Ознака: пронајдени

муниција за сигнален пиштол

Пронајдени 100 куршуми кај лице од Дебар

Post Views: 26 На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар. При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген” со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Пиштол пронајден кај охриѓанец

Post Views: 11 На 15.03.2022 во 12.25 часот на улицата „Партизански одреди” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг” калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Четворица руски туристи пронајдени мртви во сауна во Албанија

Post Views: 2 Четворица руски туристи се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатото албанско приморско гратче Каваја. Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување. Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот. Околу 22:20 часот во Ќерет, Каваја, во просториите на хотелска сауна, пронајдени се мртви четири лица, две жени и двајца мажи, државјани на Русија. Телата се дадени на обдукција. Истрагата е во тек. За настанот е известена...

Continue reading

Пронајдени 3260 петарди кај 21-годишен охриѓанец

Post Views: 4 На 16.12.2021 година во 11:10 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници го приведоа и лишија од слобода Р.Л. (21) од Охрид. При извршена контрола и преглед на неговото возило „Опел Комбо”, пронајдени и одземени се 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

139 семки од Канабис пронајдени кај стружанец

Post Views: 0 На 09.07.2021 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Струга извршија претрес во домот на К.П.(47) од Струга, заради основано сомнение за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” , предвидено во чл. 215 од Кривичниот законик. -Притоа, при претресот во домот на К.П пронајдени и одземени се 139 семки од растението Канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и други предмети со остатоци од марихуана. К.П. е лишен од слобода, предметите се одземени а по целосно...

Continue reading

Во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми од Втората светска војна

Post Views: 4 На 01.12.2020 во 13.45 часот, во ОВР Струга пријавено е дека при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми различен калибар од Втората светска војна. По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.

Continue reading

Пронајдени две ловни пушки кај 35-годишен охриѓанец

Post Views: 1 На 30-ти јануари 2022 година во 05.45 часот, во СВР Охрид, приведен е 35-годишниот К.Б. од Охрид. При контрола на патнички автомобил „Пежо Партнер” со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршена кај Ново село, општина Дебрца, полициските службеници пронајдоа две ловни пушки, за кои немал соодветна дозвола за поседување. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Тајни британски документи пронајдени на автобуска станица во Англија

Post Views: 1 Човекот кој ги пронашол документите уште во вторникот го контактирал јавниот сервис Би-Би-Си. Околу 50 страници од доверливите документи меѓу нив и имејли и презентациии во Пауер Поинт содржат и детали во врска со руската реакција на поминувањето на бродот на Кралската морнарица во украинските води во минатата среда, за што пишуваа медиумите ширум светот. Оваа информација ја потврди Министерството за одбрана, кое соопшти дека минатата недела е информирано „за инцидентот во рамки на кој еден граѓанин пронашол чувствителни безбедносни документи“. „Министерството многу...

Continue reading

Проштална порака од професорот

Post Views: 0 Заменик директорот на средното училиште Данвон во околината на Сеул, чии ученици загинаа кога потона јужнокорејскиот траект Севол, се убил поради неиздржливото чувство на вина. Тоа го потврдила и прошталната порака пронајдена во неговиот паричник. „Премногу е болно да се преживее сам, додека 200 ученици се исчезнати. Ја превземам целосната одговорност. Јас инсистирав да се оди на екскурзија. Запалете го моето тело и пепелта истурете ја во близина на траектот. Можеби во следниот живот повторно ќе бидам професор на оние чии тела не се пронајдени“, напишал Канг Мин-гју...

Continue reading

4 гранати пронајдени во Охридското езеро кај Пештани

Post Views: 1 На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани се 4 гранати. Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што, се безбедно подигнати за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

banka

Крадците во бегство, возилата пронајдени

Post Views: 2 Групата која изврши спектакуларен вооружен грабеж на банка во центарот на Скопје се уште е бегство, а полицијата пронајде две возила со кои тие управувале, на патот кон граничниот премин Блаце кон Косово. Македонската полиција контактирала и веќе разменува информации со косовската полиција. Во возилата од марката „алфа ромео“ и „голф“, кои се откриени во Стенковец, полицијата пронајде оружје, муниција и бомби, а увидот се уште трае. Овие детали за грабежот што околу 09,30 часот се случи во експозитура на ПроКредит банка, спроти Соборниот храм, попладнево на пресконфереција...

Continue reading

delfini

За само неколку недели, 500 мртви делфини на плажите на Перу

Post Views: 2 Најмалку 500 мртви делфини биле пронајдени на различни плажи на северот на Перу, информира „Асошиејтед Прес“. Причината за смртта сѐ уште е непозната, а обдукцијата е во тек. Перуанскиот поморски институт испратил тим експерти за да откријат зошто делфините се насукале во областите Ламбајек и Пиура на северот на Перу.Во рамки на обдукцијата ќе бидат анализирани белите дробови, бубрезите и црните дробови, а резултатите ќе бидат објавени за две недели. Ова не е првиот таков случај во овој регион. Во 2012 беа откриени остатоци од 870 делфини, а ни тогаш не беше позната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top