Ознака: претставува

avtopat

Удрен камен-темелникот на автопатот Кичево-Охрид

Post Views: 2 Денес беа удрени темелите на новото и модерно автопатско решение Кичево-Охрид. Проект кој што подолго време беше најавуван, а Република Македонија го спроведува во соработка со владата на НР Кина. Претставници на Владата на Република Македонија, министри, пратеници како и градоначалниците на Охрид и Кичево, денес ја имаа можноста да посведочат на моментот на удирање на темелите на автопатот кој според премиерот Никола Груевски, но и според директорот на компанијата која ќе го гради, Сајнохидро корпорејшн лимитед е историски момент. „Денес, 22 Февруари, е голем ден, историски...

Continue reading

svetlin rusev

Врачена Светската награда за хуманизам 2014

Post Views: 2 Во предвечерјето на Водици, на свечена церемонија во куќата на Уранија, градоначлникот на Охрид, Никола Бакрачески ја додели Светската награда за хуманизмот 2014 год. Добитник на престижната награда е истакнатиот бугарски сликар академик Светлин Русев, за сите негови посебни достигнувања во уметноста и хуманизмот. Бакрачески со посебна почит кон добитникот истакна, да се додели награда на човекот чии сликарски дела се ризница за целиот свет е голема чест. „Ми причинува посебна чест и задоволство што сум избран да ја доделам оваа престижна награда на академикот Светлин...

Continue reading

beli mugri

ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот на училиштето

Post Views: 4   Основното училиште „Кочо Рацин“ го прослави својот патронат. Денес во училиштето имаа отворен ден и се одбележаа бројни активности на учениците  поврзани со нивниот патронен празник 22 декември, кога го празнуваат денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин. Посетителите имаа можност од блиску да се запознаат со креативноста на учениците под менторство на нивните наставници. Покажаа со различни  презентации по сите предмети дека вредно учат и работат. Меѓу секциите како што се по историја, физика, хемија и биологија се претставија и јазичарите од...

Continue reading

sdsm

ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации

Post Views: 0 ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации, преку кој во иднина ќе ја информира јавноста за сите партиски активности. Портпаролот Ангел Секулоски на првиот прес се задржа на забелешките кои ги имаат кон актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ на Дебрца, предводено од градоначалникот Игор Трајковски. Според него владеачкиот режим на Трајкоски претставува чин на грубо кршење на основните човекови слободи и права, политичка дискриминација и реваншизам. Како пример за тоа ја наведе состојбата на претседателот на ОО на СДСМ раководен државен службеник во Локалната...

Continue reading

Астрономска цена за квадратен метар за бутик

Post Views: 4 Цената по која ќе го продаде бутикот, италијанскиот индустријалец Carlo De Benedetti, претставува рекорден износ за еден објект кој ќе биде под брендот Chanel. Имено, француската модна куќа Chanel ќе плати 140 милиони евра за бутик на авенијата Монтењ во Париз. Фамилијата Wertheimer, во чиј посед е компанијата Chanel, ќе го превземе овој бутик под свој бренд, со површина од 600 метри квадратни, по рекордна цена од 230.000 евра по квадрат, пишува францускиот Figaro. Авенијата Монтењ претставува една од најдобрите локации за продажба на луксузна роба, така да, како што...

Continue reading

samit

Кандидати од овој регион поблиску до ЕУ само со засилена соработка

Post Views: 3 Министерите за надворешни работи од земјите на Југоисточна Европа денес во Охрид одржаа формален состанок во рамките на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа. Пораката што беше испратена од денешниот состанок е засилена соработка меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати од овој регион. Министерот Никола Попоски кажа дека на состанокот било разговарано за можностите за зајакнување на соработката и за поефикасно искористување на средствата кои се нудат од страна на ЕУ за меѓусебно поврзување. Во овој контекст би констатирал дека Македонија имаше...

Continue reading

filmska revija

Вечер на филмот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 0 Филмска вечер во Охрид. Во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се прикажуваат два документарни филмови и еден краткометражен игран филм. Трите се режирани од младиот македонски режисер, Гоце Димовски. Првиот документарен филм, насловен „Трендафил и кунатка“ е снимен во 2006та година и претставува етнолошки документарен филм, а ја обработува темата пустошот на македонското село. „Бисерот од небото“, вториот документарец всушност претставува портрет на познатиот музичар Јане Ангелевски и е посветен на годишнината од неговото упокојување. Покрај овие два филма,...

Continue reading

avtobus EU

Автобусот на EU пристигна во Велгошти

Post Views: 3 Европа пристигна во Велгошти. Автобус на Европската Унија со претставници на Делегацијата на Унијата, претставници од амбасадите на земјите членки, како и Секретаријатот за европски прашања, денес го посетија Основното училиште „Живко Чиннго“  во Велгошти. Основците од ова училиште со добри предзнаења за тоа што претставува Европската Унија. „ЕУ, е унија на земји членки, Седиштето е во Брисел, брои, 27 членки, создадена е во 1958“, велат учениците. Г-дин. Роберт Лидел, Заменик на Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, кој воедно беше дел од делегацијата која...

Continue reading

Goran i Dragana

Нова пракса

Post Views: 24 Владата одговори на барањата на Центарот за култура, се пофали првиот човек на установата Драгана Боцеска. Таа е задоволна од средства во износ од околу 4 милиони денари, кои Министерството за култура ги одобри за реализација на зацртаните проекти во програмскиот дел и кажа каде ќе се употребат истите. Боцеска додаде дека установата е во првата фаза за реконструкција на кино секторот. „Исто така со големо задоволство ги најавувам и активностите кои шти ни се ветени, техничко осовременување и во кино секторот и секако во театарскиот дел. До денес имавме и проекти кои...

Continue reading

zdruzenie invalidi

Меѓународен ден на инвалидите на трудот

Post Views: 1 Во Охрид одбележан меѓународниот ден на инвалидите на трудот. Претседателот на општинското здружение на инвалиди на трудот од Охрид, Благоја Крстаноски, вели дека како членки на Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Р.Македонија, се приклучуваат кон достојно одбележување на овој ден кој се слави низ цел свет, а кој ден е многу значаен. Крстаноски вели дека до ден денес капитални работи во однос на нивната категорија како инвалиди на трудот, не се решени и посочи од каде најповеќе потекнуваат проблемите. Нашите права и барања во многу сегменти тешко ги остваруваме,...

Continue reading

pero

„Влегување во песната“ добитник на престижната награда „Живко Чинго“

Post Views: 3 Расказот „Влегување во песната“ е овогодинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Оваа награда која се доделува за најдобар расказ, годинава се доделува по петти пат по нејзиното возобновување. Жирито како никогаш досега се соочило со дилемата кој да биде носител на наградата „Живко Чинго“. Од вкупно пријавените 67 раскази, 7 не биле земени во предвид бидејќи биле пријавени со име и презиме, но останатите 60 буквално го изнамачиле жирито поради одличниот квалитет кој го нуделе. Во најтесна конкуренција се нашле расказите „Влегување во песната“, „Чубриниот...

Continue reading

seminar

Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право

Post Views: 0 Некои сметаат дека нашата реалност  е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која го отвори 44-то издание на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура истакна дека „Можеби еден од најзначајните делови на целокупното културно наследство на еден народ, претставува неговиот јазик. Тој е компонента која го детерминира потеклото на народот, неговото минато и неговиот идентитет, без него, идентификацијата во светски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top