот од 16:00 до 17:00 часот кај „Шумски мост“. На претходниот протест што се одржа на 15-ти август, мештаните потенцираа дека за овој проблем се обратиле до Општина Струга и Министерството за транспорт и врски, но не добиле никаков одговор. Освен водоводна и канализациона мрежа, тие бараат пешачки и велосипедски патеки и зелени паркови со цел заштита на животната средина и можност...

Continue reading

Откажаните летови на Саутвест Ерлајнс не се поради протест против вакцинација на пилотите

Post Views: 6 Тврдењето дека откажаните летови викендов од страна на авиокомпанијата „Саутвест Ерлајнс“, се поврзани со вакцинацијата на персоналот е невистинито. Станува збор за комбинација од фактори кои довеле до откажувањето, меѓу кои временските непогоди и недостигот на персонал. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека американската авиокомпанија „Southwest Airlines“ почнала да ги откажува летовите, наводно, поради револтот на контролорите на летови кои се побуниле против задолжителна вакцинација. Доста е! Ова е пораката од Саутвест Ерлајнс, американската компанија...

Continue reading

Протест во Враништа

Post Views: 13 Враништани два дена на протести. Жителите бараат водоводна и канализациона мрежа. Велат сами се приморани да градат септички јами, кои се излеваат низ селото и се потенцијална опасност по здравјето на луѓето. Колекторот за отпадни води е изграден на земјиште кое припаѓа на село Враништа, а жителите немаат канализација со децении не се поврзани во колекторскиот систем. И покрај бројните ветувања дадени од страна на властите во текот на сите години граѓаните на Враништа остануваат без канализациона мрежа а што е најтрагино на само 50 преку Црн Дрим се наоѓа колекторот...

Continue reading

Угостителите од Струмица излегуваат на протест

Post Views: 2 Угостителите од Струмица информираат дека едногласно донеле одлука за бојкот изразувајќи незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве. Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме...

Continue reading

Мирен марш во чест на жртвите на пожарот, а не протест против Филипче и Заев

Post Views: 5 Марш за оддавање почит кон загинатите во модуларната болница во Тетово на Фејсбук, преку медиумски напис е претставен невистинито како марш за протест кон Заев и Филипче. Рецензираме објава на Фејсбук во које е споделен медиумски напис со наслов ,,Во живо, голем протест против Заев и Филипче во Тетово”. Во текстот не се споменува ниту премиерот Зоран Заев, ниту министерот во оставка Венко Филипче, туку се најавува мирен марш најавен на социјалните мрежи, организиран од членови на навивачката група „Балисти“. Маршот почнал од плоштадот „Илирија“ а завршил пред тетовската...

Continue reading

Протест на матичните лекари, примаат само итни случаи

Post Views: 4 Приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, денеска го почнаа најавениот протест. Докторите ги отворија своите ординации и во текот на денот нема да примаат пациенти, освен итни случаи. Нема да даваат услуги што се нудат преку „Мој термин“, а пациентите кои не сакаат да почекаат за упати и препишување терапии и закажување тестирања, ги упатуваат во ургентните центри – изјави за МИА претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова. Според...

Continue reading

Фотографија од прославата за светски шампион во фудбал, претставена како протест во Париз против мерките на Макрон

Post Views: 9 Постот свесно манипулира со јавноста доведувајќи ја во заблуда преку лажно претставување на фотографија од прославата во Париз по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018 година против Хрватска. На тој начин намерно дезинформира за протестите кои се одржаа во Париз на 17 јули годинава против мерките на Макрон. Објава на Фејсбук лажно претставува фотографија од прослава во Франција по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018  како протест против мерките за борба против пандемијата кои ги воведе...

Continue reading

Новак Ѓоковиќ шампион на Австралија опен

Post Views: 8 Неколку навивачи се обидоа да втрчаат на теренот на финалето во кои се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, а поради нивниот протест мораше да реагира обезбедувањето а мечот беше прекинат неколку минути. При водство на Ѓоковиќ од 4-3 во вториот сет, неколку лица се обиде да го изрази својот протест кон австралиските власти кои донеле одлука сите азиланти кои стигнуваат на овој континент да ги носат во Папуа Нова Гвинеја. “Australia open for refugees” (Австралија е отворена за бегалци) се наоѓало на нивните маички и на големо знаме кое го развиле на трибините на Род...

Continue reading

Стружани на протест пред институциите

Post Views: 5 Овој протест е наменет за институциите. Од граѓанска иницијатива „Доста“ бараме одговорни институции кои ќе си ја вршат својата работа согласно своите овластувања. Само со одговорни институции, одговорни индивидуи и одговорно однесување може да придонесeме кон решение на проблемот со струшката дива депонија и идно превенирање од вакви слични појави. Поради горенаведеното Ве повикуваме сите во свое име и име на своите идни поколенија на ПРОТЕСТ ЗА ОДГОВОРНОСТ за загадувањето, стои во соопштението на „Доста“ поставено на социјалните мрежи. 15.06. Четврток пред Општина...

Continue reading

Утре повторно протест на стружани за итно и целосно гаснење на запалената депонија

Post Views: 3 Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга, на ден 10.06.2017 со почеток во 11 часот ќе одржи протест со кој ќе продолжи притисокот врз надлежните органи за итно и целосно гаснење на запалената депонија, како и повторување на барањето за наоѓање среднорочно и долгорочно решение и дислокација на депонијата. Од здружението „Доста“ велат дека со овој протест се бара брзо и ефикасно решавање на проблемот.

Continue reading

logo

Протест на новинарите

Post Views: 1 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на печатот денеска ќе организира протест во центарот на Скопје. Протестот ќе започне во 11:30 пред просториите на ЗНМ, по што ќе следи дефиле по улиците до плоштадот Македонија. Целта на протестот е да се крене гласот против лошата состојба на македонското новинарство воопшто, за пресудите, за притисоците, за политичките влијанија, за платите и друго. Македонија во почитувањето на слободата на медиумите се најде на 98 место, меѓу делумно слободните земји, се наведува во извештајот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top