Ознака: пронајдени

avion

Пронајдени остатоци од исчезнатиот француски авион

Post Views: 3 Екипажот на еден француски товарен брод забележал остатоци на површината на Атлантскиот океан, во подрачјето во кое се претпоставува дека се урнал исчезнатиот авион на Ер Франс. Според бразилските медиуми, остатоците кои ги виделе француските морнари се на истото подрачје близу брегот на Сенегал, во кое пилот на бразилската авиокомпанија ТАМ видел остатоци во пламен од исчезнатиот авион со 228 патници и членови на екипажот. Бразилското воено воздухопловство потврди дека екипажот на ТАМ ги известил за информацијата и оти бразилскиот авион во тој момент се наоѓал во подрачје...

Continue reading

patnici

Пронајдени остатоци од исчезнатиот египетски авион

Post Views: 4 Египетските авиолинии ги потврдија информациите во медиумите дека во близина на грчкиот остров Карпатос се пронајдени остатоци од исчезнатиот лет MS804. Во авионот имало 56 патници и 10 членови на екипажот. „Министерството за цивилната авијација на Египет штотуку добило официјално писмо од Министерството за надворешни работи со потврда дека се пронајдени остатоци од лет MS804 крај островот Карпатос. Egypt Air изразува најискрено сочувство на семејствата и блиските на патниците. Тие веќе беа информирани за откритијата. Во меѓувреме египетските истражители во соработка...

Continue reading

Шпанија: Илјадници луѓе заразени од фекалии пронајдени во флаширана вода

Post Views: 5 Повеќе од 4.000 лица на североистокот од Шпанија се заразиле со норовирус откако испиле флаширана вода заразена со фекалии. Заводот за јавно здравство во Каталонија објави дека 4.146 лица се третирани поради мачнини, повраќања и треска во Барселона и Тарагона откако пиеле контаминирана вода од апарати за ладење на водата. Шест лица биле задржани во болница, јавуваат шпанските медиуми. “Ова е прв пат норовирусот да е пронајден во флаширана вода”, рекол Albert Bosch, професор по микробиологија на Универзитетот во Барселона кој бил задолжен за анализа на контаминираната...

Continue reading

mrezi

Пронајдени и одземени рибарски мрежи и 28 парчиња Охридска белвица

Post Views: 7 На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет рибарски...

Continue reading

Пронајдени нови сознанија за поврзаноста на Михајло Пупин и Охрид

Post Views: 0 Историските архиви кријат многу податоци за поврзаноста на Михајло Пупин и Охрид, вели историчарот Проф. д-р Павле Митерски кој го истражувал животот и делото на Михајло Пупин и е автор на неколку книги за светски познатиот научник. Професорот дошол до нови историски факти за повразностана научникот и некогашен Охрид. Едно од сознанијата е што охриѓани го прогласиле Михајло Пупин за почесен граѓанин на Охрид. Повелбата ја испратил тогашниот градоначалник, охриѓанецот Темко Поповиќ, дипломат и книжевник од крајот на 19 и почетокот на 20 век. „ Одлуката на советот на град...

Continue reading

Две ракети пронајдени во авион во Белград

Post Views: 4 Како што пренесува Пинк а пишува B92, ракети со должина од 1,5 метри биле во просторот за багаж на авионот кој е на редовна линија на Air Serbia Бејрут-Белград. Ракетите биле во сандаци и имале пропратна документација, а во склад со редовната процедура биле истоварени од авионот, но полициските кучиња го намирисале експлозивот. Сандаците веднаш биле обезбедени и отворен е случај, а во тек е проверка на документацијата. Авио-компанијата Air Serbia доцна синоќа соопштила дека тоа е карго пратка која се транспортира понатаму и дека компанијата помага во истрагата во врска...

Continue reading

Непал: пронајдени остатоците од исчезнатиот авион

Post Views: 7 Авионот, двомоторец, од типот “oter” на непалската компанија Tara Air утрово исчезна набрзо по полетувањето од градот Покхар, 125 километри западно од Катманду. За време на летот кој требало да трае 18 минути до градот Јомсом, видливоста била многу лоша. Во авионот имало двајца странци од Кина и Кувајт, а останатите патници се од Непал, меѓу кои имало и две деца. Официјални лица на Непал соопштија дека остатоците на авионот се пронајдени и дека во него се наоѓале 23 лица и дека нема преживеани. “Пронајдени се остатоците од авионот кој потполно изгорел”, изјавил за AFP...

Continue reading

Приведен илегален албански државјанин кој поседувал марихуана

Post Views: 1 На 21.05.2014 година во 22,00 часот во ПС-Струга, приведен е албанскиот државјанин Г.Х.(1996) затоа што кај истиот биле пронајдени 2 најлонски паковки со непозната тревкаста материја. Воедно албанскиот државјанин илегално престојувал во РМ. Истиот е задржан во ПС за понатамошна постапка. {loadposition content9}

Continue reading

Кај 38-годишен охриѓанец пронајдени три кеси марихуана

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено криивчно дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид. При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три кеси со марихуана – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

droga

Двајца стружани вмешани во меѓународен нарко канал

Post Views: 1 Вчера, (07.04.) Министерството за внатрешни работи реализираше уште еден случај на недозволена трговија со дрога при што е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога од Р.Албанија до Р.Македонија, а притоа запленети се 135,5 килограми марихуана и пет килограми хашиш и од слобода се лишени три лица, македонски државјани. Имено вчера во 03,15 часот по претходно поставена заседа од страна на полициски службеници во близина на ГК бр.54/2 во зелениот појас на граничната линија со Р.Грција, во близина на ГП Богородица лишени од слобода се лицата Ѓ.П. (47) и Г.Г. (49), двајцата...

Continue reading

kokain

Пронајден кокаин во дом на стружанец

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Д.О. (58) од Струга, поднесе кривична пријава, по што него одредена му е мерка притвор до 30 дена.    На 22-ри февруари оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 262,75 грама опојна дрога кокаин. Пријавениот Д.О. кокаинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата. Различни количини кокаин пронајдени во пластична...

Continue reading

При претрес врз охриѓанец пронајдени украдени производи

Post Views: 8 На 02.03.2022 година, при извршен преглед врз Г.Л.(38) од Охрид, полициски службеници пронајдоа повеќе производи што тој претходно ги одзел од продажен објект лоциран на булеварот „Македонски просветители” во Охрид. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top