Ознака: прес

Водата во Охридското езеро чиста кaко „солза“

Post Views: 1 Нема еколошка катастрофа тврди Атанско Михаилов и ја негира неодамнешната изјава на охридскиот градоначалник. Не е точна изјавата на градоначалникот Петрески дека на езерото му се случи еколошка катастрофа, дека е загадено и преполно со фекали од колекторскиот систем, тврди претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Истакнува дека езерската вода е со извонреден квалитет. Испитувањата покажале дека на сите мерни места водата е од прва категорија, а само на две е од 2 категорија.Со  изјавата за еколошката катастрофа се шокира охридската јавност, македонската...

Continue reading

Проблемите во Охрид имаат едно име: Александар Петрески

Post Views: 1 „Австралискиот бумеранг единствен експонат од 5 годишното трагање по инвестиции за Охрид. Ништо арно не виде Охрид од градоначалникот Петрески. Неговите прес конференции се продолжување на старата добра пракса на деградација на политичката комуникација, зачинета со навреди, бескрупулозни изјави“. Вака денес обвини претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов. Михаилов истакна дека градоначалникот крајно недолично не престанува да излегува во јавноста со лажни тези и ноторни лаги.Михаилов на Петрески му упати уште една сериозна забелешка за неговиот начин на...

Continue reading

Фекалии се влеваат во езерото,колекторот пред колапс

Post Views: 0 Последиците од зголемениот водостој во езерото сеуште не сме ги почувствувале во целост. Се потврдуваат предупредувањата што подолго време ги кажувавме, велат од локалната самоуправа. „ Со зголеменото испуштање на водата од езерото преку Црн Дрим, се направи штета во Струга и во пречистителната станица во Враништа. Шахтите се преполни со излеана вода“ истакна градоначалникот Александар Петрески.Директорот на МЈП Проаква, Бранко Трпчевски информираше дека допрва очекуваат влошување на состојбата поради топењето на снегот карактеристично за овој период од годината. „Зголемениот...

Continue reading

Press

Петрески се врати дома

Post Views: 0 Градоначалникот Александар Петрески пристигна во Oхрид. Денеска одржа прес конференција на која призна дека посетата на Австралија ја прекинал затоа што тоа од него го побарале граѓаните и матичната партија.  Петрески  јавно проговори и за опструкциите кои му ги правел амсадорот на РМ во Австралија, кој неместо да се сретне со него и да му организира средби со бизнисмени, барал градоначалниците на општините да не се среќаваат со првиот човек на Охрид. „И покрај корисноста за општина Охрид, донесов одлука да ја прекинам посетата на Австралија затоа што тоа од мене го...

Continue reading

SDSM

Петрески уште не распакуван, Црвенкоски му ја чекира картата за назад

Post Views: 1 Има ли комуникација помеѓу локалната и ОО на СДСМ која е матична партија на градоначалникот Александар Петрески. Додека портпаролот на локалната Томе Џамтовски тврди дека градоначалникот останува во Австралија, првиот човек на ОО на СДСМ спротивно на тоа вели дека Петрески со првиот авион се враќа назад.   Градоначалниот Александар Петрески ја прекинува посетата на Австралија и се враќа во Охрид. Ова денеска го потврди претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски. „Во споредба со ВМРО ДПМНЕ, СДСМ отсекогаш знаела да разликува битно од небитно, важно од неважно  и секогаш...

Continue reading

vmro-dpmne

Петрески отшета во моментите кога е најпотребен

Post Views: 4 На градот му се случува катастрофа, а охридскиот градоначалник е на прошетка низ Австралија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваат на одговорност и бараат објаснување по кои критериуми ја составил делегацијата со која отпатувал за Австралија.„Градоначалникот на Охрид со својата дружина заминува на одмор две недели во топлата Австралија и тоа во време кога целата влада со сите свои служби  и капацитети  му помага на градот  да ги надмине состојбите со временските неприлики“, обвинува Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Координаторот пак на...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Михаилов : „Оди си од функцијата градоначалнику!“

Post Views: 4 Новиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов официјално  се појави пред новинарите. Првиот човек на  општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во своето  прво обраќање до јавноста упати прашања и  критики на адреса на градоначалникот Александар Петрески, кој утрово со општинска делегација отпатува на две недели за Австралија. Михаилов праша, каква одговорност, морал и чест има градоначалникот да патува кога на градот му се случува катастрофа заради лошите временски неприлики.Прашува,  колку ќе го чини патувањето на Петрески со бизнис – тајфата и дали...

Continue reading

vmro-np

ВМРО-НП ќе предложи нова точка на следната седница на советот

Post Views: 3 ВМРО-НП одржа прес конференција во врска со настанатите состојби поради високото ниво на водата во Охридското езеро и последиците кои ќе прозлезат од ваквата ситуација. Тие предлагаат, водите на реката Сатеска дирекно преку старото корито, да се насочат во реката Црн Дрим. Штетите кои им се направени на граѓаните, претпријатијата и животната средина се огромни. Тие се резултат на лошото менаџирање на ЕЛЕМ со езерото, обвинуваат од ВМРО-НП. Советникот Владо Цветкоски потенцираше дека ваквата состојба не се должи само на тоа што во месец фебруари имаше обилни врнежи...

Continue reading

Petreski

Не бараме помош, нека не остават да си ја вршиме нашата работа

Post Views: 8 Утрово, Градоначалникот на Охрид, свика прес конференција, која доаѓа како резултат на  синоќешните напади во електорнските медиуми упатени од страна на Премиерот Груевски. „Не ја користам елементарната непогода да собирам ситни политички поени, мене поени не ми се потребни“, изјави Александар Петрески.„Воопшто не бараме помош, бараме само да не остават да си ја вршиме нашата работа“, со овие зборови охридскиот градоначалник, Александар Петрески одоговри на синоќешните напади упатени од страна на премиерот. Премиерот Груевски на синоќешната трибина рече дека охридскиот...

Continue reading

SDSM

СДСМ возвраќа на обвинувањата

Post Views: 5 По обвинувањата упатени од пратеникот Александар Николовски во врска со, како што беше речено уништувањето на градот, денеска се огласи и ОО на СДСМ. „Фактите говорат дека комплексот Летница, од кој Николоски сака да направи ТЕМА, е приватен имот истакна претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски. ОО на СДСМ преку прес конференција му одговорија на пратеникот Александар Николоски, во врска со обвинувањата кои тој ги упати кон градоначалникот. „Не знаејки како да ја покријат задужбината на вождот Никола Груески, која осиромашениот македонски народ ќе го чини 200 милиони...

Continue reading

Alcev Sasho

„Комуналец“ работи како што треба

Post Views: 1 „Јавното претпријатие „Комуналец“ не и должи на државата, туку државата му должи на „Комуналец“, реагира првиот човек на претпријатието Сашо Алчев. Оваа реакција доаѓа по соопштението од Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ, во врска со Законот за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија. Донесувањето на Законот за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија не е параван кој ќе го сокрие Вмро Дпмне и ќе ги убеди граѓаните во нивните добри намери, велат од ЈП Охридски Комуналец. Од таму  реагираат на обвинувањата упатени од страна...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Петрески: „Ова е чиста политичка пресметка“

Post Views: 1 Со овие зборови охридскиот градоначалник Александар Петрески и се обрати на централната власт и ја обвини за опструкциите кои таа ги прави. Опструкциите за влез во втората фаза од децентрализацијата, малиот буџет на општината и културата беа само некои од причините за свикувањето на овој прес. На денешната прес конференција Петрески кажа дека односите помеѓу локалната и централната власт не само што не се подобриле, туку тие имаат тренд на надолна линија. Прво тој го истакна намалувањето на средствата од страна на Фондот за патишта. „Ако пред две години добивавме 24...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top