Ознака: прес

pres

Локалната и советот „неодговорни“

Post Views: 0 Низа критики за работењето на локалната, и општинскиот совет денеска беа изнесени од страна на партијата на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ ги изнесе своите ставови за целокупното  работењето на  советот на Општина Охрид. Низа неправилности, измами и пропусти беа посочени како дел од неговото лошо работење во изминатите 8 месеци. „Токму ваквото неправилно функционирање допринесе на Охрид да му се случуваат многубројни непријатности“, велат дел од советниците од редовите на ВМРО. „Неодговорноста кулминираше со односот на градоначалникот кон унесреќените граѓани кои настрадаа...

Continue reading

defile

„Балкански фестивал“ по 48-ми пат во Охрид

Post Views: 0 Од 6ти до 11ти јули во склоп на манифестацијата  ќе настапат гости од Балканот, Европа и Африка. Вообичаечаено, фестивалот не помнува без професионалците на Танец. Гостин на „Балкански Фестивал„ ќе биде  и ансамблот од Тракија. Посетителите нема да останат рамнодушни по настапите на гостите од Србија, Хрватска, Словачка, Полска, Турција, Северен Кипар и Косово.  Фестивалот е со најдолга традиција и е единствен од ваков тип на балканот. Покровител ќе биде  Собранието на Република Македонија. Фестивалот ќе го отвори Претседателот на собранието Господинот  Трајко Вељаноски. ...

Continue reading

logo

Изостана честитката од Нанче до неговиот против кандидат Петрески

Post Views: 9 „Зад нас е уште еден изборен циклус на локалните избори и нема да ја коментирам  одлуката на ДИК до која поднесовме приговори“  истакна Кирил Трендафилов Нанче на денешната прес конфренција. Со изборот на старо новиот грaдоначлник не очекувам промени и генерално овој избор ќе е на штета на Охрид додаде тој. Нанче истакна дека не се  чувствува како губитник на овие локални избори. Кирил Трендафилов упати благодарност до сите граѓани кои го дале својот  глас за него. Тоа за мене  е обврска,  да работам и понатака заедно со Владата за   реализација на  ветените проекти...

Continue reading

logo

Јасна победата на СДСМ

Post Views: 4 „Она што во моментов го прави Трендафилов е само доказ дека се подготвува терен за веќе видено сценарио“, рече кандидатот на СДСМ Александар Петрески, на денешната прес – конференција. Тој додаде дека не постои ниту една единствена издржана причина за било какво прегласување, освен силната лична амбиција на Трендафилов по секоја цена, да стане градоначалник. „На сите им е јасно како ден, кој победи на изборите за градоначалник во Охрид. Тоа им е јасно на граѓаните од Охрид, на цела Македонија, на сите претставници од меѓународната заедница. Тоа им е јасно дури...

Continue reading

logo

Проектите на Нанче добробит за охриѓани

Post Views: 6 Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче денеска имаше завршно обраќање пред медиумите . При тоа рече дека имал чесен пристап во кампањата и дека сега изборот е  на граѓаните. „Зад мене застана интелектуалната сила на Охрид, младите во градот и затоа јас сум убеден дека со мојот избор за градоначалник, иднината на Охрид е чиста и светла“рече Нанче. Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Јованчо Секулоски  уште еднаш  потсети   на работата на Петрески и неговиот тим  во текот на 4 годишниот манадат. „Охрид не смее да си дозволи грдаоначалник...

Continue reading

logo

Како се станува градоначалник

Post Views: 2 Кандидатот за градоначалник Петрески ги потсети  премиерот и неговиот против кандидат како се станува градоначалник. Да не е смешно, навистина е премногу жално кои министри и премиер го водат македонскиот народи не е измислена мерка со која може да се измери дното на глупоста ја  започна  Петрески денешната прес конференција. Пет министри и двајца заменици министри одржаа научна трибина, Зошто на Охрид му треба градоначалник како Кирил Трендафилов истакна Петрески. При тоа тој го потсети  премиерот како се станува градоначалник. Господине Груески „не полициски специјалци,...

Continue reading

logo

Охрид да добие она што заслужува

Post Views: 7 „Кандидатот за градончалник на ВМРО ДПМНЕ е слика без тон. Тонот се пушта од Скопје и тоа само кога нема што да каже премиерот“, рече портпаролот на OО на СДСМ. На денешната пресс конференција се обрати д-р Томислав Тунтев,член на советот на Општина Охрид.Тој рече: „Едно е сигурно, од мене идниот градоначалник нема да има мира. „Картите се отворија, маските паднаа. Во ДПМНЕ во Охрид, нема ниту П од најавената позитивна изборна кампања“, рече портпаролот на ОО на СДСМ, Лидија Апостолоска. „Ај што поразот во првиот круг го прогласија за победа, ај што од централата од...

Continue reading

logo

Врв на хипокризијата на таканаречената Влада

Post Views: 5 Вчерашниот ден беше врвот на хипокризијата на такавиканата Влада на РМ, со овие зборови ја започна денешната прес- конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески. Додека во Струга се случуваше масовна тепачка со крвави последици помеѓу средношколците македонци и албанци, такавиканиот министер за образование и наука цел ден беше во Охрид и постави гинисов рекорд во лажење, рече Петрески. Петрески се осврна и на урбанизацијата. Носењето урбанистички планови е во интерес на граѓаните, а не поради желба на советот, градоначалникот или администрацијата,...

Continue reading

logo

„Охрид без дупки и септички јами“

Post Views: 1 „Некои од проектите директно ќе зависат од општината, а за другите, покапиталните, ќе ни помогне владата на Р Македонија“, рече Трендафилов. „Преку денешново обраќање, на моите сограѓани сакам да им ветам дека за разлика од оваа локална власт која за среќа си заминува, јас ќе ги остварам проектите кои ги имам зацтано“,рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче. „Во соработка со владата на Р Македонија ќе изградиме индустриска зона, за која локалација веќе имаме,ни треба само дозвола. Ќе формираме центар за развој на мало стопанство и подршка...

Continue reading

logo

Од каде се парите и становите на Петрески?

Post Views: 5 „Граѓаните ќе побараат одговор- како Петрески заработил милиони евра и станови во Македонија и Грција“, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Потенцираат дека испитувањето на нивното потекло е задача и на Министерството за внатрешни работи. И денес од ВМРО- ДПМНЕ беа искажани бројни обвинувања кон противкандидатот за градоначалник од СДСМ. Александар Петрески е свесен дека на овие Локални избори граѓаните им рекоа не на транзиционите политичари и богаташи кои во моментов го водат градов, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Задача на Министерството за внатрешни работи е да ги испита сериозните наоди...

Continue reading

logo

Коцката е фрлена

Post Views: 10 „Коцката е фрлена пред нас и враќање назад нема“ рече градоначалничкиот кандидат на ВМРО НП, Томе Гиноски. На последната прес конференција, од ВМРО НП истакнаа дека останале доследни на принципите и во текот на 20 дена го поминале целиот регион на Охрид. „Водевме скромна и решителна промотивна кампања. Коцката е фрлена пред нас и враќање назад нема“ подвлече Томе Гиноски, кандидат за градоначалник  од оваа партија. На овие локaлни избори ВМРО НП излезе со подмладена и квалитетна екипа, потенцираше носителот на советничката  листа број 19, Јоне Станкоски и додаде дека...

Continue reading

logo

Да ги запрегнеме ракавите

Post Views: 5 „Моите стандарди се европски, сакам од Охрид да направиме европски град во соработка со Владата и со претседателот на Република Македонија“ – рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче. ВМРО-ДПМНЕ сака да направи капитални нешта за Охрид , сака да го подигне нивото на честа на Охрид, сака да ја врати духовноста на Охрид. ВМРО-ДПМНЕ го почитува гласот на сограѓаните и им благодари на поддршката. „На Охрид ќе му донесеме позитивен пресврт и конечно развој и работа за јавното добро“- рече Борис Стефаноски, носител на советничката листа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top