Неуспешен протест

Паднаа во вода протестите во Струга и Охрид. Денеска по претходна најава за протест, пред социјалците требаше да се обрати претседателот на НВО „Хоризонт“, Ивица Младенов. Но пред општина Струга одекна само сирената за протест без граѓански одзив.

 |  Билјана Николовска  | 
neuspeshen protest
неуспешен протест

neuspeshen protestНишто од протестот на социјалците. Пред зградата на општина Струга, денес едвај двајца до тројца пристигнаа местото каде што требаше да има протест. Корисниците на социјална помош од Струга стравуваат да излезат и да се изборат за своите права, рече пред камерата на ТВМ претседателот на НВО „Хоризонт“ Ивица Младенов. Тој потенцира дека очигледено е влијанието на институциите и огромниот притисок што го прават врз социјално загрозените семејства. Младенов кажа дека социјалците стравуваат да го подигнат својот глас од причина што и онака малата социјална помош ќе им биде ускратена. Но, тој рече дека овој протест е за сите.
Младенов на 3-ти Ноември годинава, пред Владата на РМ најави  генерален штрајк на социјалците од цела држава доколку не се превземе нешто во правец на спроведување на нивните барања  за измена и дополнување на законот за зголемување на социјалната помош. Тој ги отфрли ставовите на поединци дека овој протест има политичка  позадина.
Младенов рече дека во државава веќе постојат изолирани случаи кои заради тоа што го подигнале гласот останале без социјална помош. Додаде дека во таков случај тие помагаат.
Одзивот на протестот на социјалците потфрли и во Охрид. Младенов остана сам да се избори за правата на социјалците кои во државава бројат некаде околу 38 000 корисници по различен основ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top