Охрид да добие она што заслужува

„Кандидатот за градончалник на ВМРО ДПМНЕ е слика без тон. Тонот се пушта од Скопје и тоа само кога нема што да каже премиерот“, рече портпаролот на OО на СДСМ.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

„Кандидатот за градончалник на ВМРО ДПМНЕ е слика без тон. Тонот се пушта од Скопје и тоа само кога нема што да каже премиерот“, рече портпаролот на OО на СДСМ.

На денешната пресс конференција се обрати д-р Томислав Тунтев,член на советот на Општина Охрид.Тој рече:

„Едно е сигурно, од мене идниот градоначалник нема да има мира.

„Картите се отворија, маските паднаа. Во ДПМНЕ во Охрид, нема ниту П од најавената позитивна изборна кампања“, рече портпаролот на ОО на СДСМ, Лидија Апостолоска.

„Ај што поразот во првиот круг го прогласија за победа, ај што од централата од ДПМНЕ веднаш пристигнаа високи владини функционери да си го дисциплинираат членството, ај што им воведоа принудна управа во Охридскиот комитет, сега му воведоа принудна управа и на нивниот кандидат за градоначалник“, додаде таа.

Во секоја платена политичка програма на медиумите, премиерот зборува, а кандидатот за градоначалник е тој што му го држи чадорот. Премиерот се промовира а кандидатот само клима со главата. На денешната пресс конференција,  во својство на советник во општинскиот совет, се обрати Томислав Тунтев, доктор по сообраќани науки.

pres„Во наредниот период ќе го вложам сиот мој потенцијал, интелект и искуство во рамките на работата на советот, за остварување и реализација на повеќе проекти за добробит на охриѓани. Од една страна, СДСМ препозна одреден квалитет, потенцијал и вредност во мене, што сака да биде искористен во наредните 4 години за доброто на Охрид. Од друга страна, во изминатиов период, јас препознав одреден квалитет, потенцијал и вредност во локалната власт на СДСМ, предводена од градоначалникот Александар Петрески, што работеше за доброто на Охрид“, рече Тунтев.

Како пасиониран вљубеник во природното, уметничкото и културното наследство на Охрид, видов голема желба и намера кај градоначалникот да го промовира Охрид во светот, како една од најатрактивните туристички дестинации, рече Тунтев. Советникот во новиот градски совет, како единствен претставник од стариот дел на Охрид пред новинарите вети дека крајно ќе се залага за решавање на проблемите од овој атрактивен дел од градов. Ќе направам се да се  довршат сите започнати комунални инфраструктурни инвестициони зафати во стариот дел од градот, да се донесат соодветни, издржани и одржливи детални урбанистички планови за стариот дел. Да се изгради мини плоштад и формирање на кружен тек на сообраќајот на пресекот на улиците кај Горна Порта, чистење, уредување и одржување на шумата на Имарет и решавање на еколошките и хортикултурните проблеми и недостатоци во овој дел од градот. Едно е сигурно, од мене идниот градоначалник ќе нема мира, рече на кракот од своето излагање  д-р Томислав Тунтев, член на советот на Општина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top