Ознака: претседател

sednica

Струшкиот Совет не избра претседател

Post Views: 1 Денес, на првата седница на струшкиот Совет не беше избран претседател на ова законодавно тело. Верификационата комисија ги предложи, Јулијана Зуноска од Сојозот за Струга и Абдула Ќазимоски од ДПА, за кандидати за претседател. Но ништо од тоа, политичките партии по се изгледа не се договорија. Очигледна беше поделеноста на македонскиот и албанскиот политички блок. Од здружената коалиција не го поддржаа Ќазимоски. Од таму се произнесоа дека нема да попуштат и оти цврсто стојат на својот став, претседател на струшкиот совет да биде македонец, заради зачувување на соживотот...

Continue reading

sovet Struga

„Заедно за Струга“ бара претседател на Совет од нивните редови

Post Views: 6 Коалицијата Заедно за Струга излезе со став дека новиот претседател на Советот на општина Струга треба да биде од нивните редови. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски, објасни зошто токму ваква одлука треба да биде донесена на утрешната седница на Советот на општина Струга. „Коалицијата Заедно за Струга на последните локални избори освои најмногу советнички места, 11, и е најголема советничка група во Советот на општина Струга. Од таму легитимно е правото, од таа коалиција да биде и претседателот на Советот на општина Струга. Со освоени над 15...

Continue reading

josip broz tito

Легло на расни кучиња на само неколку метри од училиште во Струга

Post Views: 23 Стружанец одгледува кучиња во непосредна близина на О.У.„Јосип Броз Тито“.  Раководните структури на училиштето реагираат, а воедно упатуваат апел до надлежните институции, до кои биле испратени дописи за состојбата со која се соочуваат и да преземат мерки за безбедноста на учениците. Револтирани се и родителите на децата кои посетуваат настава во ова училиште. Денеска забележавме како голем дел од родителите ги чекаат своите деца, загрижени за нивната безбедност.Пошироката јавност и надлежните институции мора да бидат запознати со проблемот со кој се соочуваме околу...

Continue reading

logo

Антикорупциска ќе каже колку коштаа изборите

Post Views: 4 Aнтикорупциската комисија неделава ќе го објави финалниот извештај за тоа колку пари потрошиле партиите во изборната кампања за предвремените парламентарни избори, како и за претседателските избори. Од Комисијата велат дека повеќето од партиите ги имаат поднесено извештаите, но ќе чекаат до законски предвидениот рок пред да излезат со финалните бројки. – Рокот до кога партиите треба да ги достават извештаите за изборите е еден месец по завршувањето на вториот круг што беше на 27 април. Некои ги доставуваат по пошта, па затоа ќе причекаме. Кандидатите за претседател,...

Continue reading

Сашо Донев, новиот претседател на ОК Вмро Дпмне најави внатрешна консолидација во партијата

Post Views: 3 Новиот претседател на ОК на Вмро Дпмне, Сашо Донев на прес конференција имаше обраќање во кое ги најави приоритетите на раководството на партијата. Довербата која ја добив од партијата за мене е поттик и можност заеднички да работиме, потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност, кажа при тоа Донев. „Членовите и симпатизерите на нашата партија веќе знаат дека заедно го започнавме процесот на внатрешна консолидација и обединување на сите структури. Тоа мора да се почувствува и во месните комитети за да донесе освежување и зајакнување на партиското...

Continue reading

glasanje

„Дупли“ избори во недела

Post Views: 1 Граѓаните во недела ќе одлучуваат на кого ќе му дадат мандат да раководи со државата во следните неколку години на петтите по ред претседателски и третите предвремени парламентарни избори. Коалициите и политичките партии во петок точно до полноќ треба да ги одржат своите завршни митинзи по што во сабота започнува изборниот молк во пресрет на најавените двојни избори кои треба да се одржат на 27 – ми април, а со тоа да заврши и кампањата за избор на претседател и нов пратенички состав. Народните избраници добиваат мандат во Собранието на Република Македонија според...

Continue reading

kandidati

Од вечерва на полноќ започнува предизборниот молк

Post Views: 6   Првиот круг од претседателските избори е в недела (13 април 2014 година).  Четворица кандидати претендираат за претседателската фотеља, Ѓорѓе Иванов, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат подржан од СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА. По 20 дена кампања зад нас, неколку анкети, сега на потег се граѓаните, во недела од 07 до 19 часот сите се рамноправни, зад параванот каде никој не гледа, самостојно граѓаните на Македонија ќе можат да го дадат својот глас за оној кои изминативе три недели...

Continue reading

agrooperativa

Во Струга отворена првата канцеларија на „Агрооператива“

Post Views: 10 Агроператива ќе се залага за едукација на земјоделците и нивно доусовршување. Токму оваа канцеларија ќе бидат алка која ќе ги поврзува земјоделците и министрството за земјоделство.  „Канцеларијата ја отвораме за да им служи на земјоделците  и фармерите за да може овде со нас да ги реализира своите цели“, вели претседателката на „Агрооператива“. „Сите заинтересирани здруженија ќе може да ја користат услугата на оваа канцерија која ќе им биде сервис на сите земјоделци и на сите оние на кои ќе им треба совет, насока, стручна литература организирани и квалитетни земјоделски...

Continue reading

Kolinda Kitarovic

Колинда Грабар Китаровиќ, прва жена претседател на Хрватска

Post Views: 4 Претседателската кандидатка на Хрватската демократска заедница (HDZ), Колинда Грабар Китаровиќ е победничка на претседателските избори во вториот круг и на таа должност ќе го наследи досегашниот шеф на државата и претседателски кандидат на владејачката Социјалдемократска партија (SPD), Иво Јосиповиќ. Претседателот на Државната изборна комисија, Бранко Хрватин доцна ноќта кон понеделникот потврди дека кандидатката на HDZ, Колинда Грабар Китаровиќ води во трката за претседател на Хрватска, пред кандидатот на SPD, Иво Јосиповиќ, но не можеше да прогласи и официјално победа...

Continue reading

Riste Kuskoski

Смена на раководните структури во О.О. на СДСМ од Струга

Post Views: 1 Струшкиот огранок на СДСМ пред две недели доживеа комплетна промена на својата раководна структура. Со одлука на делегатите на Конференцијата на ОО на СДСМ од Струга од 17-ти овој месец, од тројцата најсериозни кандидати кои беа во игра, односно Даме Ложанкоски, Борче Мижимакоски и Ристе Чушкоски, инаку сите активни партиски членови, претседателската функција ја доби Русте Ќушкоски. Тој истакна дека неговиот ангажман во целост ќе биде насочен кон подобрување на животот во Струга како и кон и решавање на наталожените комунални проблеми во овој Град. „ Рак рана е комуналниот...

Continue reading

dame sdsm

Струшките социјалдемократи избираат претседател

Post Views: 4 Струшките социјалдемократи комплетно ќе се подноват. На 17 август ќе се назначи претседател на ОО, а покрај тоа ќе се избираат и органите и телата на партијата,  Извршениот и Надзорниот одбор. Секретарот на партијата Даме Ложанкоски, за ТВМ ги обелодени имињата на тројцата кандидати за претседателската позиција на СДСМ, кои ги добија симпатиите на членството на оваа партиска опција. „Тројца кандидати имавме за кандидати за претседател, значи јас сум Даме Ложанкоски, Ристе Чушкоски и Борче Мижимакоски. Интересот за оваа позиција беше голем, значи имаше околу 14 евидентирани...

Continue reading

gruevski i ahmeti

Вечерва ќе се знае дали ќе има предвремени парламентарни избори

Post Views: 1 Вечерва извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде одлуката на ДУИ во понеделник да побара распуштање на парламентот. Ако и ВМРО-ДПМНЕ се согласи со оваа одлука на нивниот коалициски партнер, тогаш владеачката коалиција лесно ќе го обезбеди потребното мнозинство за самораспуштање на парламентот. Тоа ќе значи дека веќе наредната недела претседателот на Собранието Трајко Вељаноски би можел да ги распише предвремените парламентарни избори. Ова би биле осми по ред парламентарни избори. Ваквото сценарио е актуелно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top