Охриѓани со десетици автобуси и комбиња на протест во Скопје

Десеттици автобуси и комбиња попладнево тргнаа кон Скопје носеќи наши сограѓани на протест. Вечерва во главниот град ќе протестираат и поддржувачите на ГДОМ и од граѓанската платформа Протестирам. Охриѓани кои денеска тргнаа за Скопје не сакаа да откријат што поддржуваат ниту кој ги организирал.

 |   | 

Охриѓани попладнево организирано тргнаа за Скопје. 10 автобуси и десеттина комбиња им беа на располагање паркирани на булевар Туристичка наспроти гимназијата. За вечерва во Скопје се најавени два протести. Еден на неформалното граѓанско движење протестирам и друг во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Никој од нашите согрaѓани кои во голем број заминаа организирано за Скопје не беше расположен за разговор. Не сакаа да одговараат на прашања за тоа која е нивната цел, што поддржуваат, кој е организатор, ниту  како дознале за организираниот превоз. Помеѓу граѓаните беше присутен и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Сашо Василевски кој не сакаше да коментира за тоа чија е организацијата и која е целта на заминувањето на протест во главниот град. Тој не упати одговор да побараме од претседателот на ОК на ВмРО ДПМНЕ. Претседателот, Атанаско Михаилов само кратко кажа дека организиранизацијата не била партиска односно дека тој само помагал да се сместат граѓаните во возилата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top