За само неколку недели, 500 мртви делфини на плажите на Перу

Најмалку 500 мртви делфини биле пронајдени на различни плажи на северот на Перу, информира „Асошиејтед Прес“.

 |  Голабовски Крсте  | 
delfini
делфини

Најмалку 500 мртви делфини биле пронајдени на различни плажи на северот на Перу, информира „Асошиејтед Прес“.

delfiniПричината за смртта сѐ уште е непозната, а обдукцијата е во тек. Перуанскиот поморски институт испратил тим експерти за да откријат зошто делфините се насукале во областите Ламбајек и Пиура на северот на Перу.
Во рамки на обдукцијата ќе бидат анализирани белите дробови, бубрезите и црните дробови, а резултатите ќе бидат објавени за две недели.

Ова не е првиот таков случај во овој регион. Во 2012 беа откриени остатоци од 870 делфини, а ни тогаш не беше позната причината за нивната смрт.

Како можни причини за масовното гинење и насукување на делфините се истакнуваат биотоксините во морињата, сеизмички тестирања, извлекувањето нафта од морското дно, како и сѐ уште непознати заболувања, пренесува Еј-би-си.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top